1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој ти соопштува дека почнува да се лади?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од AnaMKD, 11 февруари 2013.

  1. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Тоа што вечерва го дочекав после 3 ипол годишна врска ни на сон не ми сонило дека може да се случи.
    Значи во врска сме со дечкото 3 ипол години, прекрасно функционираме, се надополнуваме, сексот е фантастичен, ме разбира и бла бла, може да се каже дека е најблиску до совршеното.
    Е сега, последниве неколку недели, јас осетив дека тој некако е поладен со мене. Инаку пред извесно време почна со работа на едно место каде пренатрупан е со обврски, врзан со рокови и изложен е на доста стрес. До сега, не бил изложен на вакво нешто и некако му доаѓа ова него како нешто ново и баук и малку тешко се справува со стресот на работа, иако нели на многумина тоа им е секојдневие.
    За разлика од него, јас сум научена така во животот, сум работела доста стресни работи, а и во животов мој сум имала доста стресни моменти кои можеби ме натерале да созреам и порано од што треба.
    Изминатава недела тој постојано се дере, вика, не може да ме дослуша што имам да кажам и сл.
    Пред неколку дена отиде на службен семинар и јас му кажав дека 3-4 дена нема воопшто да го замарам ни да му се јавувам, нека си ја олади главата па кога ќе се врати ќе разговараме.
    По враќањето од семинарот седнавме да разговараме, тој најпрвин многу се налутил зашто воопшто не сум му се јавувала, туку тој ми вртел само, зашто сум била отсечна во муабетот. Јас само му одговорив дека тоа беше со цел да размисли што е причината за неговото такво однесување со мене изминатите 2-3 недели.
    Тој како одговор ми даде дека почнал да ја губи страста кон мене и да се оладува од причина што проблемите на работа премногу му влијеле и не бил како мене да знае работата да си ја остави дома, и после 16 часот да се релаксира. Јас такво нешто применував и успешно се справував со стресот кој го имав постојатно на моето работно место.
    Но, болката што јас ја осетив кога тој ми изговори дека ја губи страста и се лади спрема мене, беше како со нож да ме исекол некој право во гради. Се изгубив и незнаев што да мислам. Неможев да си поверувам што слушам од него.
    Тој ме убедува дека сакал да биде искрен со мене и заедно да сме го решеле ова, сметал дека така е попаметно отколку да остави на времето, па на крај скрос да пукнело. Искрено моментално сум во бунило и незнам дали овој одговор му е на место.
    Само знам дека неможам да дојдам при себе, ужасно ме боли, поради фактот што никогаш ама никогаш не очекував да ми каже дека почнува да се лади.
    Искрено, во врскава, секогаш тој бил оној што е позагреан. Како да објаснам незнам. Значи го сакам од се срце, ама најверојатно тој ме сакал повеќе или барем јас така сум чувствувала.
    Сега тој ме убедува дека ме сака повеќе од се, неможел да живее без мене и сл. и дека ова што ми го кажал било за доброто на нашата врска.
    Бара помош од мене како да сме го решеле ова и заеднички да сме го вратиле оној *sparkle* што него му недостасувал.
    Што треба јас во ситуацијава да направам????
    Без зборови сум од една страна и несакам да го изгубам, од друга страна ми се јавува инает дека тоа не е мој проблем, тој е оној кој е возрасен дечко од 25 години што мора да се научи проблемите на работа да не му влијаат на приватниот живот.
    Тој ми вика, ти си посилна од мене, незнам како ти успева се што си преживеала во животов и пак да бидеш успешна. Јас на ова секогаш му одговарам дека сите проблеми само ме направила посилна и посамоуверена и дека ако сама не се борам за себе, само ќе дозволам да потонам.

    Ве молам за мислење, како би постапиле вие???
     
  2. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Навистина ми е жал кога ќе слушнам за врски повеќегодишни кои се на работ на раскинување или раскинале. Поминувало време, младост, моменти и се друго, за еден ден да падне се' во вода.

    Во врска со ова, јас мислам дека прво е грешка тоа што си го оставила 3-4 дена и не си го "замарала", затоа што тука нема простор за замарање. Едноставно ако не се видиш денес сигурно ќе се слушнеш по телефон со него, ќе го прашаш што прави, како е, и обратно.
    Мислам дека во врските партнерот или партнерката се оние кои меѓусебно треба да се смират, ако има проблем да го сослушаш, да му дадеш совет, да го смириш, или пак тој тебе, без разлика за кого станува збор. Затоа е тука зборот поддршка, да се даде кога е потребна. И штом велиш дека најверојатно он е тој што повеќе те сака, бил повеќе заграен за тебе, мислам дека можеби го има сфатено тоа на некој начин, па затоа сакал да биде искрен со тебе и да ти каже што чувствува, за да си го решите проблемот.

