1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сме носеле некогаш, а сега тоа ни е смешно

Дискусија во 'Мода и стил' започната од karina8, 7 јануари 2011.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.204
    Пол:
    Женски
    Ауу каква тема :clap: Ме сетив на монтките,јас имав бела дебела до колената абе како мече бев поларна и тоа,а другарка ми имаше црвенишкава и една случка да ви раскажам,беше зима со снег абе колку ти душа сака и ќе се санкаме ние две доле на улица и сироти од монтките неможеме да се збереме и двете на една санка,јас седнам таа од позади падне,таа седне од позади, а јас од напред испаднам,умревме од смеи никако неможевме да се погодиме и моравме одделно да се санкаме,а толку мерак за заедно :( :D и ден денес се смеам на таа случка.
    А и јас си ја обожавав зелената,знаев да се дотерам од глава до пети како жаба,омилени ми беа едни зелени трициклисти со џебишта кај треба и кај не треба,една зелена блузичка и едни зелени квадратни кломпи,па и врв на се имав мрежести чорапчња кои ми беа хит :D :D.
    А траките оние дречливи за во коса си ги носев често зошто имав ептен долга коса.И многу си ги обожавав оние широки панталони,ѕвонарки ама ептен она широко јас само имав од другарките и ептен бев најсреќна,другарка ми се утепуваше дома од плачење за да и купат, а јас важна секаде си ги носев,кај ми бил паметот :D И се сетив и на оние мали ситни шнолички,вошки ги викавме.такви во разни бои што се прикачуваа низ косата абе како подвижна тезга бев со сите на глава.Ех старте добри модни времиња :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Едни грозни чевли „ а ла Чарли Чаплин“ во боја, јас имав портокалови, другарка ми имаше дреч зелени, една имаше лилави, а најнајака беше таа со црвени со жолти цветчиња :rofl: ПЛачевме да ни купат, и после сите во дрес, од 18 девојчиња во класот, 19 носевме такви :rofl:
    После, се сеќавате на модата со кикиња во разни бои, наредени на врвот на главата ко венче, или кркмата фатена со нив, ко виножито некое :rofl: Ехеееее, имало такви, безброј утки тогашни :rofl:
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Оф леле, кога ќе се сетам. И тоа не беше многу одамна, не знам ни како сум им давала така да ме облакаат. :D Една долга јакна, после колена, со една дреч виолетова боја :o . После едни кондури, море кондуришта :D црвени, високи со црни врвки, како да биле од Втора Светска Војна! Па некои безвесни, селски џемпери со пердуви на сите страни :puke: и така тоа. :D
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ааааа, јас имав ваквии, беличкиии, сите ми ги обожаваа :inlove: и не ми ич мака што си ги купив и ги имав, ептен фрерски и тинејџерски беа 8) :D
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Да али сигурно сега не ги носиш :^) :) ...а онаа мојата сокласничка уште си ги носи..хаха
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Дали се сеќавате на моментот наречен - елече? :D
    Уф, јас имав едно тексас и едно црно, т.н. келнерско, си го носев над кошулки, леле колку мислев дека се кул, :rofl:

    А за вакви кошули да не правам муабет, не знам ни самата колку ги имав во слични карирани дезени, де беа на мене, де врзани околу половина да се влечат до земја.
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • elece.jpg
      elece.jpg
      Големина на фајлот:
      13,9 KB
      Прегледи:
      410
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.206
    Пол:
    Женски
    Баш во темата-што никогаш не би облекле сакав да напишам дека имам толку многу модни утки низ годините! Од тексас комбилизонки, ѕвонести карирани панталони, чевли на топуци(чат-пат пак знам да облечам) чудни кошулки со потпунки како 45годишна тетка на прослава на 8ми март :tmi: Во средно бенетон блузоните ни беа како задочжителна униформа, фард светлуцави патики и незамнеливите тексас јакни! Баш ми е криво што немам некое сочувно парче да го објавам на ѕидов на срамот ама од ормарот на мајка ми може да излезе една бундичка што ја носев една зима на нејзино големо задоволство и потврда на теоријата дека модата се враќа. Претпоставувам дека и нас ќе ни фаќаат сеир по 5-10 години на страите слики :$
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Леле Ливинг ме потсети на црните кондури! Не знам зошто ама сите ги носевме :D Во комбинација со кошулите кои Тренди ги спомна, секако врзани околу половина!

