Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Ане нема споредба импланти со ова, не зезај. Коа не може да стави- не може.
    Пред се, збориме за жени кои се бремени, значи зрели и свесни вајда за последиците.
    Доктор ко доктор, негде навиваат за царски (знаеш каде) негде за природен.
    Ако сака да раѓа царски сигурно и има причина. Дали е тоа страв, дали е паника, дали мисли нема да успее да напнува.. небитно. Нејзино тело.
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Нема веќе смисла да се натегаме, гледам почнаа и поагресивни да се коментариве.
    Она за што се залагам е ПРАВОТО НА ИЗБОР.
    Психата Е индикација за царски, нека е природно полесно и подобро, за некого едноставно не доаѓа во предвид. Зошто да биде некоја на нешто присилена? Зошто да се туркаат жените во траума?
    Зошто странство психичката спремност е индикација а кај нас не?
    И на крај, зошто сте против избор кој ако не сакате нема да го одберете и крај.
    Правото на природен пораѓај не ви го крати никој, не романтизам царски, само сакам да не биде скратено правото на избор на него.
    Оти ни докторот ни сестрата ќе го родат за тебе, тие само ќе ти помогнат.
    И пробајте да не блуете оган дури пишувате. Бај
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.993
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Баш дум здрава без никакв апоследица... Како бе так аоишувате .. страшно. Да има последици кај многу ама има и од природно последици кај многј жени особено инконтиненции слабост на мускулатурата на карлично дно... Се си има позитивни страни и маани.
     
    На lilyen, Thinkerbell., joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.158
    Пол:
    Женски
    Како бе нема споредба. Па исто е. Што ако за некоја не е опција царски, пример алергична на сите видови анестезии што постојат, ама таа инсистира по секоја цена да се пораѓа царски и никако инаку? Екстремно е знам, ама како пример да доловам.

    @Honny и кај нас психичката спремност е индикација за царски. Кај саглам доктори.
     
    На JuLleE и Yowannty им се допаѓа ова.
  5. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.787
    Пол:
    Женски
    За мене си кажував јас
    После два природни освен малку анемија друго немав и нормално ппд
    А после царскиот плачев првите дена зошто не бев способна сама да се крепам не па бебе да гледам и две други деца
    Ама се поминвело се заборавало :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Како би инсистирала да прими анестезија ако знае дека може да умре од неа? :| Мислам не постојат до толку забегани бе чоек....
    Ама според тоа што и го пиша на членката гледам дека исто размислуваме.
    Мене од такт ме вади присилување на нешто, како на пример знаеме дека жената има проблем со анксиозност и да и рече некој МОРА природно а реална причина ко ете погоре екстремната што ја спомна ти, да нема.
    Зошто ако жена има епилепсија иде директ на царски а ако има анксиозност да се става тоа во сенка?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    А и уште нешто. Пошто и струката и стручноста ми ја доведоа во прашање, а од друга страна викаат докторите и сестрите учеле и знаат еве да објаснам.
    Да, сме учеле, посебно по новите семинари и едукации дека жената ако не е психички спремна да пројде низ породувањето, може да го загрози здравјето и себе и на бебето. И дека психичката благосостојба е клучна за да се изгради здрав однос мајка дете. И затоа се прашува жената што има да каже во врска со породувањето.
    Ама во странство ова, се надевам дека и кај нас ќе дојде за скоро, затоа што е исправно, па бидете вие пак против.
     
    На H.VAGA, joy1 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.787
    Пол:
    Женски
    Овде кај нас можиш само 1000 зборој да изнаслушаш во државно зборувам
    Не па ќе те прашаат во врска со породувањето
    Кој излегол здрав од таму се моли да не се врати пак
    Држава за греота сме ние
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека треба да се има право на избор но секако мора да има и медицинска поткрепа. Ако некој сака царски по секоја цена ќе најде начин кај било да се породи така.
    Да психичка состојба и те како е показател за неспремност за природен пораѓај. Докторите сметам дека треба малку повеќе да ги едуцираат и спремаат трудниците за двата начини. А искрено и сметам дека кај нас малку е излезено од контрола и затоа и толку често се променува. Да не беше така “лесно” да се закаже царски мислам дека многу жени ќе имаа поинаков став кон истиот. Тоа е некое мое мислење што би било кад би било.

