За 10 години во „ние кои сме 40 години“ јубилеј ќе си славиш со ова ергенството, фемина веќе ти има послано црвен тепих само треба да газиш по него.
Јас сум 23 и сингл .. мислам дека темава е баш за мене .. Зошто ? Затоа што и тој што е сега 30 бил некогаш 23 и сингл. Така да да не дочекам и јас 30 да бидам сингл подобро е да прогласам дека сега темава е за мене Make sense ? ПозЗ3³ ®
Јас сум 22 и сингл, добро е не има што повеќе јас мислам дека треба и еден празник да си одбележиме и да си го славиме Па не може сите да бидат во врски и омажени/оженети како што нели не може сите да бидат богати, мора да се има некој баланс така си функционира светот
Имам уште малку време до 30, но бидејки сите пријателки ми се над 30 се чуствувам и јас веќе така. И така гледајки од страна за сите и за машки и за девојки мислам дека причините за проблемот (да, проблем е може да глумиме дека не е) се 1. Што премногу идеализираме, бетер од тинејџерки сме. Се повеќе и повеќе ги наоѓаме мааните кај спротивниот пол. И смешни ми се изразите демек имала она изграден карактер знаела што сака. Реалноста е дека поима нема што сака ама многу убаво знае што НЕ сака, а тој список е од ден на ден се подолг. 2. Премногу сме самоуверени. Мислиме дека ако сме постигнале некој професионален успех и имаме 5 денари во џеб дека сме мали Богови. Да е уште полошо бараме некој сличен на себе а ретко кој/а од нас за себе си ја има реалната слика во главата. Сите си мислиме дека сме нешто повеке од тоа што навистина сме. -3.Очај за брак. Веднаш кога ке запознаеме некој интересен му се напнуваме за брак. И после излегува трчкал студентки. Е па ќе трчка, таа е забавна и не го замара за брак, тоа само од себе си доаѓа. 4. Си мислиме дека го имаме изгледот како на 22 а на сите годините му се познаваат, изретчена коса, брчки, вишок килограми. Уште па кога ќе видам 35 годишна кога се облекува и понаша како на 18 толку очајно ми изгледа. Исто ко кога ке видам 18 годишна да се облече ко 35. Ве лаже Холивуд, искинати фармерки со мрежести хулахопки во комбинација со блузичка со гол стомак на девојка над 30 изгледа смешно колку и да е убава. Од друга страна некоја подамска комбинација истата девојка ја прави парче и пол. 5. Разгалени сме. Дури и тие што не живееме со родителите туку сами уште мајките ни помагаат. За тие што живеат со родителите па да не правам муабет. Мајката готви, пере, пегла а она е како принцеза . И што ке и е да се мажи обврски да си ствара. 6. Намалени се шансите да запознаеш некој. Не е ко на 20 , дискотеката врие од добри прилики, не се мислиш многу многу, пиеш 2 чаши и му се тупесуваш на маса на тој/таа што ти се допаѓа. А тоа сакам да читам книги, да уживам сама гледајки серии, да градам кариера, толку мизерно звучи... чекај бе тие што имаат дечковци/мажи нели гледаат серии, нели имаат време за себе и слично?
далеку си ти од 30ка јас првиот децко си го фатив на 22 год...еееее камо таа срека да сум 22год најубави год си ужувај си ги и не се замарај
1.Точно дека можеби идеализираме и точно е дека знаеме што НЕ САКАМЕ! Знам дека сакам некој што е непушач-ако порано сум толерирала дим од цигари, е сега повеќе не!Најмногу од се не би сакала да имам некој дома што ќе ми пуши и ќе ми ја задимува цела куќа. 2.Самоуверена сум -ДА , зошто да не сум.Можеби немам некоја кариера , но самоуверена сум од моето животно искуство и нема да се однесувам како што другите би сакале, туку онаа правата ЈАС ќе се прикажам- па ако сакаш прифати ме, ако не /тоа е.Тоа сум ЈАС.А тој ако не е самоуверен , нема да ми остави добар впечаток, ако не биде свој и опуштен во мое друштво, ако треба со клешти да му ги вадам зборовите,џабе се. 3.Не сум очајна за брак.Често не ни стигнуваме до втор состанок. Можеби звучи жално ова 4.Свесна сум дека немам 22 год. имам вишок килограми, но се носам соодветно годините мои. 5.Живеам сама и не зависам од мама, сама си готвам, перам, чистам, пеглам...Не бегам од обврски. 6.Знам дека се намалени шансите да запознаам некој .... 7.Уживам да гледам серии сама хахахаха ,можеби кога би имала некој, не би гледала сама. НАРАВОУЧЕНИЕ: Каде грешам???
Ова треба да е упутство за тоа како треба да се живее животот или како да си најдеш дечко/муж? Збориш за очај за брак, а постов некако таков призвук ми има. Многу луѓе после тоа стигнале и до фазата очај за слобода али отом потом. Ова го собрав од фејсбук и го доловува точно тоа што сакам да го кажам „Бушманите од пустината Калахари раскажуваат за два вида на глад – Голема глад и Мала глад. Малата глад бара храна за стомакот но, Големата глад, најголемата од сите, е гладта за смисол. Постои само едно нешто што вистински ги прави луѓето длабоко и суштински огорчени, а тоа е кога им се наметнува живот без смисол. Нема ништо погрешно во потрагата за среќа. Но, душата бара нешто повеќе од несреќа или среќа, а тоа е смисол. Затоа што смисолот преобразува сѐ. Кога ќе почнеш да го правиш она што за тебе има смисол, станува неважно дали си среќен или несреќен. Затоа што си исполнет – не си сам во својот Дух, ти припаѓаш.“ Laurens van der Post
Не грешиш. На иста линија сме. Добро ти си постара од тоа што сум читала, постара од мене. И јас не сум во брак, па не сум очајна. Свесна сум дека со текот на годините се намалува бројот на потенцијални партнери, па и бројот на упорни партнери опаѓа, свесна сум дека кај и да е ќе имам брчки, свесна сум дека не сум на 20 години и не сум во топ форма за раѓање на пример, но секој ќе си бара човек за себе. Очаен човек е смешен човек и заглавува во проблеми. Многу машки, па и женски трчаат по првиот што ќе им се пушти, само за да стапат во брак или остануваат трудни намерно, а потоа за некој месец завршуваат пак сами, само со дете во раце на кое треба да му бидат и мајка и татко. Во животот треба полека и со ладна глава да се донесуваат одлуки.