1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што најпрво направивте кога дознавте дека сте бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од Delevska, 16 март 2010.

  1. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.808
    Пол:
    Женски
    Се изгушкавме со мм , затоа што со него го правев тестот и им кажавме на родителите "изгледа за некое време ќе имаме нов член во семејството" .:D:D
     
    На S.o.F.i, fina erika и Acka22 им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Правев тест пред работа.
    Кога се измив да се свестам од спиење и кога погледнав втора црта буквално мислев дека тестот се зафркава со мене.
    Не верував.
    Отпосле кога проверив со клир блу се уверив и пак не ми се веруваше.
    Не ни се веруваше со маж ми.. ама ни се проверува со тек на време па ништо друго не правевме освен што го галеевме мешко.:)
     
    На S.o.F.i, Dust, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Па сама го направив тестот и гледам две цртки .... КОООООЛКУ само се израдував нозете мислев дека ми се пресечени а рацете неконтролирано ми се тресеа :rofl: му го покажав тестот на мм се гушкавме долго долго.... на родителите им соопштивме од кога направив тест преку крв и ехо на гинеколог :inlove::inlove::inlove:
     
    На S.o.F.i, Dust, Bebulleee и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.451
    Пол:
    Женски
    Да го скршам мразот, иако не ми е нешто интересна приказната. Двете бремености ми беа планирани, си правев тест и со двете 1 ден одкако ми доцнеше и беше позитивен. И двата пати кажав на моите, на неговите на најблиските уште одма, пред да одам на лекар :D неможев да издржам :D и општо не чекав до 12 недела па да кажувам како обично што прават, си кажував спонтано на сите.... :inlove:
     
    На S.o.F.i, 0ли, Cherry blossom89 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Ladysimona

    Ladysimona Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2021
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    I jas odma si kazhav na site :)
     
    На Bejb15, zverkica и Andrejaaaaaa им се допаѓа ова.
  6. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    2.617
    Ние сме со инвитро и кога добивме позитивен тест плалевме, се радувавме, и кажавме само на 2 другарки кои знаеа и ме бодреа во целиот процес, откако направивме и бета им кажавме на родителитe,сега сум уште малку 12 недела, ќе почекам да истерам 13та и ќе кажам на сите, јееее едвај чекам да не се кријам веќе хехех и со гордост да го носам стомакот хххх
     
    На moni.poni, S.o.F.i, 0ли и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Ladysimona

    Ladysimona Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2021
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    So lesnoo milaa
     
    На S.o.F.i и zverkica им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Плачев и го гушкав партнерот, не знаев како на друг начин да изреагирам. :D
     
    На barbiche, S.o.F.i, 0ли и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LoLa♡

    LoLa♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    1та бременост некако како да предосеќав дека сум,ама ајде земав тест и 2 дена се шуткав навака натака не ми ни текна да го направам, мм ме потсети го направив и немаше ни 3 мин одма покажа 2 жар црвени линии,кога му се јавив на мм му викам ќе имамееее бебеее тралааала и имаш филмска тишина и вика епа добро Со здравје да си го носиш:D Изгубен ама пресреќен.
    А сега сум бремена со 2 ,се обидувавме скоро 3 год ...бевме излезени и викам застани до аптека да купам апчиња несакав да му кажам затоа што веќе од негативни тестови ми беше преку глава, Дојдов дома ,влегов во купатило реков ќе се бањам, го направив тестот ма како се полнеше прозорчето така одма и 2те линии се појавија ја гледам и не верувам и почнав да викам влегува мм избезумен целиот мислеше дека се лизнав синко по него и викам конечно ќе имаме пак бебе ...мм пресреќен а Синкооо прво шо ни кажа утре да знаете на другарчињата одма ке им кажам... и се јавив на мајка нормално одма да и кажам и и викам мамооо позитивен тест позитивна сум а она леле аман од ова коронава жити се кај закачи?!
    мор мајка трудна сум ќе станеш пак баба...и така она плаче ја плачам ❤
     