    Само сакав да кажам дека царски не значи полесно. Мислам може за некои е полесно ама не значи и за тебе и за мене и за Петка и Станка дека ќе е полесно. Секој ќе кажува примери од тоа што сака и ќе ги слуша само негативните страни на другото.
     
    На Annath, Snowflake92, Honny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно се сложувам со ова.
    Една познаничка раѓаше во Сан Франциско и опциите беа овие:
    *природно на бокс
    * природно во базен со вода.
    *природно со епидурал.
    *царски со целосна анестезија.
    *царски со спинална анестезија.

    Секако, не беше алергична на анестетици, немаше ни причина да оди царски, немаше ни причина да оди природно. Бирај како сакаш така ќе те породиме. Доволно возрасна да знае предности и последици од се и да одлучи за себе.
    И? Помалку ли е мајка? Помалку ли има последици?
    Јас знам само една ствар. Ако сами не си ја чуваме главата, никој нема да ни ја чува.
    Првото морав царски. Сеа второ да раѓам ич не ми е гајле дали според некој можам природно. Толку сум во фрка со анксот што од сега знам дека нема ни да пробам.
     
    На januari19, Snowflake92 и Honny им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И тука е психичката состојба индикација ако се запознати докторите со состојбата на пациентката.
    За првото имав и други физички индикации за царски, ама сега докторката што ќе ме пораѓа уште на почеток рече дека ќе е царски поради паничните напади иако 7 години скоро се поминати од првиот.
     
    На buba4e89, JuLleE, ^Jasmine^ и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Forbidden

    Forbidden Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178
    Ај да ја разбијам вечнава дискусија царски или природно :D

    Веќе 3 месеци сум породена со царски, а последниот месец имав добиено, плус имав крварење 4 пати кое што траеше по ден два, крвава слуз плус малку крв.

    Кога бев на преглед демек се океј, ама страв ми е не ми личи дека е нормално. Ќе барам второ мислење на друго место.
    Некој вакво искуство?
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Може си се дочистувала а може и циклусот ти се средува поради хормоните.
    Ако сакаш побарај второ мислење, ама мислам дека ако имало некој процес 90% ќе бил пропратен со зголемена температура.
     
    На Forbidden му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.587
    Пол:
    Женски
    При природен пораѓај боли раната надворешно. Повторувам надворешно. Ќе те боли и месец дена да не можеш на гз да седнеш ќе помине. Царски те касапат 7 слоја. Надворешниот рез е најмал проблем, макар и од следниот ден маратон да трчаш, не знаеш кога може последици да ти заѕвонат на врата, или како мене тек во следна бременост да ги осетиш.

    Никој не измислил гола вода. Факт е дека природен пораѓај е најдобар избор не само за мајката, туку носи бенефит и за бебето.

    Право на избор не може да има таму каде што сум лаик. Некој учел 10 години за да знае здравствено што е подобар избор за мене. И мојот единствен избор е кого ќе изберам да му ја дадам довербата. Ја завршив правен. Тотален лаик по право не се потпира на својот личен избор како да реши правен проблем за кој не учел и појма нема. Оди кај правник што ќе го советува што е најдобро за него. Едноставно е.

    Психофизичката состојба на мајката не е спорна.
     
    На unearthlysarah, ivance.., Eli23 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски

    Во мојата ситуација никој не ја рачунаше психичката страна. И да, сите доктори( замислете дури и на приватно) ме убедуваа за природно.

