А замисли да се породеше природно колку ќе кукаше ако кукаш од царски олку Јас ете останав трудна со мисла дека можам и царски да се породам. Не се раѓаат природно само бебињата. Или велиш не требаше да раѓам кој неќе природно да си посвои велиш најарно а
Јас си ги имам последиците од тоа, ич да не се секираш. Да можев да го вратам времето, ќе бирав секогаш природно наспроти царски. Ете, години после вториот царски си ги терам последиците, бидејќи моето тело не соработуваше. Не е страв од докторот работава и да се слуша 100%, поентата е дека тој/таа учеле за тоа, а не јас. И тие таму што работат, веројатно знаат повеќе од мене. Порадо би да се пораѓам природно, отколку да го имам она што сега го имам како последици од сечењето. Да ми извиниш, ама ич не си во право, баш дека си медицинско лице, имаш многу погрешно мислење.
Мене со царски ми беше после 3 ден дома кога си појдов прва мисла , ова беше се?! дајте уште утре да родам уште едно
Ќе родиш, не е проблем, само што не може утре, а после втор царски знам жени со сериозни проблеми, ама ај, романтизирајте операција, вие си знаете
И мене природниот пораѓај ми беше полесен. Да, царскиот заврши побрзо но болките после тоа и закрепнувањето беа неспоредливи со природниот. Се чудев зошто некој би бирал по своја волја.
Секое тело е различно, поминав низ прелесен природен пораѓај( за мене, имав пишано за "последиците" по бебето ) и поради тешка анксиозност вториот пат (не страв од болки, ама претерана анксиозност која ме оддели од храната и опсесивни мисли) се решив за царски. Иако попатно имав и ред други здравствени проблеми, најверојатно како последица на прележана Корона во бременост. За жал, никој не го вага, психичкиот фактор. Сите бременоста ја дочекуваат првенствено како физичка промена. Не знам зошто судите, вака било, така било. Секој си одлучува за своето тело и некогаш едноставно така се редат картите. Битен е позитивниот исход, значи здрава мајка и здраво бебе.
Е ама после царски не си баш здрава, обавезно ти останува некоја последица.Значи според мене царски се оди исклучиво ако доктор одлучи дека не може природно или е ризично.
Ти сигурно си медицинско лице? Чудно. Не знам особено во странство кој поддржува операција наспроти природен пораѓај. Мене овде сите до еден ме прашаа зошто царски. И доста со лагите дека за 3 дена си како нов. Оти не си. Да, ќе станеш, ќе одеш, ама тебе ти треба околу месец дена да се вратеш во нормала. Не смееш да кренеш ништо потешко од бебето. Па и околу него треба помош. Се боцкаш со инекции, пиеш аналгетици, а доволно е да кажам дека си сечена на стомакот со 7 резови. Класична операција е царскиот. Последици и комплилации си има, и не се баш толку ретки. Треба да се прави само поради индикации. И редно е да се престане да се идеализира операцијата. Сериозно. Гласно треба да се зборува за истата. Јас имам огромен праг на толеранција на болка, од 20 та година сум со болки во кичма, ама после царски јас знам што истрпев.
Не е за секоја жена вака. Јас сум исто царски. Не дека за 3 дена летав ама ок бев. За недела дена си се вратив во нормала. Моја другарка природно породена не можеше месец дена од кревет да стане. Секој различно поднесува.
Јас до сега не сум видела да се дере некоја после царски од болки, а од природен викаат од болки богами ко живи да горат. Цимерката после 30 сати отворање реши да скрати маките у ја направија царски, вика отворањето и родилните болки се ×10 према заздравување од царски. Ама да не расправаме што боли повеќе и што е подобро. Различни луѓе различни случи, различен праг на толеранција. Многу индивидуално. Муабетот е дека ако ситуација остава простор за избор, треба да се испочитува. Психата е дел од здравјето, трауматизирани мајки и поспородилна депресија многу често се јавува заради неправилен пристап. Џабе го лечиш некој физички ако психата му ја разболуваш. Јас како мед. сестра ќе кажам дека докторите и сестрите не се Господ. Наше е да кажеме што е препорачливо, ама вољата на пациетот е од голема важност. И не знам зошто упорно мешате некои работи. Не во ред докторот на болен од рак да му рече МОРАШ на хемотерапија. На друг МОРАШ на операција. На трудната МОРАШ природно да раѓаш. Не не мораш, ама треба да ги знаеш предностите и последиците, а ние како медицински лица ќе те подржиме вака или онака.
