Сите како мали сме имале некои чудни оброци како на пример мравки, трева, песок, земја, хартија и.т.н Кога зборувам со другарки мои, не знаете какви работи се имам изнаслушано дека јаделе, на пример шкорчиња, сунѓер, живо тесто и што не. Баш ме интересира, дали некоја од вас имала вакво искуство, па за да го подели со нас овде на форумов. Иначе јас најмногу јадев тапет
Леле, како мала, обожавав да јадам ружи Верувале или не, ама кога ни беше досадно, со другарките, ќе наберевме ружи од комшиски двор, ќе ги дробевме во чинивче, и после ги јадевме. Песок еднаш имам јадено, т.е кога се тепав со првата симпатија (на 6 год.) и се гаѓавме со песок, и Борче, така ми се викаше симпатијата, ми фрли песок во уста. Голтнав сигурно, и можда сега имам камен во бубрег ама добро, не се важи тоа како оброк Имам јадено млади гранки, т.е ги цицавме, зошто не излажаа постариве деца дека во нив има млеко, и ние будали, од брезите во мај, крши гранки и цицај. Којзнае што сме си мислеле
Ме изнасмеа!!! Колку е интересно тоа, што се сме јаделе, а бутур не ни било. Детски организам, се трпи...
Ми текнува дека кога бев мала само што си купив сладолед цел ми падна на земја и едно дете чучна и го излижа од земја
Со братучетка ми , кај баба ми , кога правеше кифли или слично , земавме тесто .. најобично тесто , си седнувавме под маса и си јадевме хахаха .. Лижев степ многу ама кој не .. Се качував ко мајмун по дрва .. зелени сливи , па после седи пола ден у веце..
kori nevareni i spaget nevaredni den denes gi jadam taka zivo meso vo prolet od site drva cvetojte gi jadev ))
Најомилени ми беа багремовите цветови така дедо ми еднаш ни кажа, на самиот влез од дворот имавме багрем, и тој како стар си седнуваше и ќе си џвачкаше цветови, благи се тие, и ние сите по него, мислевме оти којзнае колку сила даваат ама после не караше, мали сте велеше ќе си го расипете стомакот, ама кој ти слуша. Аааааааа, за зелени сливи, повеќе се гаѓавме отколку што јадевме, деца
бебешка крема за лице... се затварав во ВЦ и со прстот право во кутивчето што ми било незнам... сега си се чудам со кој памет
Јадев тесто (секогаш и крадев на мајка ми), цуцкав секакви цвеќиња пошо многу благи ми беа, паста за заби не траеше кај нас подолго од една недела, а најмногу сакав да јадам креди. Дедо ми беше шнајдер и секогаш му ги земав кредите со кои црташе, се криев и мав ги правев А, и на зима снег јадев, немаше промашај.
леле Хипи,еднаш кога ми купија детска паста од јаготки... мммм... за 3 дена ја снема... заедно со брат ми цела ја изедовме а за кредиве ме изнасмеа
Јадев паста за заби,сапун,чепкав во ѕидот зад троседот и правев дупчиња со пенкало,ронев и јадев...мхм...пепел исто така...не знам зошто,не знам со кој памет...кора од дрво...и така...се вкусни работи... А имав другарка што си јадеше мрсулчиња...ммммм криспиииии....
хаххах , ме изнасмеавте И јас како мала многу ги јадев тие зрнцата од вегета )) И јуфка кога сукаа моите дома така живо тесто јадев Снег во зима обавезно ))
Сега мајка ми ми кажа дека сум јадела и пешкири како мала. И тоа испрани... Ваљда ми бил вкусен детергентот...
Замисли дома ниеден пешкир... Сум ги џвакала, па сум си ги плукала кај ќе стигнам. На 3 годинки. Запчињата сум си ги вежбала, како кучињата Деца
Јас сум јадела хартија од тефтери како ептен мала. Како малку поголема цветови од багрем, едни други цветови што имаа нешто благо во нив, од лозница тие врвчињата - не знам како се викаат, а за зелени сливи и кајсии со сол муабет не правам, кој не ги јадел...
Имам јадено паста за заби,посебно една со вкус на банана,со сестрами омилен десерт ни беше едно време. Друго...ааа ова ми е ептен јако Со другарка ми кога се враќавме од училиште кршевме мраз од по стреите и го лижевме.Памтам дека најголеми и најдебели баравме и од самата визуелна претстава за тоа како сме им изгледале на околните случајни минувачи,ми пројавува желба да се вратам во тоа време и да си залепам неколку шамари и на другарка ми,ама жешки,за освестување.Допбро,кај ни бил паметот??!!?
и јас исто многу ми беа слатки багремовите цветчиња а и ден денес знам да си апнам чат пат од дворот на баба ми ops: а за сливи и кајсии да не зборам..дедо ми не ме пушташе накај бавча за да не ги оберам дрвцата како коза бев
како мала а и се уште обожанам да јадам живо тесто и се уште јадам несварени макарони,шпагети или било што друго од тестенини што не е сварено повкусно ми е така