1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шизоафективно растројство

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 24 април 2018.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Шизоафективното растројство е мешавина од шизофренија и биполарно растројство.
    Луѓето со шизоафективно пореметување имаат промени во расположението, постојат некои психотични симптоми на шизофренија (халуцинации, и делузии). Пациентот не може повеќе да прави разлика на реалното од нереалното. Симптомите на шизоафективно пореметување може да се разликуваат и се движат од благи до тешки изрази. Симптомите може да се манична депресија и шизофренија.

    Точната причина за ова нарушување не е откриена, сепак клиничарите идентификуваат некои предиспонирачки фактори за развој на оваа психијатриска болест:

    • генетска предиспозиција;
    • психоемоционална состојба - чест стрес и силно искуство можат да предизвикаат развој на оваа болест;
    • хронична депресија;
    • олеми емотивни превирања;
    • незадоволство од личниот живот;
    • употреба на психоактивни супстанции;
    • алкохолизам, зависност од дрога.
    Ја отварам оваа тема бидејќи личност која што ја знам го има ова растројство и би сакала да знам како да постапувам со неа и како да помогнам. Секој совет е добредојден.
     
    На Zivyle и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Прима ли личноста некаква терапија и каква? :) Пожелно е да ја пие редовно и да не прескокнува. Пожелно е да некој внимава на тоа дали пие редовно оти ако прекине, се враќа во првобитната состојба на халуцинации и сл. за многу кратко време. Обично ќе приметиш дека ја прекинала терапијата оти ќе има еуфорија кај неа, хиперактивна ќе е пар денови и потоа ќе почнат халуцинациите и ќе почне полека да се исклучува од реалноста и да не може да разграничи реалност, да не може да се фокусира итн. :) Можда да има и моменти на депресија и да е ап енд даун, нон стоп, фино ќе е да си доста толеранта, да гледаш да немаш многу нервозни испади оти тогаш уште повеќе ќе запаѓа во депресивни епизоди ...се зависи од ситуацијата. Некои почесто ги имаат епизодиве,некои се можда по кооперативни за терапија и слично, некои не се. Не знам каква ни е кај нас ситуацијата со друг тип на терапии освен со лекарства. Не е многу лесна состојба. И не е нешто што поминува. Главен фактор се генетските предиспозиции, ама придонес за да се активира има и второто :) Нема баш многу што да сториш, жал ми е :) не поминува со разговор и утеха, за жал.:hug:
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    @zhap4e :hug:
    До пред некој ден сфативме дека таа го има тоа растројство. Мислевме дека е анксиозност, депресија и панични напади при што ќе и помогнат антидепресиви - така ни кажа невропсихијатар и психолог. Пиеше антидепресиви што воопшто не и помагаа, дури и како да ја влошуваа состојбата.
    Денес ја примија во болница. Што и како понатаму не знам. Страв ми е, бидејќи пред 20 години имала вакви слични епизоди плус и постпородилна депресија, после период во болница и период со лекарства се чувствувала подобро и ги прекинала лекарствата. Тогаш дури и имала обид за самоубиство. Се до пред околу 2 години беше добро, но сега состојбата почна да и се влошува до таа мера што ни е страв дека ќе проба да си направи нешто.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Шизоафекцијата (како и кај сите други психички пореметувања), може да се јави етапно и рапидно.
    Најчесто се манифестацијата се случува постепено со нејасни симптоми во почетокот, кои ескалираат со одминување на времето. Утврдувањето на оваа дијагноза оди потешко од причина што е потребно повеќекратно набљудување од стручно лице за да се воспостави точната дијагноза.
    Комплексно е од причина што за разлика од другите, овде станува збор за мешавина од психотични пореметувања.

    @WarriorAngel Дали сте сигурни дека станува збор за шизоафективно нарушување?
    Бидејќи вообичаено според психијатриската пракса, луѓе над 40-тата година имаат помала тенденција за развој на било каков тип шизофренија. Ова прашувам поради наведувањето дека личноста во минатото страдала од други невротски нарушувања, па претпоставувам дека е жената во поодминати години.
    Во секој случај, доколку сте во можност по нејзиното стабилизирање и напуштање на болницата, побарајте трето и четврто стручно мислење за со сигурност да се востанови дијагнозата. Антипсихотиците кои подоцна ќе и бидат препишани по излегувањето ќе мора да бидат строго контролирани и зимани под надзор. Најчести лекови кои ги даваат се кветиапинот и рисперидонот во болнички услови, ама верувам дека после ќе ги променат или бар ќе ја намалат дозата.

    Впрочем, можете и сами да помогнете со тоа што ќе обрнете внимание дали има симптоми како неповрзани зборови и когнитивна дисфункција. Овие две се првите клучни симптоми кои треба да ви дадат насока при подобар опис кон докторите чија должност понатаму е да го следат развојот на болеста.

