Честитки Лолитке, многу ми е мило што вакво убаво нешто и се случува на една од моите најомилени форумџики! Нека ти е со лесно бременоста!
Ух првпат гледам овде дека сте ми честитале ви благодарам многу. Лолитке моја, нека ти е честито, ме стопи со ова што дознавам. Чувај се, и љуби.. со лесно нека е целата бременост..
Честитки Љубам мила и до тебе, сега дознавам и за твојата награда, да ти се множат успеси Благодарам на сите за честитките и посебна благодарност до Пирамитка, знае таа зашто, и до Мерлинка и Блонд што ме урочија ....на арно разбира сe , и Anath да не ја заборавам што ме охрабри.
Честитки и од мене Лолита!! Многу ми е мило! Честитки и до Љубам, со желба за многу нови успеси! Колку е прекрасно да прочиташ убави вести на форумов, веднаш ми се пренесува позитивна енергија иако никого лично не познавам!
Најпрво честитки до Љубам за нејзиниот успех. Нека овој успех биде само уште еден во низата кои што ќе следат, и секогаш следи си ги твоите соништа, верувам дека ќе успееш уште повеќе! Честитки и до Лолита. Морам да кажам дека имам страв од тие 2 цртички, но секако претставуваат радост кога си во брак и сл. Со среќа нека ти е, и здравје како што кажа, наредно лето 2012-то, на свет ќе дојде преубаво момченце или кукличка, што и да е, само да биде здраво, живо и среќно.