Здраво. На 7 април сум породена царски, се си беше супер дури бев во болница, Др рече, раната супер е. Од кога си дојдов дома после 2-3 ден ми се јави оток над раната и почна да ми тече нешто како масно ткиво мислам ми рекоа Др, демек нормално било, се чистела раната. Е сега имам уште оток, не ми тече тоа како масно ткиво шо ми рекоја, ама страв ми е за отокот над рана и плус како вцрвенето ми е и тоа само над едната страна, кај конецот што ми е(само на левата страна имам конец) . Страв ме фаќа да не е случајно некоја инфекција. Да напоменам ми рекоа дека може и од конецот да ми е,2-3 пати одам на лекар и ми велат ставај облоги и со стерилни нараквици да стиснам над рана да ми истечи тоа масното ткиво. Сега веќе неколку дена не ми истекува. Ве молам има ли некоја искуство, веќе страв ме фаќа, се плашам да не се искомплицира нешто!!!
Мислам не е нормално да тече масно ткиво за да зарасне, 3 месеци ми зараснува а ми сњ нема појавено ни оток ни некоја течност од раната. На цимерката моја од соба веќе 3 пати и отекува и се прави модра раната и и тече малце крв, па и рекле може и заборавиле нешто внатре ццц
Ве боли ли раната на промена нљ време? Мене завчера ме болеше толку што морав бруфен да земам. 21 месец помина и иста ми е болката.
Буквално не можам да стојам. Ама некогаш ни кога ке седнам не поминува. На секое менување на време е така. А кога вежбам немам никаков проблем, само на промена на време.
Same. Ја и на гин отидов зашо бев убедена дека имам некој проблем. Не помислив на болка од промена на време. Излезе се е ок, и ќе си боли вака изглеа уште долго...
Јас бев на редовен преглед по 6 м и прашав. Бев и 10тина м по царскиот и истото го прашав. Нормално е и долги години вака да тера.
Јас пак како чешање имам околу резов ,,, кога почнавте да мачкате нешто мајки ? И како непријатен мирис има нормално ли е ?
Вака нормално изгледа немам нешто инфекција ама понекогаш осеќам некој непријатен мирис .. можеби кога се потам а секој ден се мијам
Да не е непријатниот мирис од крварењето? Јас неможам да се поднесам, ми се чини сите го осеќаат мирисот
На 7ми ден после царски бев да ми ги извадат конците, ми го пресекоа само на едно ќоше чворот и тоа беше се. Вчера гледам на средината од резот конецот како жила изваден 2цм, го повлеков ме затега од другата страна на резот.. Што треба да правам? Дали да одам утре да ме прегледаат? Поминати се 26 дена после операцијата.
Колку дена после царскиот крваревте? Јас сум веќе 10ти .. некој ден не ми тече а некој да. Дали е нормално? Раната на почеток на конците малце ми е црвена ја мачкам со бетадин викаат ке се среди
@mamaJana jas bi odela da me vidat. @marija99992 mene mi rekoa do 40 dena se sto iskaca krv vakva onakva e normalno,po 40 dena kontrola kaj ginekologot sto me poragal
Дали некоја што се пораѓаше во Чаир имаше разговор со анестезиолог? Докторот ми спомна на минатата контрола бидејќи ќе идам на закажан царски па ме интересира дали е тоа пракса или..?
Да, вечерта пред пораѓај. И јас бев на закажан царски, те прашува зошто царски, дали примаш некоја терапија, дали си примала анестезија досега, ти ја гледа крвната слика итн
И јас бев на закажан царски,имав и разговор со анестезиолог..изгледа им е пракса.Муабетот беше како претходната членка што напиша
Која е причината за царски,дали сум претходно примала анестезија,дали сум алергична на нешто,дали и каква терапија примам,болест некоја дали имам и онака некои др.прашања поврзани со бременоста и здравјето.