После колку дена нормално функциониравте после царски Јас брзо се накренав од раната, ама имам мака кога движам се заморвам и како да ме влечи надолу стомакот, како воздух да ми фали, празнина онака осеќам. Дали е ова нормално или да се консултирам со лекар
Мене вториов пат потешко ми беше опоравувањето, се задишував можда цел месец. Првиот пат немав задишување ама тогаш имав отечени нозе едно 2 недели. Полека со движењата на некои им треба повеќе време да закрепнат и тоа е сосема ок. До 40 дена и се крвари и општо телото се опоравува. Иако може да се осеќаш силна не се форсирај. Убаво е да се движиш ама и со тоа не се форсирај по 20тина е сосема доволно.
Здраво, минатата недела се породив со царски. Првите два, три дена стомакот ми беше прилично спласнат и од четвртиот ден многу ми се подува, еве подуен ми е веќе неколку дена, изгледам како кога бев 5ти месец. Дали е ова нормално и после колку време ви спласна. Најмногу ме буни тоа што првично ми беше многу поспласнат.
Девојки некое чаре против главоболка после царски? Породена сум пред 5 дена. Денеска е неподнослива главоболката. Неможам да мислам , ми пулсира во мозок. Некој лек безбеден? да напоменам дека дојам. Пијам парацетамол ама не поминува. Со првиот царски немав ваква главоболка.. @Cvetce_ мислам ти пишуваше за главоболка, како си ? Ти помина ли ? Што пиеше ?
Кафетин, кока кола, кафе и многу течности посебно вода. Мене 7/8 дена ме држеше. И затнати ушите ми беа. Лежење и то е, ќе се смири.
Да, испив 2 кафиња и кока кола, ибрупрофен и ми се смири. Инаку од парацетамол не поминува. Ама матичната ми рече смеам ибрупрофен. Да кога лежиш не боли, кога ќе станеш неподносливо е.. Ајде се надевам ќе пројде за брзо и кај мене...
Јас тек по 2-2ипол недели се опоравив скроз бев подгрбавена болка ненормална во грб, половина плешки море во цело тело добро мене се ми беше собрано бев и со притисок, тахикардија, млеко ми идеше, рана болеше и бев со локална и спинална анестезија....
@Cvetce_ Еднаш те боцнаа анестезија или двапати? Јас мислам ме болеше зошто двапати ме боцнаа, првиот пат ваљда некој нерв ми погоди бидејќи осетив струење во нога. Досега немав мака ама еве после 2 месеци на моменти кичмава ме боли премногу, дури и да не можам да се свртам нормално
Мислам еднаш, тоа со струјата е нормално кај сите. Јас немам гајле засега од половината, во главно супер помина цел процес и раната и боцкањето ама главата, тие болки нема да ги заборавам никогаш, мислев до бесконечност ќе боли.
Здраво, дали има некој искуство да сподели... Втор царски имав пред 3 недели на едни отт крај кога лежам странично како некој тел да ме боца, ме затега, непријатни чуство е... Рано ли е, ќе пројде ли... Ми е страв да не ми остане засекогаш тоа затегање, како ќе лежам на лево. Инаку конецот ми го извадија пред 1 недела. Ве молам споделете, си правам филм лошо да не сум шиена па секогаш да ме затега???