30 и сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од N1kol, 13 април 2016.

  1. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Те разбирам, и мислам дека тоа повеќе зависи од човекот отколку од годините. Има луѓе што знаат да освојат со муабет, внимание и интерес, а има и такви што не знаат ни најобичен разговор да започнат. На крај, годините се само бројка — карактерот, хемијата и начинот на кој се однесуваш кон некого се тие што прават разлика. А кога некој навистина сака да те запознае, не мора ни да се трудиш да погодиш — едноставно се чувствува.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Не е ништо комплицирано да ме разбереш, јас имам 100 * 0 шанси, чиста математика.
     
  3. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Врска нема, сум сакал да запознаам личност дури и без романтичен интерес, едноставно ако нема некоја огромна привлечност или некоја си цел, нема шанси, МОЕ ИСКУСТВО.
     
  4. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Зошто користите АИ на форум :rofl:

    Очигледно не постои можност за дискусија така да ок..
     
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.894
    Допаѓања:
    24.348
    Самодоверба без сељачка ароганција, интелигенција (емоционална, социјална, морална, финансиска), лојалност, добар правопис, зрелост, добра смисла за хумор (не онаа за ,,широки народни маси", не Мујо, Хасо и Фата хумор), слични ставови и погледи на животот, да не е ВМРО, да се бања редовно и да има голем пенис.
    [​IMG]
     
    На CameliaMiller, Amellie13, boo3 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Секој си носи свое искуство и од него си гради мислење. Не мора да се согласуваме за се,битно е да можеме нормалнo да разговараме и да ги почитуваме туѓите гледишта.
     
  7. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Значи се бара изграден и перфекција човек.
     
  8. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Е издаде долгата цртичка...
    Иначе зошто да не постои дискусија, кога 99 % не давате шанси на некој што не го знаете и не се обидувате да го запознаете освем ако не е 10/10 се изграден типа топа како што објасна членката погоре.
     
  9. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.217
    Допаѓања:
    186.406
    Пол:
    Женски
    Објективно, после 30 е потешко да се најди некој, независно од то шо знајме подобро да одбериме (далеку од пребирливост).

    Зошто?

    Од старт повеќето свадби се во просек до околу средни 20ти со дел многу порано, шо значи тие се врски кои почнуваат во најмала рака во рани 20ти. Најчесто ако некој вреди people lock in и то шо е сериозно и квалитетно е зафатено. На 30+ најчесто ги имаш или тие шо биле во долга врска и раскинале или тие шо биле несериозни во 20тите и сега "вртат нов лист". Шо е далеку од лошо. Едноставно е значително помал круг. Шо е фер во 20тите има поголем избор ама има многу кои неќат сериозно баш зошто се млади. Уште еден чекор погоре, на 40+ уште поќе црвени знаменца ако некој е сингл и кругот за дејтање е уште поќе намален. Не е невозможно, само како се оди во секоја наредна десетка е потешко и потешко не зошто се крева стандард (шо не е лошо, напротив) туку зошто се намалва изборот.

    Сега за стандардот. Помлади имаме пониски стандарди. И то не е добро. Сум ги барала истите работи кај партнер, само како помлада сум дозволувала да ми ги поместуваат границите, шо сега не е случај. Се шо лета се јади и мислиме дека the bare minimum е доволно. Како созреваш сфаќаш дека партнерство се заснова на љубов, разбирање и поддршка и за жал многу мал број луѓе толку отворено и рано конзистентно би ти го дале то. Нетолеранција и не праење на глупи луѓе среќни е најголем подарок шо можиме да си го дајме себе. И да си спремен да си сам наместо да си несреќен покрај некој е најмоќниот чин на себе љубов шо си го имам даено зошто со то шо не толерирав просечни мажи најдов ете на 30 точно то шо барам.

    Некои би рекле брзав за да не пишам во темава. :D

    Ако давам перфекција - барам перфекција.
    hair-flip-starts.gif
    И не е ни мајтап, на 30+ немам време да поправам некој. До 30 се поправав себе и очекувам секој да го прај го за себе. Неминовно со партнер пак ќе се поправаме по малку за поќе да си одговараме ама едноставно има карактеристики кои не проаѓаат ако брзо не ги попрај. Буквално ништо од она шо @FriendOfDorothy го пиша не е нереално. Туку е некој минимум за личност која е вредна да се продолжи нешто со неа.
     
    На CameliaMiller, Амаја, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Се додека имате такви уверувања ќе сте сами.
     
    На daylight и Amellie13 им се допаѓа ова.
  11. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    А какво уверување да имам кога го живеам тој живот?