    Мој совет е доколку навистина го сакаш, да му дадеш поддршка, да го сослушаш, посоветуваш да се тргне на момент од проблемите кои ги има. Нема тука простор за раскинување, никој од вас во ништо нема згрешено. Ако го сакаш нема да се откажеш од него, ќе гледаш да му го докажеш тоа на поинаков начин. Не сте исти, ако ти си посилна и подобро се справуваш со проблемите, можеби него му е потешко. Верувам дека и тој те сака, затоа и сака да ти каже со отворени карти.

    Проблеми, сите ги имаме, влијаат многу врз нас, затоа и денес никој не може да се опушти, едноставно проблемите не преовладуваат. Но, ако ти си способна полесно да се справиш со тоа, научи го, дај му совет, можеби ќе му помогне. :)
     
    На Umbrella22, AnaMKD и karenin им се допаѓа ова.
  3. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Јас радо би му помогнала и од се срце се би направила за да ја вратиме врската каква што си беше, а и уште подобро да функционираме.
    Збунета сум од причина што до сега се одеше во нагорна линија, со тек на време се повеќе и повеќе го засакував, се повеќе и повеќе ме уверуваше дека е дечко на место.
    Ова ми дојде како шок и се плашам дека се презаситил од мене, не дај боже да не се појавила некоја друга (не дека нешто направил со неа, ама сепак му застанале очите) па сега да не е збунет и да не само си мисли дека ме сака, а уствари сум му станала само навика и со мене е сеуште само во име на тоа што сме го имале.
    Не сакам и не верувам во паузи во врска и несакам да помислувам на такво нешто и не дај боже ако ми предложи пауза, сигурно не би прифатила.
     
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    3.419
    3ипол години се доста голем период. Зар до сега не сте имале такви пролазни кризички?!
    Сметам дека во секоја врска ги има и дека до некаде е нормално. Ама и ете бре, нова работа каде што постојано е под стрес... Се среќава прв пат со вакво нешто и незнае како да се однесува, незнае како да постапи... До некаде го сфаќам, затоа што бев во слична ситуација.

    Прва година на факултет, обврски и од останатите невладини и владини организации во кои членувам...
    Абе главата незнаев каде ми е, сакав само да дојдам дома, да бидам сама со себе, да пуштам буквално мозок на пасење и да спијам, спијам, спијам.

    Нема што да те фаќа инат, убаво од негова страна што бил искрен и ти кажал.
    Не ставил веднаш крај, ти признал за да најдете решение и да биде како што било порано.
    Исто така, мислам дека не треба да се споредувате. Секој од нас е различен, посебна индивидуа со свој карактер, темперамент... Пред се, вие сте ЕДНО и направете се за да идете пак по нагорна линија.

    Доволно сте возрасни, отидете на еден викенд надвор од градов... Маврово, Пониква, па и најобичен на Матка да е. Онака, да се отргне малце и од работа и од средината која го загушува.
    Дајте си време. Бидете вие двајца. Разгали го, направи му вечера, колачот што најмногу го сака, винце, свеќички, музика, измасирај го. Немора на викенд, ова можеш и кај тебе и кај него дома.

    Се надевам дека ти помогнав.
    Ајде, секое добро. :)
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Дај му време на човекот,може му е преку глава од се,и не се нервирај,како е пишано така ке биде.поздра в
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Бре, бре, санки денешно време има работа која не е стресна, не е поврзана со рокови и преполна со обврски. Некој ќе ти дава плата за да си играш игрици и да му го пиеш кафето. |( Јак му е изговорот, нема што. :^) Ништо чудно и на работа да има некоја која му го фатила окцето...семинари, ова она, по хотели, повеќе денови далеку од блиските, мх, мх совршена прилика за швалерација.

    Сакал на внимателен начин полека да прекинете за да не пукнете. Му пукна со извинение за тоа како ќе пукнело. Сменил средина, му се отвориле хоризонти и сака што побргу да ја бркне таа некоја поради која се оладил кон тебе. А не сака наеднаш за да во случај да добие корпа да ти се вади со тоа „сега не' олабавија малце со обврски.“ Ма гајле ми е шо сум во 3 и пол годишна врска, јас за вакво размазено понашање и брак би прекинала без крајчето од окото да ми затрепери. Млада си, долга врска е знам, ама не е крај на светот. Тешко ќе биде, но полека но сигурно ќе излезеш од тоа страдање како победник. Јас би го избришала од живите, не пак да му дадам време да размисли, да се опуштел. Чао пријатно, па без мене опуштај се доживотно! Само не знам колку ќе му трае опуштањето кога еден сончев ден ќе се разбуди и ќе сфати што изгубил а што добил. Ќе му се замарам, ќе му ги анализирам зборовите...yea right ако сум му психијатар и дебело ми плаќа саатница можеби.

