1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

3 фази додека си во врска !

Дискусија во 'Врски' започната од SmileX, 2 мај 2010.

  1. SmileX

    SmileX Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Баш ме интересира каде сте и како е можно да се напредува?

    Според мене и според поголем број на експерти на оваа тема, во секоја врска може да се направат следниве поделби или стадиуми:

    1. Зависност

    -Во оваа фаза, задолжително едната личност неможе без другата, во секоја смисла. Чека одобрување, не донесува сама одлуки, лесно се фрустира кога другата личност не и посветува внимание или има спротивно размислување и сл.

    2. Независност

    - Тука е фазата во која се наоѓаат повеќето од партнерите кои се во врска, веќе биле во прва фаза, им "здосадило да изиграваат мајки/татковци" и да ги тешат нивните тогашни партнери. Оваа фаза за мене е некое си созревање од двете страни, каде секој си е созреан и си делува до некаде самостојно, пример "Ти денеска ќе ги земеш децата од градинка" "Ѓубрето денес и утре го фрлам јас, другите денови ти" "Прво те масирам јас а после ти мене" буквално се се одвива на некое си формално ниво, барем јас така имам чувство за оваа фаза, нешто у принцип 50:50 и никој не се буни за тоа. Оваа фаза може да функционира мноооогу подолго од првата и се да биде океј...

    3. Интерзависност ( Меѓусебназависност )

    - Според мене последнен степен на меѓусебно исполнување. Како да ја препознаеш оваа фаза ? Пример "Си доаѓаш дома цел ден си работел/ла плус имаш да завршиш уште дел од проектот, влегуваш не го/ја ни поздравуваш својот партнер на вообичаен начин ( не обрнуваш внимание како секогаш , плус ова се слчува 2-3 дена по ред ) во еден момент партнерот самоинцијативно почнува да се грижи за тебе, ти носи храна, те масира додека работиш, ти ја средува работната површина, не те оптоварува за нередот во кујна или за незавршените фамилијарни или партнерски работи итн итн.......

    Генерално, почнуваш да добиваш неизмерна, несебична, неочекувана за возврат, поддршка од партнерот но во исто време делувате самостојно во секој поглед од животот.

    Интересно е да се спомене дека ова не е нешто што може да се промени одеднаш, во смисла сега сум тука и од утре се менувам, редоследот е задолжилтелен, барем праксата така покажала, ако некој не бил во фазата на зависност, тогаш неможе да биде у фаза на независност...

    Би сакал да прочитам различни перспективи од вас и дали се сложувате со ваквата поделба ?
    Конкретен личен пример за секој фаза ?
    Дали е можно со партнерот со кој сте моментално да преминете во некој нареден период во друга фаза и како би го направил/а тоа ?
     
    На afroditaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Не сум експерт, но генерално кажано, верувам дека ова објаснување за фазиве е точно за повеќето сериозни врски. Моите врски во принцип и не биле во таа прва фаза, ај така да кажам, можеби затоа што никогаш не сум имала силни чувства уште од самиот почеток, многу повеќе поради тоа што кога ќе се „отрезнев“ од заљубеноста, сфаќав дека тоа не е тоа, и тогаш продолжував натаму, со еден исклучок. Ама не сите врски поминуваат низ овие стадиуми, затоа што како една врска ќе се одвива зависи од двајцата, и зависи од околностите, случувањата и многу други фактори. Затоа што не секогаш одредуваме како ќе се одвива нашата врска, но сепак главен фактор сме ние самите. Мојава сегашна врска, наскоро брак, е во третата фаза. Ама безболно поминавме низ претходните две фази :D

    Да, на почетокот бевме зависни еден од друг, не можевме да си замислиме да поминеме ден едно без друго, макар и да се видиме само на пет минути. А таа фаза траеше нецел месец. Беше убаво донекаде, ама ја мразев таа зависност, таа потреба да го видам, слушнам, допрам и исфрустрираноста што се јавуваше кога немаше да се случи ништо од тоа. И да, го мразев фактот што не му верував потполно, сепак тој беше нов човек во мојот живот, а на новите луѓе и не им верувам се додека не ги видам како реагираат во одредени ситуации. А понекогаш не ми се веруваше колку ми се исплатеше да ризикувам овој пат и да ги ставам картите на маса, за тоа стократно да ми се врати.

