1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сте според хороскопот: Победници или губитници?

Дискусија во 'Канта' започната од rici.aaaaa, 15 март 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Еве, како најчесто реагираат, во такви ситуации знаците на Зодијакот:
    Овен
    Овен Сака да биде прв и тоа му е во природата. Не стои високо, но сака да оди понатаму. Подготвен е да дели со другите, но нема баш да инсистира на тоа. Кој е блиску до него, ќе ги почувствува неговите доблести и пријатноста на победата. Како поразен игра фер плеј и ќе му подаде рака на победникот. Никогаш не е злопамтило. Ако изгуби, тој едноставно продолжува понатаму.

    Бик
    Победата му значи само ако од неа има некоја конкретна корист. Ако со неа е врзано нешто неопипливо, тогаш може да биде рамнодушен. Слично е и кога ќе се најде во улога на губитник. Нема да се грижи ако станува збор за нешто нематеријално, но ако треба да се откаже од нешто материјално или нешто што му го прави животот попријатен, тешко ќе се помири со тоа.

    Близнаци
    Близнакот секогаш ќе се снајде. Нивната подвижност се манифестира не само на физичко ниво, туку и во составот. Ќе релативизира речиси сè. Со задоволство ќе се забавува со својата победа, но нема да и придава премногу значење како некој друг. Не е ниту горд, ниту препотентен, повеќе е реалист. Кога ќе изгуби, рационализира и останува на површината. Така се лечи од поразот.

    Рак
    Иако никогаш нема да признае, на Ракот победата многу му значи. Сака да се докажува и во длабочината на душата ќе чувствува вистинско исполнување кога ќе победи. Тоа чувство ќе го подели со другите, а сигурно ќе сочувствува и со оној што изгубил. Веројатно и ќе го теши. Кога губи, долго потоа анализира каде згрешил. Така се подготвува тоа да го поправи.

    Лав
    За многумина тоа е роден победник, оној кој сјае (најдобро пред публика) само што му недостасува ловоров венец на главата. Ќе дели со другите, но само ако му се покорни и подготвени да го слушаат неговото самофалење. Не ретко станува напорен. Кога губи, му треба малку време тоа да го „свари“, а потоа подава рака, но не може да ја сокрие крутоста.

    Девица
    Иако е победник, обично се однесува како слуга. Со задоволство своите заслуги ќе му ги понуди на услуга на некој или ќе ги направи корисни за повеќето. Поради својата природа на скромност се чувствува малку чудно како победник. Ако губи, ќе приговара за сè и сешто, а себеси ќе се анализира подолго време. Бесконечно ќе ги усовршува деталите за да не изгуби повтроно.

    Вага
    Оваа природа и како победник ќе се однесува соодветно и без големи испади ќе ужива во постигнатото. Нема да претерув во ништо, а еднакво ќе биде насочена и кон поразениот. Ќе се труди да го вклопи во својот победнички статус. Кога губи, Вагата е тажна, но нема никакви проблеми да му честита на оној кој ја победил. Тоа го прави искрено.

    Скорпија
    Ужива во победата, но тоа не го покажува отворено. Обично ќе спомне некој проблем или нова битка во која што оди, за секој случај, за да го успие противникот. Губејќи се гризе во себе, но тоа ретко кој го знае. Мирна е и прибрана, се бори до крај. Додека честита, всушност во себе разработува тактика како да го среди победниот.

    Стрелец
    Овие благородни души со задоволство би ги споделиле своите заслуги и победи со другите. Понекогаш дури и не прават разлика помеѓу победа и пораз. Некои типови од време на време ги мачи суетата, па сакаат малку да се пофалат, но набргу ги вклучуваат и другите во својот ѕвезден статус. Кога губат, галантни се, господски го признаваат поразот и честитаат. Тие се вистински фер плеј играчи.

    Јарец
    Ако победи, тоа многу му значи, но останува мирен. Победата ја смета за очекуван резутат на својот вложен труд. Слави кратко без премногу врева, бидејќи продолжува да гради понатаму. Ако губи, никогаш нема да се помири со поразот, но ќе биде реалист. Ќе согледа што може, а што не може и следниот пат ќе се бори според тоа, сè додека не победи.

    Водолија
    Водолијата од својата победа ќе направи шоу за пријателите и друштвото. За неа тоа достигнување е вредно да се подели и им припаѓа на сите. Кога губи, не и е мило, а од поразот се лечи со релативизирање. Но, длабоко во себе веќе смислува сосема нов стил со кој во иднина има намера да дојде до резултат, односно победа.

    Риби
    Кога ќе победат на Рибите обично не им е јасно што значи тоа. Не знаат да бидат на тронот, подобро ќе седнат до поразениот и со часови ќе го тешат. Нивната природа не им дозволува да го занемарат послабиот. Ако пак губат, во состојба се со денови да плачат над својата судбина сè додека тоа не им досади. Потоа смирени и рамнодушни одат понатаму.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.