Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Царскиот не може и не смее да биде избор на мајката.
    Од причина што таа не може да одлучи што е побезбедно за неа и бебето.
    Царскиот рез е операција која може да донесе ризик од белодробна емболија,крварење,инфаркт…има и долгорочни последици и можни други компликации поради операцијата и од тие причини секогаш и секаде е втор избор.
    Плус и за бебето е бенефит природно да се роди.
    Затоа и секаде има тенденција да се намали бројот на царски операции,па дури и жени кои прво дете родиле царски сега се инсистира да се проба прво природно доколку има можност за тоа.
    И кај нас е така освен во приватните каде поткупливите доктори ќе направат царски по договор заради пари.
     
    На Misskirova, Mantub, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Ај едно прашање да разбијам монотонија :) Вие што толку лобирате за природен пороѓај сте ги искусиле и двата, па од искуство кажувате? Или само природно сте поминале, па затоа мора за сите природното да биде најдобро?
     
    На januari19 и Didi*** им се допаѓа ова.
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.787
    Пол:
    Женски
    Од искуство кажувам јас за себе :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.159
    Пол:
    Женски
    Јас и двете деца ги родив царски. Не по свој избор, оти мораше така да биде. Првиот пат кога разбрав дека мора царски, ме фати паничен напад затоа што мораше да ме успијат итно. Оти нешто од што најмногу се плашам во животот е анестезија, особено целосна. А не по свој избор така и ме породија. Првиот пат беше полесно, вториот пат оперативниот зафат траеше цели три часа, и одвај се разбудив, а ми останаа последици кои не се баш наивни. Не лобирам за природно оти сум искусила, напротив, оти имам последици, лобирам оти знам дека е подобро, и за мајката и за бебето.
     
    На mal.ecka, JuLleE, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    2.243
    Не знам како може некој да мисли дека сечење на утробата е безазлена операција... Го поминав истиот пат, не успеав природно и морав да раѓам царски, тој пола саат навистина плачев од што ми беше криво и сакав природно, но моето тело не сакаше. После тој шок дека завршив на операција,после сите болки,магично десетиот ден ми прекинаа болките .. За месец дена скроз заборавив дека сум оперирана и се натоварив со ствари од маркет. Лелее...следниот,а и неколкуте денови имав неописливи болки кај резот, си помислив дури готово матката се отворила,хитно трчав на ехо,среќа се беше во ред,ми реагирале стомачните мускули.
    Подоцна,цели 5 години,на секој рутински ехо преглед го слушав гинекологот како ми потенцира дека матката не е баш убаво зарасната,гледа три црни дамки кај резот и дека следна бременост ќе ми биде тешка. И цели пет години ми требаа да се одлучам за второ. Сега додека сум бремена имав среќа да ми е плацентата на заден ѕид и горе,а не врз сеченото. Кое што баш ме боли како што расне матката и при промена на време...
    Сакам да кажам, жени кои се медицински необразовани не би требало да можат да донесат таква одлука. Тоа треба стручно лице да реши, не е воопшто едноставна работа со оглед на последиците,а исто така не може да пркосиме на природниот начина на раѓање кое постои колку што е нашата егзистенција
     
    На Bebetoo, Misskirova, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Не се работи за искуство и лобирање.
    Туку она што се учи на специјализација по гинекологија.
    Царски рез е поризичен начин на породување и за мајката и за бебето,тоа го учел секој гинеколог на земјинава топка.
     
    На unearthlysarah, JuLleE, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Никој не го спори знаењето на докторите.
    И тие што одбрале царски да одат верувам знаеле што се може да се случи.
    Еве пример јас знам, и пак би одела царски.
    Зошто одма епитети се делат, не ми е јасно? (не велам ти дека рече, имаше поназад).
    Мојот избор е тој па кој како сака нека ме нарече, исто ми се фаќа.
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.695
    На единствениот начин креиран од природата, за донесување нов живот на свет, кој постои откако постојат цицачи на планетава му требало лобирање?:o :D
    Кој дава пари за тоа, одма да се пријавам8-|
     
    На unearthlysarah, JuLleE, Grungie и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.159
    Пол:
    Женски
    Остај, па со толку форсирање царски и тој природен начин ќе го снема. Ќе се репрограмира женското тело.
     
    На mal.ecka, unearthlysarah, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Па ако така гледаме ајде и ин витро да не подржуваме јер не е природно кај цицачите и ризик плус е...
    Мислам...
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Да де, зошто воопшто гинеколозите учеле кога немаат право да одлучат како ќе се пораѓа жената? Ај ако не да ги крстиме шивачи и кројачи, оти за друго немаат право на збор?! Или можеби на исто ниво се со фризери, козметичари итн.. пошо нели, ти си бираш, што има они тебе да ти кажуваат? Или недај боже да одлучат како ќе се одвива породувањето?! Ова му доаѓа како кога одиш на било каква специјалистичка интервенција ти да му сугерираш како ќе се одвива истата и каква ќе биде постапката. Пошо... твое право е бе!!!