    На moni.poni, sweetie 981, TheGoldenPeach и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    17.555
    Пол:
    Женски
    Планиравме бременост некое време, но неуспешно.
    Ми каснеше 5дена, но чекав да не се радувам по џабе. На 10ден бев во аптека и купив тест. На мм му немав кажано дека ми касни толку,сакав да го изненадам, секако не знаеше на кој датум добивам менструација.
    Го направив тестот, и позитивен хахаа.. плачев 1час сигурно. Потоа се спремав и излегов да купам бебешко боди и играчка.
    Мм беше на работа, ми се јави дали ќе правам вечера и одма добив идеа, му реков дека веќе спремив нешто за јадење, изненадување.
    Го кладов во голема чинија и покриено. Тој дојде и набројува јадења, што би можело да биде.
    Го отвори и 3 пати ме праша, сигурна си хахаха.. Среќа ми текна да снимам, па сега кога го гледам видеото уште плачам хаха...
    Уште вечерта им кажавме на родителите, нареден ден на преглед бевме :inlove:
     
    На S.o.F.i, 0ли, Cherry blossom89 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    Неможев да издржам па направив тест еден ден пред да добијам.
    Не се надевав на нешто најискрено, и кога го видов тоа убаво линивче уште не расонета искочив со трчање од тоалет, и маж ми ме гледа цела расплакана, си се изнагушкавме и така.. :inlove::sun:
     
    На S.o.F.i, 0ли, Cherry blossom89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.122
    Пол:
    Женски
    Најпрво и се јавив на @Cka . Се испотресов за сите пари.
    После му се тупнав на мм на работа. Рикав како магарица:)

    Со такси одев до болницата и по пат си плачев. Дур му кажав на таксистот кај да вози он ме приметил дека плакам и загрижено ме праша што ми е.
    А јас како од пушка- лелеее трудна сум и се тресам цела.
    Он мртов озбилен- Не се нервирај , сега медицината е многу напредна, за еден саат завршуваш со абортусот.Не е болно и страшно воопшто ми вели.
    Културно му се заблагодарив за објаснувањето:D
     
    На TheGoldenPeach, mal.ecka, H.VAGA и 19 други им се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.485
    Допаѓања:
    35.206
    Пол:
    Женски
    Беше 6-ти ден од трансфер, отидовме да се прошетаме, да истераме шопинг и поминав во аптека да купам од најевтините тестови.
    Тој ги качуваше ќесите, а јас се пикнав во вц, ми се одеше многу и си реков ајде ќе искористам и тест да направам, попладне беше околу 15-16 часот.
    Го гледам тестот, гледам две црти, почнав да се тресам и да се дерам по него да ги остави ќесите. Се испаничи кутриот, мислеше нешто ми се случило. Го гледаме тестот, се гушкаме, стопати повторивме леле изгледа успеавме, не ни се веруваше. Јас се тресам, тој се тресе и ми држи рамења да се смирам, да не сум го истресела бебето. Го гледавме тестот како хипнотизирани, а тој ме фаќа под мишка да ме однесел во дневна да сум легнела, па ме опоменуваше дека многу брзо сум отишла од вц до дневна :^)
    Се прегушкавме и се изнаплакавме.
    Малку кога се созедовме, го сликав тестот и му го пратив на докторот. Ми се јави, направивме муабет и рече утредента да проверам бета. Потоа седнав на форумов да ја ставам сликата, да споделам со девојчињата во Вештачко.
     