    За крај, верувај дека многу луѓе после хоспитализацијата се подобриле и успешно закрепнале, дури постојат и случаеви каде пациентите доживеале само темпорални психотични епизоди кои подоцна не се повторуваат.
    Нема долго да ја задржат во болнички услови, најдоцна за еден или два месеци ќе ја пуштат, а може и многу порано.
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor ситуацијата е мошне комплицирана. Зборувам за личност која имала неколку епизоди во рок од година дена, била дијагностицирана со ова пореметување, примала терапија, си ја откажала сама терапијата бидејќи се чувствувала подобро без неа (ова се случило пред 20 години). Во наредните 20 години буквално нема ништо, и од пред две години започнува со блага депресија, анксиозност и панични напади за кои примаше лекарства, и од пред некој месец прераснува во нешто повеќе. Првиот пат кога и се случило ова т.е пред 22 години оваа личност била 35 години и во голем дел истите работи што ги правела тогаш, истото што го кажувала го кажува и прави и сега со еден исклучок - пред 22 години имала самоубиствени мисли, обид за самоубиство, но сега за среќа уште не е до тој степен. Нема неповрзани зборови. Има периоди на манија (хиперактивност, среќа) и периоди на депресија (страв дека ќе умре, страв од болести, страв дека сите ја лажеме итн.). Има периоди кога вели дека не памти ништо, дека не гледа, а има периоди кога знае дати за се живо и чита и најситни букви. Има периоди кога трча и прави се, има периоди кога вели дека не може да си ги влече нозете.
    Знам дека кај некои луѓе се јавуваат халуцинации и делузии, делузии дефинитивно има, а халуцинации мислам дека нема или не ги открива или ги открива само пред одредени личности, не пред мене.
    Не би сакала да откривам други работи бидејќи за жал ова е моја блиска личност, ама тоа што го прочитав досега за ова пореметување и со разговор со невропсихијатар дојдовме до заклучок дека најверојатно е шизоафективно пореметување. Сепак, доктор ќе разговара со неа, секако ќе разговараме и со повеќе луѓе колку пати и да треба за да успееме да помогнеме.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Промените во расположението се дел од биполарноста, зависно од типизацијата, дали е 1 или 2.
    Бидејќи сега ја има надминато педесеттата година од животот, шансите за прогрес на болеста се зголемуваат, поготово ако не зима медикаментозна терапија. Понекогаш и со терапија ги има илузорните епизоди, така да нема правила. Но, многу е важно да знаеш дали истава дијагноза и била поставена и пред 22 години. Доколку не, која дијагноза била во прашање тогаш, бидејќи анамнезата е многу важна.
    Тие оксилации, кои од манија преминуваат во депресија се карактеристични само за биполарноста, но не и за шизофренијата. Посериозните облици на шизофренија, па дури и шизоафекцијата не овозможуваат флуиден говор, читање и било каква централизирана когнитивна функција. Од таа причина ти велам дека мора добар доктор да и најдете, за да не се случи повторно да биде давана несоодветна терапија.

    Ако е за утеха, имам другар со ова пореметување, прекрасна личност е, многу го сакам и точно знам низ што минуваш во моментов, зошто е многу тешко да се менаџира со ваков проблем, ама не и невозможно. Само добри лекови и психотерапевтски сеанси се клучот.

    Пиши што ќе направите, и со среќа.
     
    На steela.honey, mira.mira, Zivyle и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor истата дијагноза т.е шизоафективно растројство било и пред 20 години, а на периоди и постпородилна депресија. Го читав целиот извештај на докторот (докторите) од пред 20 години, имам и список на лековите кои ги примала. Дали можеби можеш да ми пишеш во лп ако знаеш нешто повеќе за лекови или за психотерапевти? Не сакам само да ја наклукаат со лекови од кои можеби ќе и биде подобро, но можеби и полошо.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Доколку нема никакви халуцинации, тогаш не се работи за шизофренија, туку биполарност. А од прв или втор степен треба да одреди стручно лице, оти многу често се мешаат ваквите растројства, многу слични но сепак различни и затоа треба соодветна терапија.
     
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    2.123
    Јас вака, коа читам за симптоми, можам да си препишам свашта дека имам од ова што го пишувате... Океј, халуцинации немам. Страв ме фати...
     
  10. henry8

    henry8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    22
    Халуцинации не се пресуден симптом за шизофренија/шизоафективност. Има повеќе типови/подтипови на оваа болест кои често се погрешно дијагностицирани. Конкретно за овие состојби само кај специјалист-нервопсихијатар.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheDove

    TheDove Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Мене ми и дијагностицирана пред половина година. Живеам сам и не можев едно време да се грижам за себе. Два пати бев итно на психијатрија и не ме хоспитализираат. Не знам кај да одам повеќе за помош.
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    @TheDove во која болница одиш? Колку години си? Дали примаш терапија?
    Ако сакаш да збориме можеш да ми пишеш.
     
    На TheDove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Дечко не се откажувај ,барај од приватниве психотерапевти ако си во можност помош.
     
    На TheDove му/ѝ се допаѓа ова.