    Очигледно типов покрај тебе пати од комплекс на пониска вредност. Не ти треба ваква размазена и недозреана будала. Тој е посилниот пол, ти треба да си нежната, кревката, а тој да ти биде заштита...или можеби сум старомодна...
     
    На stetoskop, Bozica1980, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    НЕ сакам да бидам грба и дрска или погрешно да ме сватиш, ама се согласувам со теси.
    Такво ние времето, ништо веќе не е спокојно и нестресно.
    Кога работиш се нервираш, кога не работиш се нервираш.
    Ако без некоја причина, посебна причина преку ноќ што се вика ти вели дека оладил или незнам што, можеби теси е во право, можеби стварно се случило нешто на семинарот,или па сака да се случи,а незнеа како да го направи тоа, па излез е најдобро решение.
    Седни го очи во очи, нека каже што сака а што не.
    Штом работи и имате 3ипол годишна врска, е доволно воздрасен за да биде искрен и да биде искрен и да каже што всушност сака.
    Пауза и според мене е многу тинејцерско барање, или како и викаат пас за да се бара друг/друга.
    Не дека сеа се правиме тука паметни, ти кажувам како јас би посатапила тоа да ми се деси.
    Сигурно ти е претежко ама мора да бидеш истрајна, или џа или бу.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Друга е приказната веќе ако ти се сомневаш дека има друга во игра. Затоа што немаше напишано во првиот пост, сега ова отвора други погледи. Решение е само отворен разговор, за тоа до кај сте и што сте. Искрено да каже што е проблемот, доколку постои, за да најдете решение.

    И ако оди по семинари не значи дека ќе почне да се швалерисува, не знам зошто такво мислење многумина имаат. Секој човек е различен, ако заминал од работа поради обврски, да заработи за живот, не значи дека ќе најде некоја таму и ќе фрли во вода долгогодишна врска заради некоја Х непозната што ја видел неколку пати. Многумина ДА, би го направиле тоа, демек никој нема да дознае и сл., ама кога тогаш тоа ќе излезе, ќе се дознае вистината.
    Но, има и многумина кои тоа НЕ би го направиле. Затоа не мешајте едно со друго, не знаеме каков е дечкото, она сама си знае, плус и има пишано дека ништо не би направил, веројатно си го знае дечкото многу подобро од нас, нели?
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Да беше толку сигурна дека го знае, немаше на форумов да не' праша за тоа како да го дешифрира неговото однесување. А моето мислење го пишав, не на памет, туку затоа што знам за една таква ситуација. Веќе разговарале на темава, очигледно типов умира од желба за таа пауза веќе, да го опипа пулсот надвор па ако ѕвездите не му се наклонети, да и' се врати како кученце додека не наиде следната прилика. Што е жалосно, пред се' за него затоа што со толку ниска самодоверба во животов ќе може само да се слика, али ајде. Имам постар брат, сум се утепала од слушање такви муабети од негови другари...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    ^Ема немој сеа ти да ја вртиш ситацијата дека ние сме лошите или нешто буцкаме, ама секој би се посомневал ако преку ноќ, некој ти каже дека оладил, од никаква причина ти нема да се посомневаш?
    Не дај боже да е така, но јас мислам дека има врска тоа, може да има.
    Неможе ништо преку ноќ некој да го отсакаш или да се оладиш за една недела а фрлиш 3ипол годишн врска.
    И тоа баш на семинар далеку од девојката.
    Јас викам да е бидете толку навивни и да не верувате слепо на никако.
    Јас на местото на Ана убаво би го распрашала што како.
    А ако несака да биде со неа неможе со сила некого да го натераш.
    А во никој случај не е во ред, после 3 години некој со таков смешен изговор да сака прекин.
    Јас би била навредена искрено многу.
    Последен пат, или џа или бу, глупаво е да прифаќа паузи или незнам што.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    зошто сте толку одма негативни,не велам не можеби се загледал во некоја друга но сепак дечкото заслужува малку време да се среди со работата. Не се 1 недела во врска се работи за 3 и пол години ,сепак е најдобро да му дадеш време ,да видиш како понатаму ќе постапува со тебе.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ете му дала време...цели две недели партал ја праел. За што веќе да му даде време? И' рекол дека сака пауза. Ај со сила да го тера да се смират. Штом сака пауза, ете му ја, НА. За стално.