    Иначе, при царски жените се најмалку царици :nod: Особено оние кои поминуваат низ операција втор пат. Имам во семејство (сестра ми) па знам. Последиците по мајката се прилично ризични: руптури и пукање на матката, обилно крварење при операција, неможност за затворање на раната, итн... 70% од тие што ги знам а се породени царски имаат забрана за трето дете и поминале исклучително тешко при второто породување. Ама.... што знаат докторите бе?! Јас си сакам царски и точка!!!
    Тврдам дека вакво извољевање го има само кај нас!!!
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    И пак ќе раѓам царски иако те прочитав, ќе извољевам, ќе бидам специјална снегулка и то је то :inlove:
     
    На Didi*** му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.695
    Мислам дека сме оф топик во темава, ама нека не преместат во другата ако не.
    Па да го продлабочам оф топикот:tmi:...
    Баш пред некој ден читав за некоја млада бабица, која за да почне да работи после студии отишла во Саудиска Арабија. Објаснува девојкава колку е поинаков мајндсетот таму, колку се форсира породување на бокс, кое овде се смета за неповолно, колку родилките повеќе бираат договорен царски, и слични, нам познати практики. Ме замисли, што имаме заедничко со Саудиска Арабија, дали можеби страшно доминантниот патријархат има врска со ова, дали money talks...:?:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Ам ко ти дозволуваат „докториве„ раѓај ;) Глеј роди пред да се селиш, оти во странЦтво нема сакаааам царскииии :D Ќе раѓаш природно и оро ќе играш :rofl: Што знаат тие, покрај толку „експерти„ во МК :?:
     
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Па не верувам дека со сила би ме принудиле да раѓам природно со анксиозност и панични напади... така да... :)
    Патем, на претходната страна дадов ПРИМЕР како во истото странЦтво даваат избор.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Да операција е.
    Но сакам да кажам секоја жена е различна. На некого му треба време, некој може се веднаш.
    Јас можев се. Имав среќа. Ама и голема воља, јас не сакам да зависам од други. И да готвам и да подсредам и да исперам и околу бебе да средам и навечер и преку ден го кревав, доев и сл. Секако, маж ми беше тука, но друга ки е поентата.
    Едноставно опоравањето ми беше прелесно.

    Не треба да ги лажеме идните родилки.
    Не е розево, но не е ни црно.
    Се си има своја тежина, но се се надминува, некој полесно, некој не.


    Едит. Да, царски треба да биде избор.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.695
    Да се најдеме на муабет ме цитираше?

    Значи сите живееме во општество, речиси сите идеи кои ги имаме ни се некако импутирани. Овде немам сретнато ниедна со идеја ,,ќе изберам како сакам да родам,, ама затоа пред да родам, другарка од мк ме убедуваше, да сум родела како царица, да не сум се глупирала да раѓам природно...Значи јас, со гинеколог овде, кој ми ја следи состојбата и индикациите, кој треба да ми влее доверба дека се ќе биде во ред, во било кое сценарио- треба да бирам, оти негде е општествено импутирана идејата , царски било песма лета. Збори ми за поддржување:)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од подржување.
    Јасно се гледа до каде сме стигнале :)
    Среќа па мислењата од овде воопшто не се битни.
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Вие не сте свесни што значи панични напади комбинирани со контракции, со анксиозност до плафон па и срање од тим кој пораѓа...
     
    На Saf, buba4e89, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Ќе се пораѓам кај доктор кој е познат по одлични и успешни царски породувања. Самиот доктор ми кажа дека не сака воопшто да ги извршува.
    Како може да биде избор нештото кога не е природно создадено, туку се извршува од страна на тим доктори според одредени индикации. Избор треба да биде, породување во када, во домашни услови со бабици, во болница итн.
    Не треба да се потценува анестезијата. Со општа анестезија исто како да си со една нога во другиот свет.
    Јас имам страшна фобија од царски. Секој пат ќе бирам природно ако тоа е возможно за мојата ситуација. Не е дека би се чувствувала како поголема и подобра мајка, туку попрво би трпела огромни болки, него напади на страв од анестезија.
    Сепак најдобро е да се има доверба во избраниот доктор. Тој учел, работи, знае што е најпаметно и најдобро решение. Мое тело, мој избор воопшто не треба да се аплицира кога се работи за анестезија и отварање на утроба.