    Следуваше независноста, за која што мислам дека мораше да се случи, затоа што бевме оддалечени илјадници километри и три временски зони, и не бевме сигурни каде ќе води нашата врска, дали ќе се чекаме меѓусебно или ќе тргне секој по својот пат. Но, како да си зедовме здраво за готово дека сега сме заедно, а од друга страна, не се замаравме многу со потребите на другиот, секој си ја гледаше својата работа (можеби поради тоа што немавме друг избор, ама јас повеќе би рекла затоа што и двајцата сакавме така), ама не поминуваше ден без да се слушнеме, макар и минута да траел разговорот. Секогаш имавме време еден за друг, да си кажеме што не мачи, што ни се случило, да си ги поделиме проблемите, ама пријателски. Мислам дека тогаш, во тој период станавме најдобри пријатели, тогаш кога се преиспитувавме дали можеме да издржиме толку долг период еден без друг. Не дека не можевме да си ги задоволиме потребите наши насушни :lol: ама не сакавме со друг/а, барем јас не сакав, а имав шанси - не една, а и тој имаше. Многу е важна довербата во врската и мислам дека тогаш сфатив оти можам потполно да му верувам. А повеќето сериозни врски и бракови во денешно време остануваат во таа фаза на независност, земаат здраво за готово дека партнерот секогаш ќе биде тука, и не се трудат понатаму за ништо. Се функционира на принцип на договор, ти мене - јас тебе. А каде е тука љубовта, несебичноста, пожртвуваноста? Да избереш некого за цел живот, значи да го сакаш, почитуваш и поддржуваш без оглед на се, и да не бараш секогаш нешто за возврат. Ама најголемиот дел од луѓето не размислуваат така. Па затоа и голем дел од браковите пукаат, во оваа фаза.

    Интерзависноста ја сфаќам како фаза која се достигнува кога постои вистинска љубов. А ја достигнуваш кога ќе сфатиш дека партнерот ти е најдобар пријател и љубовник, дека без оглед на се, секогаш ќе биде тука за тебе, те поддржува, сака и почитува; кога не се плашиш да ги поделиш со него своите најголеми тајни, стравови, очекувања и сфаќања, без да се плашиш од осуда; кога ќе се прифатите меѓусебно онакви какви што сте, со сите доблести и маани, и кога не ви е тешко да направите нешто за него/неа без да очекувате нешто за возврат. И не, ова не е навика, ова е потреба, исто како што имаме потреба за воздух. Можеби ова за некого звучи како зависност, ама не е така. Можеме да издржиме еден без друг и подолг период, за после кога ќе се видиме да бидеме уште посреќни. И без разлика што другиот секогаш не може да ти возврати како што очекуваш, не се лутиш, туку го прифаќаш тоа, затоа што знаеш дека тој/таа ќе го направи истото за тебе во било кое време, дури и без да побараш. Нормално, не е се идеално, имало и ќе има и караници и пречки и проблеми, дури и до толку големи што ќе ја загрозат врската, ама ако постои љубов, мислам дека се може да се надмине. Животот не е лесен, нема се да оди како подмачкано, ама, нели, заедно сме посилни? :) Функционирате добро и сами, ама како пар уште подобро. Мислам дека тука нема повеќе што да се кажува.

    Доволно кажав? Се надевам дека ја погодив темата :)
    :whew: ама се иаморив :lol: :lol: :lol:
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Според мене не постојат фази во една врска,туку доколку двајца се сакаат,нормално дека ке има меѓусебно почитување,односно сето тоа што е напишано во тие фази.Мислам дека нема отпочнување на една фаза или кога би ја почнал таа фаза партнерот,кога веќе се прават фази,поделби во една врска,тогаш преминува во еден вид на математика,создавање на план за тоа каква би требала да биде врската,со други зборови трампање,пазарење.Меѓутоа ако веќе нема такво нешто,како фази,тогаш тоа се одвива само по себе,најнормално,произлегува од вистинската љубов во една врска.Па сега ако се почне со психолошка анализа на една врска,ако веќе се почнува со размислување,со создавање на тие таканаречени фази и автоматски читајки ги тие фази,некој ќе почне да се води по тој шаблон,тогаш тоа не е искрено,не е природно.Во денешно време експерти има многу,за секоја област,но незначи дека треба да е точно нивното тврдење или пак дека треба да се практикува нивното тврдење.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Не Гордана, овде не станува збор за тоа... ова е само така напишано, како фази на врската, како некое ниво кое се поминува или достигнува поради постојаното менување на луѓето, на околностите, околината и многу други фактори. Самата врска е динамичен феномен, таа не стои на едно место, едно ниво, туку постојано тече, се менува, како жива материја. И нормално е дека нема да биде исто како на почетокот, после година, после две, пет, десет години. Ние луѓето се менуваме постојано, како што растеме, зрееме и старееме - така и врските - и тие си имаат свое детство, своја младост и старост... барем јас така ги сфаќам работите. И нема тука математика, сметање, анализи. Ако има љубов, врската не останува на едно ниво, еволуира, оди напред или назад, зависи од тоа кој колку вложува. А мора да вложуваш ако сакаш да добиеш. И нема тука што јас или тој да велиме сега одиме на следна фаза - тоа си доаѓа само од себе, како некој степен, некое ниво на еволуција, што е природен процес. А премногу размислување и анализирање не е на арно ;)
     
  5. SmileX

    SmileX Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    @Annath убаво размислување, го кажа и објасни другиот дел од оваа приказна, вери вери најс.......! :)

    @Gordana10 кога го прочитав твоето мислење ме потсети на книгата Железната Петица' и ме натера да размислам повторно за "животниот шаблон" и "општествената машинерија", се сложувам со тебе дека не треба да се прави поделба нити нешто да се пресметува математички нити да има правило, но во глава ми доѓа мислата и прашањето

    Дали е природно тогаш човекот да оди во градинка, во основно, средно, фах ?