    На mal.ecka, H.VAGA, Dance27 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    11.03.2020 беше денот кога се донесоа првите мерки за пандемијата. Памтам излегов од работа порано, си одев пешки. И покрај сите луѓе што поминував застанати што си разговараа, тема на муабет беше короната, па кој бил Италија, кој ваму кој таму, сите преплашени. Ми каснеше 3 дена, на 8 март требаше да добијам. Влегов во аптека и купив 2 теста. После мене влегоа дечиња од основно да си купат маски. Уште некако не бевме свесни што не чека, преплашени бевме сите од вирусот. Застанав во еден киоск и си купив цигари, од оние ОМЕ најслабите. Некој немир имав во себе а ги имав намалено цигарите пошо се обидувавме за бебе (втор месец обиди), па ми дојде да запалам. Седнав на клупа, запалив и така си седев 10 минути. Стигнав дома и ај реков нек буде шта буде, го направив тестот. Мм на работа беше, не можев да го чекам, а тој секој ден ме прашуваше кога ќе купам тест. Му реков дека ќе купам и ќе го направам кога ќе си дојде од работа ама не издржав. Одма во истиот момент се обоија 2 жар црвени линии. Некако ми се пресекоа нозете иако во себе знаев. Некое чувство на страв ми дојде заради претходната бременост што заврши со киретажа. Отидов во дневна и 5 пати се вратив до вц да го видам тестот. Земав телефон и ѝ се јавив на докторката што ме водеше и што ме породи и прво на неа ѝ кажав :D Она ми кажа што да пијам витамини и кога да одам на преглед. Си пуштив музика и си денсав, правев ручек, дојде мм од работа и тој преплашен од короната, правиме прво за тоа муабет и ми вика, абе а тест зеде ли? Да му викам, зедов. И одма по насмевката ме примети дека сум го направила и дека е позитивен, ме гушна и ми рече Ајде со лесно да ти е. И така мене солзички малку ми дојдоа, си сум емотивка :D На нашите им кажавме после неколку дена.
     
    На H.VAGA, S.o.F.i, nevermet18 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. ГорданаР

    ГорданаР Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Сама го направив тестот. Ми доцнеше десетина дена, веќе и да бев сигурна дека сум бремена. Прво му се јавив на дечко ми, пробав да му направам некој друг муабет, ама ме сконта :D Кога му кажав, беше на работа, само ми рече ај да завршам па те барам, ќе се слушнеме, видиме. Се збуни целиот :) Ја чекав да дојде мајка ми од работа и не додржав уште на врата и кажав. И двете пресреќни, ред солзи, ред мрсули :D После дојде дечко ми и силно се гушнавме :inlove: Веќе 8 недели сме среќни со новото сознание:l:
     
    На moni.poni, cresa-jagoda, Trpkovska и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Аии што убава тема :inlove:

    Беше 6ти септември, само што вратени од патување со мм, тогашен дечко. Искочивме вечерта, абе како за беља ги поминавме сите кафани и дискотеки, напиени до крај се прибравме во 6 сабајле. Се будам накај 11h и ми иде главата од ѕид да си ја мавнам колку ми се повраќаше. Стана мм да прави кафе за во кревет, јас отидов да се измијам. Вадам лосион да исчистам лице и го гледам тестот што го купив за претходниот месец, а добив и не го искористив. Во моментот ми текнува дека уствари ми касни 8дена. Ај си викам ќе го направам да не го гледам веќе тука зашто убедена бев дека нема шанси да забременам природно. Го правам, се вртам вода да пуштам, гледам две жар црвени линии :o Го зимам тестот, го држам пред очи и не можам да поверувам. Се соземав и почнав да викам на цел глас, да плачам, да се тресам, ќе ја откорнев вратата да излезам побрзо. Се судираме со мм во ходник, јас мафтам со тестот, тој со две кафиња во раце не знае што да прави. Ги остави и кога ме грабна во раце, ме здроби од гушкање :inlove:
    Седнавме да направиме план како ќе ги изненадиме блиските, закажавме кај првиот слободен гинеколог и памтам во 7ца додека јадевме правевме нарачки за изненадувањето, па во Палма на сладолед имавме многу убав муабет за иднината. Ех, каков период.
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda, Bella* и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ГорданаР

    ГорданаР Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Женски
    Веќе пишав еднаш во оваа тема.
    Вчера бев на преглед кај гинекологот и дознав дека носам близнаци. Не можев да се воздржам, си пуштив некоја солза. А, надвор од ординацијата, мајка ми и момчето. Пресреќни. Дечко ми се расплака од среќа. Им кажавме на најблиските, никому не му се веруваше.
    Дупла среќа на мојот среќен ден 13.
     
    На An angel, moni.poni и cresa-jagoda им се допаѓа ова.