    И не сме ја и Хипстер негативни, туку сме реални. Да беше све саншајн енд батрфлајс во врските и браковите, немаше да имаме стапка на разводи 1 во 3 брака. Нека се стави на негово место и нека размисли дали тој би бил во состојба да и' прости за истото понашање и да дозволи да бидат „на пауза“, односно да биде таа „ем слободна, ем со резерва за во зима.“
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    Јас како што почитав сеуште и нема побарано пауза или ...
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не со тие зборови, ама самата се сомнева дека следува тој чекор. И по мое, сега ако чека на него што ќе рече/направи, ќе изгуби голем дел од авторитетот во неговите очи. Се оладив према тебе, ама те сакам, мислам стварно не знам како смее така дебилно да и' се избаци...па ја би му рекла „Е ова ти шо го рече мене ме олади и јас тебе веќе не те сакам.“ Зошто бе да си дозволи да и' каже се' и сешто? Aко е толку искрен, нека каже покрај кон кого се оладил и за кого се загреал. Можеби и нема друга, можеби го фатила паника од толку долга врска, се исплашил дека младоста му поминува и тн. Ама, треба да е позрел во вакви ситуации. Не е мал, некои мажи на 25 години имаат и свое семејство. И не, не верувам во неговото објаснување.
     
  15. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Коментарот ми беше зошто семинарите често ги поврзуваат луѓево во негативна конотација со тоа дека таму нешто се случува. Затоа што не е секогаш така. И јас имам еден куп другари кои често одат по семинари па како што сме слободни во разговор, ниту еднаш не се пофалиле дека прават нешто таму, да искористат ситуација. Било да се сингл, или пак во врска. А што ако работата му зависи од тие семинари, значи не треба да оди? Плус убав совет и дадов да седне и искрено да разговара, вака тука ние ќе го грдиме или браниме него или неа, а само тие двајца знаат што е, и каква е нивната ситуација. Колку глави толку различни мислења.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не треба да оди, ама после семинарот штом и' се избацил со такво понашање, наместо да се дистанцира и да размисли за грешките, некако преголема случајност ми е. Не викам дека не треба да оди на семинари, ама дека се супер прилика за швалерисување - се.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    ^ Па затоа и се бара совет тука, поради различните мислења, може некој и ќе ја погоди целта. Јас не го разбирам тоа се оладив, ама те сакам. Како така? Значи не те сакам веќе, си ми станала навика, досадно ми е... И јас мислам дека му запнала некоја друга за око, не мора да значи дека прави нешто со неа, ама мисли на тоа, па не знае како и што да направи. И затоа се оладил.Мислам дека треба да разговараш со него, ама да не бидеш како ужалената странка, па да види дека може да те чува во фиока и да те извади кога ќе му затребаш, туку да бидеш цврста, да види дека не може да се заебава со тебе како ќе му прдне зошто имате долга врска.
     
    На srcekrsacka, Hipster и tessie им се допаѓа ова.
  18. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    да сум на неjзино место не би се согласила на никаква пауза ,како што пиша tessie резерва за во зима,зошто знаеме сите што секогаш следува по фамозната пауза .но сепак вреди да пробаат затоа што се работи за повеќе годишна врска,жално е да пропадне во вода за така не основана сомнеж или првата препрека .
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Шо да пробаат? Да дуби на глава додека повторно не се загрее за неа? Да го награди за неговото дерење и понашање кон неа? Па не е султанот Сулејман па толку да му се замара. :D После се чудиме што не' снашло со нашите дечковци/мажи. Премногу простуваме ние женчињата, поминуваме преку многу работи, се трудиме во име на двајцата за да успее врската и после - оф „ама како тој така наеднаш се смени?“ Треба да се плаши да помисли да и' побара пауза или да и' рече такво нешто (те сакам, ама оладен сум) ако барем малку му останало почитување кон неа.

    Кое момче ако му речеш „оладенa сум кон тебе“, ќе се замара и ќе бара начини повторно да те придобие? Ќе ти рече „чао“ и готово. Смеј пријди му после.
     
    На joana18, thelittle17 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    незнам зошто но како да сме читале различен пост, девојката убаво кажува дека оваа порано не и се има случувано оваа им е прва криза .па секој заслужува втора шанса ,некогаш избрзуваме во постапките и потоа се каеме.јас не велам дека треба да го трпи ,но сепак е рано да одлучи,треба малку да размисли да си ги среди мислите и да ѓи види неговите постапки.а ако не со сила убавина не бидува моѓе во секое време да го откачи.оставањето е многу лесно
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.