Петановски е срце човек. Секогаш приступачен и отворен за разговор и комуникација. Како професор е таков а како доктор е сигурно многу подобар.
да, чворчиња се тоа ќе се намали резот нема да е толкав со тек на време како стомакот се повлекува станува помал и бледа линија која едвај се познава ќе е.
Тие што бевте со договорен царски дали имавте преглед со рака? Мислам имам читано дека прегледот може да предизвика отварање па ме фаќа страв ако се прави кај секоја.
Јас имав, но само бидејќи се пожалив на болки како за добивање претходно, па да проверат да не случајно сум почнала да се отварам. Во секој случај прегледот беше неуспешен, зошто јас бев цела згрчена од страв и болка, па мораше со вагинално ехо да ме гледаат Да немав болки, ќе го избегнев прегледот.
Ни мене не немаше потреба, тие секако велеа дека и не треба да се отворам оти бебето со ноџињата ќе се спушти во родилниот канал.
Па мене тоа и ме плаши. Цервиксот ми остана поделен на две и нема можност за природно да се породам. Си реков ако со таков преглед испровоцираат отварање може да е опасно. Барем мене така ми изгледа
Не пуштаат без да се испразниш, и мене чепче ми ставија. Е затоа после дома по една недела видов мака ко да раѓам. Мислам да не претерувам, не знам ни како е природно да раѓаш, ама ми идеше брза помош да викнам. И тоа течности еден куп пиев, лесна храна и се. @Minnie-e два дена пред царски имав преглед со рака, ама не се знаеше уште како ќе се пораѓам. После прегледот ме закажа. Ако нема потреба нема да те прегледаат со рака.
Третиот ден. Ми ставија чепче и се напив вода од коцка за супа. Ми рекоа дека додека не се испразнам нема да си одам дома.
Со чепче уште на болница, нема да те пуштат без да се испразниш. А после дома ми беше страв и да јадам, па почнав само со супи и јогурти за да можам полесно да одам.
Мене само ме прашуваше Др.што ме породи дали почнале да ми кркорат цревата,дали имам гасови и дали сум била во тоалет а од сестри или на визити ни чепче ништо бре сега читам и си викам еј овие во Чаир ко кучиња бре не гледале...но за среќа 4ти ден а од 3ти ден ми кркореа ама силно цревата цимерката ми се исплаши еднаш и си отидов во тоалет течно но после дома маки видов...знам и сега чат пат да ставам глицеринско чепче да се олеснам дали од Хеферолот незнам но мака имам...
Мене во Чаир послем царскиот одма вечерта ме прегледа доктор Бајалски ми вика стомакот како тарабука ти е ми ставиа еден како стап и низ него испуштав гасови.Е сега другиот ден беше маката и мене така ме прашуваше Докторот ни чепче ни бутур ама дојде една сестра и ми вика,АКО Можат од дома да ти донесат суви сливи или компот од сливи.Леле вие незнаете колку ми помогна тоа мм одма спремил дома вечерта во тегла оставил на пултот снаами ги зема ми ги донесе абе какво олеснување мислам господ го видов.
Oдaм oф тoпик извинете. Дa милa oд хеферoлoт ти е. Сaмo штo пoчнaв дa ги пијaм стрaaaaшни хемoрoиди дoбив. Ти препoрaчувaм ферoглoбин.
Третиот ден, и двата пати. Компот од сливи (сокот, не сливите) со малку масло пиј, гадно е, ама одма протерува. Дома кога ќе дојдеш полесна и потечна храна конзумирај, за да не напнуваш многу.
Одма штом ми дадоа двопек, мислам третиот ден е тоа. До 5-ти ден додека бев таму 10 пати бев без проблем. За дома, освен компот од сливи, пробајте и ленено масло. Јас во јогурт ставам по малку, а и салати со тоа правам, вкусно е.