    А мојата психичка состојба дојде дотаму што секој ден го минував во агонија, буквално некој екстремен страв од бактерии и страв дека нешто лошо ќе се случи со бебето(ако јадам). Бев свесна дека тоа се некои нерационални и присилни мисли, ама без терапија не можев да ги победам.

    Никој не ми обрна внимание и покрај тоа што ослабев не знам колку килограми, затоа што не јадев доволно последниот месец. Јас мислам дека да се заинтересираше некое стручно лице барем да ми објасни вака или така, ќе беше многу поинаку. И оставена сама на себе, не гледајќи друг излез, се решив за царски.
    А и со сите случувања ако одев природно, сигурна сум дека повторно ќе завршев царски.
     
    На LiliBoz и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  16. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Ти како правник ќе кажеш кои се законските постапки, кои се опциите и последиците. Сепак без дозвола на клиентите нема да делуваш ако не ти дадат одврзани раце. Во ред е да ја почитуваш стручноста на некој и познавањето, ама и тој некој треба во предвид да ги земе твоите чувства. А освен психофизичката состојба што би било друго и причина за царски?
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Како може сите со психички состојби да се, или тоа не се мери на крвна слика па ај психичка состојба имам.
    Тие што се со индикација за царски заради психичка состојба се одреден број на пациенти.
    Тие што имаат анксиозност пред пораѓај, немаат психичка состојба пошто сите луѓе на светов имаат страв пред пораѓај, нормална појава е.
    Од медицински лица кога промовираат операции кај што нема потреба ми се крева коса.
    Па уште странство. Нема грешка.
    Сите имаме најмалку по 10 луѓе што ни се странство и плус милион споделени искуства на форумов, во поразвиени држави во странство секогаш се форсира природното породување, а царскиот се остава само ако има ризик од природниот пораѓај што го надминува ризикот од операција.
    Прво правило во медицина е Не прави штета.
    Ве молам прочитајте која е првата реченица на Хипократовата заклетва.
    Што и да правиш не смееш да направиш поголема штета од тоа што првично било.
    Не смееш да пораѓаш со сечење 7 слоеви под нож ако можело да се помине со епизиотомија.
    Прва помош да учиш за возачка те учат дека да гори колата со човек внатре, прво гледаш да ја обезбедиш средината за тие што не се повредени да останат неповредени, потоа му помагаш на тој што гори.
    Зошто не смееш да правиш дополнителна штета.
    Некој не го научил најпрвото правило на медицина, а е медицинско лице.
    Се сомневам.
    Или ако под странство мислиш на уште позабаталена држава од Македонија, кај што за мито можеш секоја операција да ја добиеш.
     
    На unearthlysarah, Biljarkata, Калатеа и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.587
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. И доктор и адвокат мора прво да ја објасни и претстави ситуацијата и да ги објасни и претстави опциите на постапување во конкретната ситуација, а потоа и да даде лично мислење и гледиште за истата. Затоа реков мојот избор е кому ќе ја дадам довербата да делува како мисли дека е најдобро во мојата ситуација која е надвор од моја експертиза.

    Психофизичката состојба се сложувам, воопшто не е за занемарување. Па и лично осетив.
    Па има причини. Не се отвара грлото на пример, тесна карлица, бебе поставено во лоша позиција, паѓање/губење тонови на бебето, голем обем на глава на бебе, висока диоптрија, определени претходни хируршки зафати, неизлечени инфекции што би се пренеле на бебе по природен пат, многу висок крвен притисок, случаи на обилни крварења итн.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Физички телесни индикации се тоа припаѓа во психофизички(fingers)
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А кој треба да одлучи дали имаш индикација?
    Пациентка или доктор?
    И јас можам да одма на лекар и да речам дај ми антибиотик имам бактерија, ама докторот да ми рече вирус е.
    И кој се слуша тука повеќе?
    Не мешај индикации со желби.
     
    На Annath и JuLleE им се допаѓа ова.