Во денешно време доста е актуелен ЕМО стилот. Па ме интересира што мислите најпрво за емовците како личности, нивното понашање, стил на облекување, начинот на живеење и начинот на кој тие го гледаат светот?! Дали ви пречат?!Кое е вашето мислење за нив?!
mene licno ne mi smekjavaat i ne gledam pricina zasto bi mi smekjavale. megjutoa poentata e ako sakas da bides emo mora da se custvuvas taka, a ne da se oblakas taka samo zatoa so e moderno, togas ne si emo !!!!!!!
Мене лично не ми пречат,ама веќе не ни гледам вистински емовци.Туку се се сведува на начинот на облекување.Да бидеш емо значи и така да се чувствуваш и размислуваш.А не само облечи си се во тој стил и ајде сега емо сум.
искрено , ЕМО стилот ми се некои разлигавени,емотивни цури или типци кои немаат друга работа и се сечат незнам таму што разни глупости ... Извинете ако некој навредив , но тоа е само мое мислење ..
хмм... секој си има право нели на свој стил, свое тело, свој живот, па и свој стил но да си го одредиш својот стил треба најпрво да се запознаеш убаво себеси, па дури после да го дефинириаш стилот како надворешен изглед кој те претставува за народот. е сега истото важи и за емо стилот, значи како што беше кажано и погоре, најпрво треба да се осеќаш како емо па после дури да се облекуваш како емо а јас искрено немам ништо против нив, не ни има вистиснки онакви оригинални емовци кај нас како што ги викам и јас, црно бели емовци
Не ми пречат, баш напротив - интересни ми се Само некако како да не се сфаќа вистинската суштина на Емо стилот. Емо не е само да се облекуваш во црно, да имаш таков hair style и да слушаш таква музика. Топло им препорачувам на сите „емовци“ да отворат на интернет и да ја прочитаат дефиницијата за Емо, да се едуцираат малку пред да решат да го сменат нивниот животен стил. Мислам дека е една пролазна фаза, и дека за некое време ќе се изгуби како што поминаа од мода повеќе стилови предходно - на пример хипи стилот кој беше екстремно популарен. (поздрав Хипица )
^^ Фала на поздравот ОрдинериГрл. Јас изглеа малку периодот го имам промашено. Хипито излезено е од мода За емо-стилот немам ништо против. Секој има право на своја сопствена определба. Но се соглесувам со ЧНМ дека кога веќе се прават ЕМО, нека прочитаат малце што тоа навистина значи. Јас мислам дека овие Емовци кај нас тука врска немаат што им значи стилот и тоа се најчесто девојчиња и момчиња во тинејџерските години кои не знаат за што побрзо да се фатат и го земаат она што најмногу им се нуди и се пласира. Многу го имаат искомерцијализирано емо-стилот што е стварно жално пошо сепак и тој си има своја приказна.
уф ме нервираат луѓе кои се облекуваат како некои црнила ... јас мислам дека поубаво е да се носи некои светли и весели бои
Јас да си кажам дека не познавам емовци и затоа мислам дека за нив како личности не би можела да кажам ништо. А стилот сам за себе не е нешто интересен ниту допадлив...
значи знам многу тинејџери шо мислат дека ако облекле стартки и нешо црни на нив станале ЕМО ..која глупост х) а шо е најтрагично СЛУШААТ ТУРБО ФОЛК МУЗИКА х) мислам .. неам коментари колку неедуцирани може да бидат луѓево .. ЕМО стил океј е .. али повеќе мислам дека 99% од емовците кај нас во мк НЕ СЕ ЕМОВЦИ ТУКУ САМО ТИНЕЈЏЕРИ У ФАЗА НА ПРОНАОЃАЊЕ ВИСТИСКИОТ ЈАС ..
*Емо* всушност претставува вид на рок музиката кој пред се произлегува од punk - hardcore во 80-тите години, и тогаш бил познат како emotional hardcore или emocore, но најголем замав зема во периодот на 2000 година. Е сега Емо стилот како подкултура, како што кажа Хипика, има своја приказна, која сепак треба да се познава за да се биде дел од неа, а потоа и да се пронајдеш во неа. Но денешните тинејџери се, во овој случај, Емовци, поради тоа што овој стил привлекува внимание од другите луѓе и сакаат да се упадливи во очи, а не бидејќи така се чувствуваат. Но сепак има луѓе кои доследно си го живеат овој начин на живот, и тоа го прават со стил и осет, а не само да трупаме пирсеви, тетоважи, безвезен накит.... Како и да е, *Емо* стилот го почитувам како и сите останати, а против Емовците немам ништо против. Сепак лесно можеме да ги препзнаеме фолирантите, кои мене лично, ми изглеаат смешно.
Еден од по глупите субкултури воопшто измислени во светов, заедно со раперите и оние хипицине... Гледам многу емовци, а колку од нив се прави незнам. За стилот не коментирам. Микс меѓу гот и панк. Чиста (зло)употреба на панк и гот стиловите.
Ова е слободен форум и наменет е за да се искаже личното мислење Ама дека твоето мислење ми немаше добри факти.. морав да вратам. Добредојде во женскиов клуб *** И сега... он топик: Ах..... На шо личат бреј...
Скопје -да! Колку што сум приметила... Ги има со лопата да ги ринеш. Ма да не би кажала дека се емоси, туку се само позери и повеќето се негде до 2-3 година.
Па немам ништо против нив, само ме нервира кога некои глумат емо а не се. Под емо јас подразбирам несреќно дете што сече вени, се обелкува што ќе најде, тажно е секогаш и тако даље а не едни што ги знам. Со натапирани коси, шминка 3 кила и ајде емо ќе глумиме Ајде да летаме е работава. Цуркиве фактички сакаат да бидат со тек на време зошто сега сите се ,,емовци,,. ПС: Мајка ми емовците ги вика МАРСОВЦИ хахахха нека не се навреди некој ама......
Не ме нервира емо-стилот - немам таков стил но ипак не ги критикувам и оние кои се за Можеби и на некој не му се допаѓа мојот спортски стил но ете негово мислење