И јас сега за три дена бев на нога. Мислам за разлика од првиот пат, побрзо се кренав, ама да бидеме искрени, освен обврски за бебе, друго баш не можеш да правиш. Мислам можеш ама имаш ризик од компликации со рана, кила и сл. Операција е, и ризик е. И тоа е факт.
Од болница после царски возев до дома. Цимерката до мене стана денот кога си одевме од кревет прв пат, а на ист начин породени. Не треба "да си го мериме" секој е различен, толеранција на болка различна, години различни... и уште многу други фактори кои се пресудни, организмот и сл. Углавном прелесно пројдов и се сама правев потоа дома, додека пак ете сестра ми и требаше повеќе време...
Махери сте за изветување муабети значи. Посвојување дрн мрн. Што толку сте нападни не ми е јасно. Стварно нема сврха веќе да се коментира кое е подобро, кое е поточно и дали сте мајки или не. Секако на крај сите прават како што сакаат. Мојот став е дека природното треба да се фаворизира и дека царски треба да биде одлука на доктор. Но не те осудувам ни тебе ни себе ни никој друг за начинит како се породиле. И од едното и од другото има позитивни и негативни проказни. Сите сме еднакво мајки и дај прекинете со таквите споредби.
Дали се читаш??? Сигурно важиш за сестра од оној тип што седат и пијат кафе додека трудница се мачи на кревет. Не ми се верува што прочитав “ се дереле ко живи да горат”.
Векови наназад жени се пораѓале природно, сега ние ќе извољеваме дека сакаме да бидеме царици. Океј, свесно одете под нож, нека биде ваше право. Ако знам што е најдобро за мене и моето тело, што мајка барам на доктор за било што?! Сама дома ќе се прегледувам, лекувам, сама ќе се пораѓам, оти нели, најдобро јас знам како и што треба. BTW, ако постојат проблеми од типот анксиозност, депресија, психичка лабилност и слично кај пациентките што треба да раѓаат, докторот самиот препорачува цезареа ако не е сигурен во соработката со пациентот. За секој еден зафат е клучна соработката и комуникацијата доктор-пациент.
А зашо да не иде некоја царски ако сака, не сфаќам!? 21 век е. Запознаена со последиците и од царски и од природен и ако има право на абортус јер нејзино тело нејзина одлука, зашо да не може да бира и каков пород сака!? За бебето секако не е штетно. Мора ли како на форум шо мислат така да прајме!?
А шо се карате по форуми и читате мислења? Одете прајте си што сакате. Што ако е 21 век, ајде ако не сите сурогат да земеме пошо нели 21 век е па така ни царски ни природно.
Не како што мислат на форум, туку како што е најдобро за жената, а тоа може стручно лице да го каже. Пак ќе кажам, не е до изборот тука, туку до тоа како е најдобро и со најмалку последици. Ај да си кажам пример од мојата област - идеш на забар, сакаш да ставаш импланти оти ти фалат заби. После сите анализи и испитувања, утврдено е дека тоа за тебе не е решение, оти има ризик фактори и последиците се полоши од бенефитот од истите. Ќе ставаш импланти по секоја цена (пошто нели мое тело мој избор) или ќе слушаш што има да ти каже докторот кај кој си отишла?
И овде ли почнавте зошто некоја сака царски и за болките отпосле. Еве јас да си кажам. Не можев еден месец од природниот пораѓај да се опоравам. Моја познаничка две недели по царскиот беше на свадба кај сестра и и играше, а јас две недели по природниот плачев од болки дома.