Дај луѓе смирете страсти Нека си остане темата за прашања поврзани со царскиот, не да судиме и досудуваме. Факт е дека царскиот е операција, и тоа голема и сериозна операција, и не е толку наивна одлука. А штом некој се решил да ги прифати ризиците и свесно да се одлучи за тоа, let it be!( Што ви менува вас или мене ако Трајанка се решила за царски?) Сепак сметам дека треба да биде оставена како опција за избор. Да природата ни дала еден начин на раѓање, а медицината нашла уште еден. И тој не произлегол туку-така, туку од потребата да се спасат повеќе животи и да се олесни СЕКАДЕ каде има потреба, независно дали од физички или психички причини( не поддржувам само онаму каде сакале да биде во тој и тој хороскопски знак, пример). А од друга страна и природата не' создава како машки или женски, па сепак има еден куп луѓе кои исто така, поради свој личен избор решаваат да поминат низ низа сериозни операции да променат пол, а сепак, тие не носат уште еден живот во утробата, кој зависи од нивната благосостојба и спремност да поминат низ најбитниот и најболниот процес на земјата, како што тоа е случај со бремените жени. Peace ✌️
А денеска секоја втора имала бар еднаш панични напади. Туку во Македонија сите сме експерти и дијагностичари за се, тоа ни е проблемот. Самиот факт што во цел развиен свет се оди на тоа царскиот да се задржи испод 30%, и тој развиен свет секогаш прво трга од благосостојбата на мајката и бебето и што е најдобро за нив, кажува доволно. Ама не, клиникиве и докториве низ Македонија што битно им е евриче плус место она што е подобро за тебе и испуњаваат желби за клучни работи на тотални лаици се боље. Ах беее….
нешто се исмејуваш на паничните напади? очигледно не ти се случило па затоа така... само внимавајте на што се смеете...
Пишете уште некој катастрофален исход од царски, таман ние што сме пред пораѓај да сме спремни на се Мислам мене ми се јасни сите последици и ризици, ама сепак не е убаво да се прочита особено кај тие родилки што мораат да се со царски. Еве овде сите членки последниов месец што се породени со втор царски напишаа дека полесно поминале од првиот. Се надевам така ќе е и кај мене @Alexandrite 90%, ако не и повеќе, од царските пораѓаи сега не се изведуваат со целосна анестезија.
Дај не си преувеличувај жити све. Точно знам што се, затоа и знам дека доктор знае како да реагира. Да немам ќе тропав глупости.
Не е најдобро, најбитно е да се има доверба. И никаква фобија од ништо, јер се поминува. Се да биде добро кај сите трудници, пораѓајот е само момент во споредба со новиот живот кој ќе дојде на свет.
Се дешава веќе. Приметено е еволутивно стеснување на грлото на матката заради премногу царски резови, атрофира грлото. Страшно.
Јас мислам во светот не е толку застапен царскиот како кај нас. Барем роднините што ми се во две европски држави и многу блиска роднина во Австралија немаа можност да бираат. И тоа едната со исклучително тежок природен пораѓај од 30 часа и неколку онесвестувања и пак природно до крај. Втората со поголема возраст и автоимуна болест исто немаше можност да одбере царски. Се тргнува природно па во краен случај и голем ризик по бебето се пораѓаат царски. Ова пред 3-4 години, сега не знам како е.
Да прашам нешто ако може, ние што сме биле доброволно на царски и сме задоволни и пак би одбрале, не смееме да кажеме, да споделиме? Треба да лажеме дека беше хорор и никад више?! Како што пиша некоја погоре требало да се ширела пропаганда против царски Не смееме позитивно искуство да споделиме дека ќе речете "романтизираме" операција. Не ви се допаѓа, не ви се верува, неприродно ви е, поминавте тешко, имате последици ...јебига фактите се тие , дека има жени што царскиот го преживеавме прелесно. А сега овај муабетов за атрофија на грлото на матката го чекав кај и да е, си реков кога ќе дојде како знак дека овде треба да се исклучам
Неспорно е дека порано се јавуваат мртви клетки на грлото на матката, поголем ризик од канцер... ама ако јас сум прифатила да ризикувам никој нема право да ме нарекува специјална снегулка. Одвратно е. А патем никој не е достоен за тоа. Батали ја темава.
@Honny малку ме опушти со мислењево, зашто јас морам царски да идам, потврдено од 3ца неповрзани гинеколози. Зашто влегувам во темава стварно не знам. Се надевам дека се' ќе си биде во ред и ќе пројдеме добро со бебуш.
Јас веднаш станав и дефинитивно со секое станување полесно ми беше . Пошто сите ми велеа "колку тешко било првото станување" очекував премногу болка а осетив само како влечење надолу и ништо друго. Со лесно.
И јас сум специјална снегулка, не се секирај. Ако ти е одвратно, не читај. Јас знам дека има луѓе со различни психички состојби. И знам со што се соочуваат тие. Ама да се злоупотребува за да се бира свесно ризична операција, со тоа не се сложувам.
Ич да си немаш гајле и јас бев пред пораѓај кога овде ми пишуваа 300 црни сценарија. Не е прв пат ова е вечна дебата, овде има жени без осет, негативна енергија еден тон, тие знаат најдобаро како ти е на душата и како треба да ти биде. Со среќа и со позитивна мисла и подалеку од вакви полемики, овде гледаш од инает и горчина на душата се ќе пишат.
Не се навреди ни таа ни јас. ако некој се осеќа како "нешто" онда негов проблем. Јас специјална не се осеќам. А темава треба да е за подршка на тие што ќе пројдат низ тоа. Ама како што и погоре реков... жена на жена најлошо и мисли...