1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чувствување на силна жештина во пределот на дишните патишта

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од nastasjja, 4 април 2011.

  1. nastasjja

    nastasjja Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Луѓе ве молам пишете ако некој од вас имал сличен проблем. незнам што е и затоа и насловот е таков недефиниран. ова ми се случува веќе два три месеци. првин беше само кога јадев и чувстував во пределот од гркланот па надолу некаде до висина на срцето како храната да ми поминува проследена со многу силна жештина и како да ме гуши и неможам да дишам добро. а последниве денови постојано го чувствувам, не само кога јадам, постојано имам силна жештина и тешко дишам. јас сум родена со срцева мана (дијагноза тетралогија на фалот) но мислам дека ова нема никаква врска со срцето. ве молам ако некој имал слична ситуација да ми пиши.
     
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    чувствување на силна жештина во пределот на дишните патишта

    Зошто не отидеш на лекар да ти направат анализи и така ќе дознаеш што е. Како што кажа ова ти се случува веќе 2-3 месеци што е долг период, не знам што си чекала до сега што не си отишла на лекар, така да што можеш побрзо оди. Се надевам дека не е нешто многу сериозно и дека во скоро време ќе го решиш проблемов.
     
  3. nastasjja

    nastasjja Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    чувствување на силна жештина во пределот на дишните патишта

    денес бев само што проблемот е што имам нов матичен лекар, и таа не ми рече ништо освен дека може ми е сето ова на нервна база и ми даде упат за на кардиологија иако јас сметам дека не е проблемот до тоа туку дека е нешто друго во прашање. а претходно ми се случуваше само еднаш или два пати во месецот и не помислив дека е нешто страшно. не ни обрнав внимание, но оваа недела е многу зачестена таа жештина :(
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    чувствување на силна жештина во пределот на дишните патишта

    Јас мислам дека ова има врска со желудникот.Имаш проблеми со киселината веројатно.Кога е јака се чувствува печење и ко притисок дури стегање под дијафрагмата...Треба да го провериш.
     
    На BubbleBum94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nastasjja

    nastasjja Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    чувствување на силна жештина во пределот на дишните патишта

    julie i jas pomisliv na zeludnikot no tamu nikogas ne sum pocuvstvuvala kiselini, ova e mnogu pogore, kojznae sto e. ke vi pisam koga ke doznaam.
     
  6. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    дури сега ти го видов постот вака имав слчино искуство посебно насабајле.. кога желудникот ми е празен .. не осекам болка во желудникот ниту пак дека ми се јаде ,таа жестина почне од желудникот, се крева на горе па удира во главата, во тој момент поцрвенеам многуууу и за 2,3 минути .. ми пројде нз ни што ни како само знам дека..ми се случуваше кога не бев јадела .. а сум на работа .. рано сабајле.. нз не го задоцнувај доручекот.. пробај така нз :)