    Имам тука на прозор една стара слика, имам плетено џемперче и одоздола бела кошула со крагња - пеперуга |(

    Исто носев тексас комбинезон фустан, и тие беа модерни, ако не се лажам во прва средно го носев ф’станов сеуште.

    Исто носев шарени фармерки, дали ви текнува на тоа? Фармерки ама со дезен, дали на риги, дали со цветови :tmi: Ама моите беа најубави! :!: :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Леле шарени фармерки. :rofl:
    Моите беа темно зелени траперки, долу на широкиот дел со портокалови недефинирани форми. :D
    На црвените кондури ги носев и овие. :$
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Лелееее, карирани кошули еј!
    Често со црна ролка под нив. Па ја соблакаш кошулата и ја врзуваш околу половина. Страшно!
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас имав Донован сиви со жолто - портокалови риги, не се зезам, стварно беа убави :D

    Инаку ми текна уште на една работа која се врати во мода, т.е. повторно се носи и не ми пречи воопшто - сукња балонка ;)

    Ова стварно мора да се најдат стари фотки и да се скенираат, многу смешни работи сме носеле.

    И на бодито во фармерка со висок струк ми текна, оф боже :)
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Уф памтам дека носев едни црни ЛАКИРАНИ чевлички, ама така јако светеа - можев комотно да си се огледам на нив |(
     
  13. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    Некоја од вас ги спомна венчињата од шноличките на главата.. Со тоа на главата сум била многу смешна, зошто сум имала две влакна на косата и како секое девојче и јас сум имала по сто шнолички на главата, разнобојни строго :!: и сега кога ќе видам некоја слика таква се смеам многу .. ако можам да најдам ќе ви покажам. :D
    И за лакованите црни чизмички, уште ми стојат и имат врвца низ нив.. како идиотче сум била во нив. :$ :rofl:
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    А дали ви текнува на едни хеланки кои не беа тесни, малце така пошироки, истегнати надолу со ластик кој се ставаше над чорапите? Не знам како да објаснам... Напред имаа црта . :?:
    Е многу ги носевме. :)
     
    На MarchelineAmaru и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Во името на шарените пантолони! :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo 2093.jpg
      Photo 2093.jpg
      Големина на фајлот:
      201,8 KB
      Прегледи:
      350
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Монтки :D дебелии големи, колку 3 од нас, јас црвена имав :tmi:
    Исто и алишта од waikiki хит беа :rofl:
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Знаете ли мене што ми беше омилено?
    Оние бициклистички, во горниот дел споени со сукњичка. Нешто како сукња панталони. И имав такви комплетчиња полн плакар. :D
    Е нешто вака, во сите бои, дезени , шари итн.
    :tmi:

    [​IMG]


    Исто, обожавав и ламбада сукњи, и имав две тексасни. Ги скапав од носење. :D И тоа во комплет со тексас јакна. Целата во тексас!!

    Ѕвнарките еден париод се носеа многу, па дури и смешно ни беше кога почнаа цевка панталони да се носат. Памтам дека се заколнав дека нема никогаш да облечам цевка!!
    А сега....кога ќе помислам на ѕвонарка ми доаѓа да рикнам во смеа.

    Розевата боја исто така, ми беше омилена. Пола плакар во розево, па што и да облечеш нема да утнеш. Тие светлите бои доминираа, што сега не е случај кај мене.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Леле се сетив на нешто ми доаѓа да умрам од смеење. :rofl:
    Се сеќавате на ежињата?
    Се правеше пунџа на косата па се ставаше тоа чудото - ЕЖЕ бе. :rofl:
    Во сите бои имав и ги усогласував со облеката. :rock:
     
    На lalala3, MarchelineAmaru и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене не ми текнува на еже! :?:
    Ама затоа памтам дека се носеа оние мали ситни шнолички во разни бои, и се редеа на секој прамен поединечно. Ептен беа малечки, во фоми на цветче, кругче, пеперутче итн...
    А да, и оние шнолите како пеперутки. Со крилца од пеперутка на федери. И кога одиш тие крилцата се тресат. :D

    Леле какви глупости постоеле!! :tmi:
     
    На MarchelineAmaru, bona и rossonerka им се допаѓа ова.
  20. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    вошки :rofl: - така ние ги викавме
    безброј имав |(