1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цуцла - за или против

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 16 јуни 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Мамички , дали им давате на вашите бебиња цуцла - лажливка или цуцла - шише? Јас не и давам на керка ми ништо такво , и сум против цуцлите - лажливки. Ризик е да добие воспаление на внатрешното уво а и зашто непотребно да шмука напразно , така стомачето би и се полнело со воздух и после ке има болки. Еден ден мораше да излезам рано насабајле од дома па му оставив на маж ми мајчино млеко да и дава со лажиче :D
    Исто така мислам дека е тешко за одвикнување, еве јас сум пиела од шишенце до 3 години. :$ Познавам деца што имаат 3-4 години и уште имаат цуцла лажливка во уста и кога ке видам како ги шмукаат ми се гади. :fubar: Поради овие причини не би и давала ништо вакво на керками , од 6ти месец планирам да ја научам да пие од чашка со клунче наместо шише.
     
    На Dushi0102 и Sanjicka15 им се допаѓа ова.
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Oд 6 месеци :^)
    Блазе си ти ако успееш.
    Според мене многу рано за клунче, а и на шишињата/чашите со клунче баш денес гледав пишува 36 месеци, па се откажав од помислата да купам за мојот 2,4 годишен син.
     
    На stilas7, skenco и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски

    Такви чашки со клунче разгледував во Mothercare , има од 6 месеци тие се со рачки ама за почеток ти ја држиш чашата без рачката па потоа се додава и детето ке може само да ја држи :) Знам дека тешко ке биде ке ја фрла итн ама ке се помачам :)
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Од мене имаш целосна подршка...така квалитетно си се зафркнав со тие цуцли и шишенца :fubar: што ни на крај памет не ми паѓа на второто дете (здравје кога ќе го имам) да му понудам цуцли.
    Цуцлата (лажалка) навистина е ефикасна, знае да го замолчи бебето баш кога треба :lol: , ама па создава зависност, мојата ќерка ја одвикнав на 2 год.
    А за шишето веќе имам пишувано...смрт...до 3 год., едвај се одвикнавме од ноќното пиење млеко, а посебно сок... запчињата и се` расипаа, катастрофа.. :@

    Ако успееш со чашката супер би било, и одлично што млекце сте и давале со лажичка. :clap:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Мојата ќерка никогаш не сакаше да ја прифати цуцлата лажалка,а мене од што ми беше мерак, дека прво бебе, а бебињата секогаш си ги замислував со цуце, како сестричката на Барт Симпсон, едвај чекав да излезам и и купив цуцла како спејс-шатл и ја платив цели 220 денари.
    Залудни беа сите мои обиди, таа постојано ја катапултираше после 2 секунди во нејзината уста.
    Но, не ја доев, немав млеко и таа уште од самиот старт се навикна на флашичка.Тоа трае и до ден денес.Пробав со се живо и диво, не бива.Пиењето млеко пред спиење, без разлика дали е дневно или ноќно, е посебен ритуал за неа.
    Се обидов и со малите шишенца од водата Јана, не бива! Без цуце ништо работа.
    Во текот на денот си пие вода, јогурт, сокче, од чаша, а штом е време за спиење-без флашичка не легнува.
     
    На Dushi0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Hи мојата не сакаше цуцла-лажливка,а јас исто како Gea пробував и така ги замилсував бебињата со цуце :D Oд шише уште пие,1 година и пол има,што мислите уште мала е?
    A коритсаки велат подобро да не ги учип со лажливка,многу тешко се одучувале :^)
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Волфче мислам дека се`уште малечка...можеш да пробаш да го замениш шишенцето со чашка со дупчиња, а ако не ја прифати чашката, не се нервирај и почекај барем уште една година.

    Геа, јас мојава од шишенце ја одвикнав на 3,5 години , купив чашка и почнав полека да и ` објаснувам дека е срамота, дека на бебенце личи....две ноќи имавме проблем, плачеше и се бунеше, ама веќе третата цела ноќ ја преспа и веќе не го побара шишенцето.
    Може заедно да го фрлите шишенцето, да и` дадеш сама да го фрли како демек еве сега си голема, не ти треба шишенце или пак да заедно да го ставите на некое место и да и речеш демек ќе го чувате за братче или сестриче. Пробај, ама треба да бидеш упорна и никако ако фрлите шишенцето да не и` купуваш друго.

    Само да додадам дека мојава во текот на ноќта се будеше секој час да пие сокче. Секоја ноќ ми беше смрт, тероризирање и малтретирање со шишиња, а за спиење ич да не зборувам, цела ноќ дремуцкав и дежурав со шишиња и сокови. :@
     
    На Gea и wolf4e им се допаѓа ова.
  8. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Моето синче има скоро 2 години и до скоро бевме со лажалка , ама успеавме некако да ја откачиме последниот пат кога беше болен.Кај неможе да диши на нос , затнат целиот уште плаче по цуцлата , а од цуцлата се гуши ,затоа решив не му ја давам .Имавме мака 2 ноќи се будеше и плачеше , третот веке не ја побара.
    А за шишињата си имаме мака , пие само од две и строго од нив , и тоа едното за сок и млеко(макар што многу ретко пие млеко скоро ич) ,а другото само за вода.
    Купив триста други шишиња , па и исти ко старите само нови , несака да пие од нив во никој случај . а пак за чашка со клунче да не спомнувам .
    Си се тешам дека е голем па дека ке свати наскоро дека е срамота од шише да пие , па ке пие само од чаша, а и во градинка не даваат да се носат шишиња пијат само од чаша .
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Мушмула олвејс воркс за одвикнување! :D
    Ама почекајте до есен,фуј какано,види,ајт чао,мама нема пари за нова,зошто сака да ти купи играчка.И го носиш во Џамбо и ко награда му го купуваш најубавото у име на триумф во борбата наречена одучување од цуцка! :D
    Полесниот и најнетрауматичниот начин.Ќе речете,шо знае оваа ни блиску до дете е,ама внуците мои така ги одвикнаа!
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Mia истата приказна и кај нас е,само губи шишиња,и завчера купивме нови шишиња со поинаков облик,и и се пиеше млеко и и дадов во новото шише,го зеде и виде дека е ново и автоматски го фрла :@
    и вечерта си реков е мораш да се научиш да пиеш,го зедов истото шише и легнав и 3-4 саати плачеше за млеко,а од шишето не пиеше и кога на крај огладна уште толку и и се соспа,го зеде и без здив пиеше,другиот ден пак-не го сакаше,пак ја оставив без млеко,само со некои оризови грисинки и вода,и почна да плаче,и јас намерно го оставив шишето на плочки,и гладна беше и почна да пие од него,сега денес нема проблем,пие од две различни шишиња,а мојава не ги сака во цулата горе,различни и се |(
    Aј пробај вака како мене и кажи што бидна :D :wasntme:
     