    Хм, некако се ми излгеда подредено, 4 фази, вештачки наметнато, и толку длабко всадено во нашите глави а се тоа ни изгледа сосем природно и нормално ? :)

    Ми се допаѓа што несакаш да бидеш дел од машинеријата, макар и љубовна :) имаш одлична поента погледната од друг агол ( да не речам мој агол ) :)
     
  6. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    74
    Со оглед на тоа дека наредниот месец ќе правиме 7 години со моето Бубу, можам комотно да кажам дека ние до сега поминавме низ сите 3 фази а можеби и низ уште неколку :lol: Многу пати раскинувавме и се смирувавме за овие 7 години, за као да кажеме дека сега научивме нешто од сето тоа... Хмм...незнам баш. Моментално мислам дека сме повторно на почеток, во првата фаза, што најчесто ја практикуваат луѓе на почетокот на една врска, или пак сме во втората?! Искрено незнам ни самата во која фаза сме, сме ли воопшто во некоја од наведениве?! Кога како, денеска се сакаме најмногу и мислиме се може да се преброди, утре сфаќаме можеби е подобро да прекинеме, за задутре да го правиме истиот муабет и се вратиме на првата фаза... Каша! :rofl: Да, тоа сме јас и Бубу а верувам и многу други парови, после толку долго време поминати заедно, низ фази и чуда, за повторно да се најдеме некаде на почетокот, некаде на првата фаза... или пак втората... можеби и третата, кој знае?! :lol: Поздрав до сите :f:
     
  7. SmileX

    SmileX Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    @Miss-Perfect

    Одличен "ритмичен" одговор, гарант у позадина слушаше хип-хоп музика додека куцаше. :)

    Бесконечна каша во која и двајцата уживате додека таа несвесно ви се повторува. cool :)

    Во моментот кога ќе ти се здосади, затоа што ти си веќе свесна, можиш да го промениш правецот на твојата врска...... во нешто уште повозбудливо и подинамично од ситуација што ја опиша претходно... :)

    Можеби зборот не е толку соодветен, "фазa" би ja нарекол "менталнa состојба" :emo:
     
  8. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    74
    Лол, не слушав никаква музика во позадина додека пишував, него додека ги читав коментарите на предходните форумџики, баш размислував во која фаза сме ние и неможев да најдам никаков одговор на тоа. Во одредени ситуации се наоѓаме во различни фази, или "ментални состојби" како што ти кажа, но тоа сме ние. Би сакала и јас да знам конкретно каде се наоѓаме, но одамна сфатив дека такво нешто не е можно со нас. Уствари можно е, но ете нема кој да го потегне тој чекор и да изрази некоја особена желба за промена. Тешкиот период кој го имавме во изминативе неколку месеци ме натера да престанам да се трудам да променам нешто и конечно нашава врска да заличи на нешто и да тргне во некој правец зошто сфатив дека така само повеќе ја форсирам и гушам врската. Такви сме какви што сме во моментов, незнам до која фаза стигнати, но знам дека пребродевме многу, се навраќавме и сеуште се навраќаме на истите фази по којзнае кој пат (who cares), но битно заедно сме и се сакаме. За понатаму ќе видиме, можеби и Мис Перфект еден ден ќе каже дека има нормална врска, за сега уживам во овој хаос :D
     
  9. SmileX

    SmileX Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Хахах, ма нормално, само опуштено. Дали е хаос или не, тоа е само лична перцепција. Драго ми е што уживаш/те, баш весело ми делуваш :)....
     
  10. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Фази во љубовната врска

    Во секоја љубовна врска постојат неколку фази во нејзиниот развој.Еве на еден хумористичен начин ќе се обидеме да ви ги доловиме моментите од врската.
    Но, нека ви биде јасно - смислата на животот е љубовта. Сега проверете во која фаза се наоѓа вашата врска.

    [​IMG]
    1фаза:Прв состанок


    [​IMG]
    2фаза:Возбудлив период


    [​IMG]
    3фаза:Комфорен,стабилен период


    [​IMG]
    4фаза:Премногу опуштена врска


    [​IMG]
    5фаза:Почеток на одбивање и негирање на партнерот


    [​IMG]
    6фаза:Раскинување


    [​IMG]
    7фаза:Повторно заедно


    [​IMG]
    8фаза:Брак
     
  11. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    2.143
    Прилично е точно :)
    После 6 години стигнавме до интерзависност :inlove: и многу ми е мило :)