Јас имам убаво искуство во Чаир на хистеро и лапаро, ама ваљда не се истите сестри, овие беа фини. Немав јас некоја потреба од нив, ама доаѓаа да проверат ако треба. А, дали има епидурал за природно и дали над 40 пораѓаат царски? Или ќе си чекам природно и кој др да се погоди на смена, тој ме пораѓа? Фала на инфо, баш сум во мисла и јас. И баш со Младен имав поз искуство и сакав он да ме пораѓа. Имам време, тек сум второ, ама не ми се иде во приватна ако нема причина.
Нема епидурална. Ништо против болки не даваат. Можеби ако фатиш некои јаки врски. Со мене во шок соба лежеше една жена, чинам над 40 беше, но не сум сигурна.
Ти благодарам на споделеното искуство Др. Исмаили ми е на врв на листа ако решам Чаир. Инаку јас секако не очекувам нешто многу, најважно ми е за бебе негата да е добра и фала богу и со резот да е се во ред да не трчам после по сто пати за чистење, средување или не знам што. Едно време знам ја имаше и бактеријата мрса во Чаир, ретко кое бебе не ја фаќаше Со претходните две се породив во приватна, сега финансиите се тие што не ми дозволуваат. Знам дека нема споредба во некои аспекти, ама пак ќе кажам, најважно се да е во ред со бебе и после негата околу него да е добра дали Чаир дали Гак
Да ти кажам право моето беше постојано гладно. Мене не ми надоаѓаше млеко тогаш, а они им даваат млеко само на одредено време. Во меѓувреме јадено нејадено, какано некакано, така си седеа. Постојано плачеше малиот таму, сега кога ќе ми текне, не знаеш колку жал ми паѓа за него. Со бактерија не сум слушнала во скоро време некој да имал проблем, во однос на тоа ок е.
Моја другарка се породи во Санте и кога требаше да ја платат сметката имаа пишано преглед за бебчето кое не му го направиле и се правдале дека настанала грешка(незнам дали е намерно или ненамерно, но тоа е нејзиното искуство). Јас се породив во ГАК царски без договор со доктор/ка. Докторката беше млада др. Софија презимето не и го запомнав. Ептен беше фина и супер ме среди. За персоналот немам нешто позитивно или негативнп да кажам, доаѓаат си ја завршуваат работата( инфузии,инекции) ако прашаш нешто ќе ти одговорат и тоа е тоа. Секој ден се чистеа собите, се у свему океј е. И кај моето бебе и кај бебчето на снаа ми (и она се породи на ГАК) долу на дундичката им се појавија како лишаи буквално, јас после 2м третирање со секакви креми (секако од доктор препишани) успеав да ја исчистам, а снаата уште се бори со тоа, што се не проба и уште има на моменти ќе се појави, на моменти ќе го снема, а беба е веќе 10м. Единствено што мене ми беше одвратно на ГАК беа бубачките во собата, значи како ќе се изгасеа ламбите излегуваа и ги имаше многуууу насекаде лазат
Јас 3 дена лежев на ПИН и не го видов бебчо, кога ме префрлија во соба ми ја донесоа и беше со мене до кај 10 часот ноќта. Мислам дека откако ќе ти го извадат катетерот одма ги носат. Секое сабајле после визита ги носат и со нас се до вечер 10-11h.
На Гак додека не го извадат катетарот бебе нее со тебе. Само го носат на 10 мин да го видиш и толку. Бубачка не видов, чистат цело време, спавачи носат секогап кога ќе побараш е тоа што се како партали тоа е друго. Пред две ипол години беа нови и читави. За царскиот и после тоа сум задоволна. Највеќе од докторот кој живот ми спаси и секое сабајле доаѓаше да ме види. За пред царскиот нема да коментирам.
Да. После царски, една вечер во шок соба. Утредента ме однесоа на одделеное, ми извадија катетер и од тпгаш сп мене беше бебето.
Откако ке ти извадат катетар и ке станеш со тебе е цело време. Го земаат наутро за бањање и го враќаат за многу кратко. Не знам како оди процедура ако прима антибиотик ако ги сончаат итн. Да да дење ноќе.
Пред две ипол години и сега, од 9 до 12 ипол ги зимаа бебињата од кај мајките. Различно секој ден. Дел во 6 утрото дел после визита ги враќаа кај мајките.
Vo Ponedelnikot se porodiv vo 18h, vo Vtornik sabajle vo 8 mi ja donesoa i si ostana so mene, voopsto ne ja zemaa. E Sega preubavo bese, ama i tesko, so katetar, bolki. Jas si ja oblekuvav, i menuvav pampers.