1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шоу на сите времиња (Shou svih vremena) [Алфа тв]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од black-angel, 22 декември 2013.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Секој понеделник во 19:15 ч., реприза во недела во 16:45.

    Алфа телевизија ви го прикажува потполно новиот телевизиски формат на забавно-музичка. „Шоу на сите времиња“ спаѓа во жанрот на носталгични шоу програми и секоја нова епизода ги носи гледачите во разлилчни години од минатото.

    Периодот што го опфаќаат 12-те епизоди од првата сезона на оваа продукција ги опфаќаат годините од 1958 до 1989 година.

    Гледачите уживаат во телевизискиот формат кој врзува играна и музичка програма со забавни игри за гледачите во студиото со кои тие се потсетуваат на својата младост.

    Ова шоу го водат легендарниот Никола Којо и новото телевизиско лице Маша Павловиќ. Во секоја емисија тие се домаќини на познати лица од естрадата и јавниот живот од поранешна Југославија. Шоуто е оригинално и заради тоа што во истите емисии со носталгија, се претставуваат и тие што се родени во тие години, што тогаш го прославиле првиот родеден или тргнале на училиште...

    Посебни ѕвезди на секоја епизода се познатите пејачи кои во тие години имале песна на прво место на тогашните топ листи од „Вардар до Триглав“.

    Во секоја епизода ги следиме и членовите на семејството Петровиќ кои реагираат на сите новитети што ги носеле годините - таткото, мајката и синот и ќерката тинејџери, секој на свој начин.

    извор Алфа тв

    Прееска баш го загледав и ми се виде ептен интересно :)
     
  2. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Шоу на сите времиња (Shou svih vremena ) Алфа тв

    Една епизода имам гледано и тоа на Prva.Баш тогаш Калиопи беше гостинка. Искрено не беше ништо посебно. Со еден збор досадно беше. Таа водителката Маша ли се викаше мислам за украс им стои.Не знам некако не ми остави некој впечаток.
     
  3. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Шоу на сите времиња (Shou svih vremena ) Алфа тв

    Многу ми се допаѓа емисијата бидејќи дава можност да се потсетиме на песни и филмови што некогаш биле многу популарни на овие наши простори и кошто влегле во историјата и за коишто вреди да се зборува за нив! ;) 8) Ми се допаѓа концептот на емисијата,интересен ми е,мислам дека издвоеното време за да се гледа емисијата навистина вреди и затоа ќе продолжам редовно да си ја следам и во иднина за да се информирам за песните и филмовите што некогаш биле многу популарни овде кај нас за да можам да ги симнам од интернет филмовите и песните да си ги гледам на јутјуб бидејќи мислам дека се навистина добри и многу ми се допаѓаат! :* :inlove:
     
  4. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И многу ми се допаѓа тоа што наградите на победниците од квизовите во емисијата одат за хуманитарни цели и се надевам дека ќе има и втора и повеќе наредни сезони на Шоуто на сите времиња како што впрочем и беше ветено на крајот од првата сезона!И би сакала да воведат уште некои интересни новости во шоуто за да биде уште поинтересно и да има уште поголема гледаност! ;) 8) :* :inlove:
     
  5. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Шоуво игра и на РТС телевизија :)