  11. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Испробано ми е и тоа , од што се инаети може и три дена капка вода и сок да не се напие !
    Ајде да се надеваме дека ке ги откачиме побрзо од шишињата , друго чаре нема . :)
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    една моја комшивка има ќерка 4 годишна и неможеше да ја одвикне од цуцлата-лажливка. Еден ден зема малку сенф ја намачка на врвот малку и детево почна да ја бара. Ја стави во уста и кога ја плукна , веке не сакаше да ја види а не па да ја стави во уста :lol: :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.766
    Теоретски - подобро е да не користат, особено лажалки, ама моите беа многу навлечени на лажалки уште од два месеци.
    Двајцата користеа и лажалки, и шишиња. Всушност, млекото пред спиење ќерка ми го пиеше во шише до пет години. И јас самата пиев млеко од шише пред спиење до прво одделение :D
    Не дека е добро, ама не е крај на светот. Малата имаше повеќе од две години кога уште се засркнуваше кога пиеше од чаша. Малиот многу порано се навикна, ама едвај го раздвоив од шишето, до душа со клунче, на три години и неколку месеци.

    Откажувањето од лажалките беше малку потешко, ама решив дека нема да давам - и не давав. Едноставно, ги фрлив, а не се ни сеќавам што ги излажав нив - мислам дека кажав дека некаде сме ги заборавиле. Малата користеше до две години, и ни јас не знам зошто, претходно на крај памет не ми падна да ја откажам. Решив дека нема да и давам, и не и дадов. За да сум сигурна дека никој нема да и даде - ги фрлив сите. Плачеше ноќе, не спиеше, траеше тоа неколку дена, и ги заборави.
    малиот на година ипол го одвикнав, а многу, ама многу беше приврзан за лажалката. Не спише можеби две недели, ама му се собра - освен што му ја скрив лажалката, тој период и сестра му беше на одмор без него - а многу се поврзани, па уште и спиеше сам во соба, тогаш вадеше и заби, и се тоа во ист период.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.659
    Пол:
    Женски
    Стриктно сум против цуцли лажалки, ама кога се мора - мора. Само да не се користат долго време. Додуша, јас пробав на син ми да му тутнам, прво каучукова, после силиконска цуцла (демек, да не не му чини нешто каучуковата) - и двете ги катапултираше уште при првиот обид - па ништо од цуцла сега засега :D
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Пробав да му дадам цуцла на син ми, но одбиваше и шише и цуцла.Си го доев до година и пол, а од чаша почна да пие на 5-6 месеци.
    За ќерка ми друга приказна. Пиеше од шише,си се навикна и ми се одби од цицање.Ја фати и лажалката.
    И после излезе проблем.На две години веќе ги немаше предните горни забчиња.Почнаа да се дробат од млекото ,сокот што го пиеше ,посебно навечер.Се појави циркуларен кариес,и сега на пет години,нема горе заби,само црни дупки.Колку само маки видов по забари.Кога гриза нешто,гриза со катниците.
    И сама се откажа од шише и цуцла на две години,ја болеа забите.
    Така да противник сум на цуцлите,ама ако се мора тогаш давајте.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    А на која возраст почнаве да ги миете забите?
    Син ми пиесе млеко од шише до 2 и пол години ама нема ниту една дамка на забите ама почнавме заби да миеме уште кога му излезе првото запче на некои 6-7 месеци.А навечер после млеко прво заби миеме па после во кревет.
     
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Заби почнавме да миеме кога и пораснаа :) .Пиењето на млеко во текот на ноќта и понекогаш сок,придонесе за кариес на забите.
    И секој организам е приказна сам за себе.Се е индивидуално.Кај некој се појавува кај некој не.
     
  18. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    Да да кај некој одма се расипуваат а некој има трајни заби(што не очекувам од син ми пошто моите се катастрофа) ама јас не му давав ноке млеко,додуша спиеше по цела ноќ од 4-5 месеци па можеби тоа што не пиеше ништо преку нокта поможи да не се расипат.
     
  19. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    јас имам голем проблем,мојата е 2 месеца и нон стоп сака да цица и тоа ме тера да и давам цуцла,ама не ја сака,ни Шише не сака дури повраќа од што и се гади.И што да правам?решение некакво :^)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.659
    Пол:
    Женски
    ^^Ќе и' даваш да цица, што ќе правиш. Сите педијатри така ми велат. Да му давам да цица кога сака и колку сака, макар тоа значело цел ден да ми биде на града. И мојот сака да цица нонстоп, па му давам, друго чаре нема. А секако и го дохранувам бидејќи моето млеко не му е доволно, па ако треба да отидам некаде, адаптираното млеко ме спасува.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.