Ме уништи целосно и се чувствувам како срцево да ми го откорна. Тоа ли ти беше поентата? 40 и нешто денови да плачам и да се грижам и да ме боли, а ти да играш на карта дека не си океј? Да не можеш минута да одвоиш за да ми вратиш на порака а дремеш онлајн, да не дигнеш еднаш слушалка? Ова веќе е надвор од граници на нормала и не можам повеќе. Ти губиш, губиш личност која што се ќе направеше за тебе, која што имаше толку многу љубов дури и кога ме буткаше. Ќе ти кажев со среќа нека ти е понатаму, ама не го заслужуваш ни тоа.
Едвај чекам утре да се симнам од авион, да те здогледам тебе, да се стрчам кон тебе, да те гушнам најсилно на свет, да те кренам во раце, и да ти шепнам ,,Тука сум балерино, твој сум,, Зошто волку бавно поминува времето??
Иако се договоривме дека нема на ниедно наредно недоразбирање, на ниту една кавга, да се блокираме јас те блокирав. Ако сакаш да знаеш зошто ете ги причините: 1. Сакам душевен мир 2. Не сакам да гледам како се брукаш и лајкаш wanna be старлети 3. Кога ти можеше да ме блокираш, можам и јас 4. Иако звучи детски, воопшто не е Остани си ти верен лајкач, емотовно недостпен гомнар, што намерно не сака да се потруди, што никогаш не беше задоволен и секогаш бараше причина за кавга. Биди и остани жртва на сопствените грешки. Не ми е криво што ме сметаш за манипуаторка, јас за тебе уште полошо мислам. Не сакам да те видам, не сакам ни да слушнам за тебе. Срам ми е од себе, што сметав дека си поинаков, што мислев ќе се сакаме и ќе се трудиш да успееме. Срам ми е од тебе, психопату еден опседнат со социјални мрежи, сексуално исфрустрирано копиле што уште пати по бившата што немала доверба во него. Научи се да преболиш и порасни си пар ма****, да имаш некоја машка карактеристика. Моментално чувствувам гнев, но после неколку месеци ќе биде рамнодушност. Подалеку од мене, не сакам да се ставам во незгодна ситуација и во живо да ти упатувам погрдни зборови.
Во секое лошо има и нешто добро. Среќна сум што те најдов во тој бурен период. И не, нема да престанам да те прашувам како се вљуби.
Знам дека си силен и ќе го пребродиш ова, но сепак се плашам. Се плашам да не ме оставиш сама, затоа ако не мислиш на себе, мисли барем на мене. Бори се, те молам.
Кажав, осеќам дека ќе ни се сретнат погледите во скоро време. Епа да и тоа се случи, како топла вода да ме обли низ телото, и дојде се поздрави со мене и почна сериозно да разговараш после 2 ипол месеци... Знаеш што премногу сум ти благодарна што така си замина од мојот живот, сега виде колку сум среќна и позитивна, кога ме гледаше ми рече како одново да си ме запознал, за само неколку часа разговор ти сфана дека не сум истата. Фала ти што беше искрен со мене, може сега ќе биде се како што треба..., ама со новата јас.
Нема да те лажам, многу сакав да успееме. Знам дека на некој твој начин, сакаше и ти. Знам дека не мислеше и уште не мислиш дека ќе завршиме. Знам дека претерав многу пати, кажував премногу кога требаше да молчам, а премалку кога требаше да викам. Правев грешки повторно и повторно. Свесна сум за сето тоа. Но, ти не признаваш за ниедна твоја грешка, за ниеден лош збор кажан спрема мене, за ниедна моја солза исплакана заради тебе. Премногу навреди си имаме кажано за да некогаш можеме да имаме здрава врска. Премногу немир во нас, а премалку разбирање еден за друг. Се плашев од ова многу, си велев 4 години се премногу за да заврши тукутака. Имав 17 години кога те запознав, сега имам 21. Не сум веќе дете, морам да пораснам. Се уништив себеси, се изгубив со врскава. Немам мир, немам спокој, немам среќа, немам љубов кон себеси, се немам себе, немам ништо. И се полошо и полошо е. Ништо не се подобрува, ништо не се менува, ниту јас ниту ти. Чувствувам дека мора да заврши, дека никогаш нема да биде подобро, дека ќе биде само полошо. Ме боли многу, но не верувам дека крајот ќе боли повеќе отколку цел живот да го поминам покрај тебе, тоа би било многу многу болно. Знам дека ќе ме побараш, дали утре, дали за 3 дена, дали за недела дена...Знам дека тогаш ќе сакам да се смириме, но се надевам дека овој пат нема да попуштам. Неизбежно е да те оставам, да поминам низ сето ова заради себеси. Мора да бидам силна за потоа конечно да можам вистински да бидам среќна. Со тебе никогаш не бев. Нема ни некогаш да бидам. Премногу сме токсични и комплицирани. Не го сакам ова. Мислев дека те сакам без оглед на се, но не било така. Сакам само да почувствувам душевен мир и среќа. Тоа ми треба, а не ти.
Љубави.... ..да ме удреше ќе ти простев.. ама зборовите не ти ги простувам додека дишам.. Ниту заборавам, ниту простувам.. Вечерва изгуби нешто што никогаш нема да го вратиш назад.. ..изгуби неколку проценти од мене... И знам дека се водиш од она - ако нешто сум изгубил значи не требало ни да го имам..ама..АМА ... никогаш нема да станеш свесен за тоа што го имаш.. затоа што не си свесен ни за тоа што го губиш... ја губиш таа што те сака повеќе и од мајка ти... ама ако.. затоа што тоа е само еднострано..
Ѓубре. Не ми се верува како и зашто уште сум толку зависна од тебе. Ама јас сум крива што си го дозволувам ова.
Лошо е ова што ќе го пишам. Ама вчера си вратив некои филмови и сфатив неколку клучни работи. И сфатив дека не ти посакувам ништо убаво. Да беше сега до мене ќе те пцуев со саати. Ама ќе ми помине нервозава денес, али тоа што ти си говедо ќе остане засекогаш.