Каков ви беше првиот циклус после царскиот? Минатата недела крварев, нормално без болки, и тоа траеше неколку дена. Мислев сум добила. Вчера почнав пак да крварам, меѓутоа многу обилно, менувам 3 4 нормални влошки за 1 час отприлика, пропратено со слаби, тапи менструални болки и поостра болка на моменти баш долу, на почеток на цервиксот. Да движам ли накај клиникиве, ќе може ли да се види дали е всушност циклус?
До 3 месеци се средуваат сеуште хормоните. Матката јес да 40 дена се враќа во нормала, сепак треба време се да си дојде на свое. Мое мислење е дека да имаше било каков процес, ќе беше пропратено со висока температура или во најмал рака болки поразлични од менструација. Инаку, од лично свое искуство, јас кога излегов од болница само 2-3 дена имав сокрвица а циклусот ми дојде после 42 дена, малку пообилен од претходно и то је то.
Жени некако денес раната ми е како подебелка и ме чеша треба дс одам на вадење конци неделва дали ова е нормални или јас правам филмови
Колку време крваревте после царски? Кај мене не е некое силно крварењеџ како бледо розови траги, а закажана сум за среда на контрола. И ретко кога имам крварење. Таман мислев престанало, еве го пак. Поминаа 40 дена од операцијата.
Јас скоро 4 недели сум од царскиот. Имав слабо крварење до кај 3тата недела а сега веќе немам ништо. Што е нормално веќе ни јас незнам
Утре сум на прва контрола, на 6 недели по царскиот. Ги поминав сите црни сценарија во глава. И многу ми е страв што ќе ми каже оти уште сум во големи болки. Имал некој комплициран царски и болки долго време а се да било во ред?
Јас само првата недела и толку Еве вторава ја поминав без крварење, дали ќе ме изненади до 40 дена пак ќе видиме
Јас имам уште болки, 3ипол месеци. Ама има шанси да е самиот стомак, дијастазата. Не можам да оценам.
Мајки ве пече ли резот повеќе од едната страна? Класично печење и жежење, посебно кога ќе станам сабајле на прво станување. Ама еве и кога лежев прееска исто ми се деси.
Од страната од кај што подврзале конец повеќе ме болеше мене и до денешен ден по година и пол чуствувам на таа страна тапи болки ако кренам нешто тешко.
Како помина на контрола? И јас бев денес, ехо абдоминално, циторам, докторката ми рече:немаш ништо заборавено внатре, стомачни по 90 дена, супер ти е резот хахах. Валгда тоа најчесто прашувале.
Замисли ме мене, ножици внатре да не имам? Инаку, и мене ме боли едната страна повеќе, кажаа нормално било, и мене ме боли раната ама се трпи. Некогаш пијам парацетамол.
Нормално е зараснува плус од инекциите во систина се стеснува матката не се грижи како нова ќе си за ден два
Во Систина кај Др. Трајкова и Др. Панчевски. Стварно сум задоволна од тоа како поминав, уште вечерта станав. Раната ми ја гледаат ем докторката, ем на визита и сите викаат дека е супер, ама ете јас така ја осеќам па да си прашам. Иначе мислам дека и Др. Баџаков пораѓа, мислам дека кај него имаше интервенција, па земи си го и него како опција.
Јас бев вчера кај Ана Данева на Гак,ме прегледа детално и убав впечаток ми остави, следната недела ке одам кај Димчев прво па кај неа,па ке видам каде ке одлучам да се породам.Таа ми рече да одам за 10 дена да ме види пак и да направи проценка кога да ми закаже царски,ми рече ке ти закажам и јас ке те оперирам.Ми ја проверуваше раната со една друга сонда и ми рече дека ѕидот на матката е истенчен ама дека не е страшно сеуште.Бебето и она го измери помало за една недела.Многу се двоумам помеѓу неа и Димчев.