    Значи, не те познавам, генерализирам али дали стварно мислиш дека си перфекција? Дали мислиш дека постои всушност таков човек, и дали мислиш дека секое битие на планетава има иста дефиниција за перфекција?
    Тоа што го пиша членката е дефиниција за перфекција, вие не барате човек, вие барате замисла од човек, и откако медениот период ќе помине и ќе испаднат сите "перфекции" на површина, тогаш подруго е размислувањето.
    Јас барам личност што ќе се гради со мене, што ќе е доволно добра, немам делузија да е барам "ПЕРФЕКТНАТА" зошто таа не постои. Не ве познавам вас, генерализирам.
    Ако тоа е апсолутен минимум, баш сакам да слушнам кој се препорачани квалитети на еден човек што го барате вие.
    После испаднува дека сите машки се исти и стапката на развод само ќе расте.
    Никој човек не испаднал без лузни во овој живот. Како така, нешто некаде ќе допре.

    Што е интересно, во првиот одговор се сложвам со тебе 100%, ама во вториот даваш подруга перспектива на работиве.
     
  12. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    4.140
    Пол:
    Машки
    Не постои такво нешто како човек перфекција, за некој нешто што е перфектно за друг не е, луѓето не ги перцепираат исто работите, на 30+ години треба да знаеме што сакаме, што нудиме и што бараме од еден човек.Не сум релевантен да ти кажувам што сакаат жени, ама знам една работа што не сакаат, а тоа се мажи што звучат како очајни баби.Ти си ми драг, затоа што те читам во анкс темата и знам низ што поминуваш, но мораш многу да работиш на себе, за себе, за да почнат да ти се менуваат работите на подобро и ќе видиш дека не е научна фантастика да запознаеш жена.
     
    На Dek0 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.919
    Допаѓања:
    64.230
    Пол:
    Женски
    Ах, каде со овие високи нереални стандарди, особено за македонскиот народ. :( Јас сакав да додадам и нешто ко да ме сака каква што сум и да не треба да молам за љубов и внимание ама си реков да не се занесувам со скоро 30. :shake:

    Даваме шанси, ама какви ги има поарно да не ни пишуваше никој. И тоа баш одам отворено и опуштено и споделувам за мене, ги кажувам моите намери, а во другата страна не наоѓам исто. Не преувеличувам кога велам дека стварно муабет не се знае да се направи. Затоа се спремам на секаков исход. :D
     
    На CameliaMiller, FriendOfDorothy и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Што живееш? Заследување секоја рандом, по 200 нови дневно? Очекуваш некоја да е заинтересирана по здр или здраво? Очекуваш некоја со 5000 следачи и градите и задникот во прв план да сака со тебе да излезе?

    Немате никакви критериуми за девојка. Најлесно ви е да се тешите дека секоја трча само по пари.
     
  15. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    За мене ли е коментаров?
    Еве вака ќе ти приредам јавно, имам 300 следбеници, знаеш ли колку не познавам од нив? Само една личност.
    Ако си имаш претстава дека следам типки со отворени профили што ми излегувет на почетна и да очекувам од нив да ми врати некоја, за џабе разговараме.
    Имаш погрешна перцепција за мене (и за голем број од мажите), и формираш одговор/заклучоци генерализирано на тоа.
     
  16. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.217
    Допаѓања:
    186.406
    Пол:
    Женски
    То шо пиша членот е bare minimum. Ти го нарече перфекција и ако ова е најмногу шо мислиш дека еден чоек можи да постигни мене ми е алармантно.

    Перфектна не сум, ама то шо барам то и давам назад (сем голем к*р). Ти тој bare minimum го нарече перфекција. Перфекција за мене е многу нивоа над bare minimum. Ако јас давам одредени работи и тие истите не ми се возвратени, а ми се под "bare minimum" - yeet. Зошто јас немам очекувања да добијам нешто шо не можам да го понудам. Воедно, не ни сакам нешто да нудам несебично и истото да не ми е возвратено. Сметам дека партнерството е давање и земање без никој да е во "загуба" и растење заедно остатокот од патот (јер до сега сме растеле сами).

    Френд, не те цитирам тебе туку твоите критериуми и зборам кон членот:
    Самодоверба е то шо не привлеква во некој. И да нема премногу самодоверба е ок, јас ќе му поможам да ја стекни со љубов зошто го сакам и сакам да се осеќа добро. Ама ако има сељачка ароганција? It's over. Не можам да трпам тој тип на мажи. Едноставно нема простор за раст покрај мене.

    Сум дала шанса на глуп зошто ми бил убав. Најлоша одлука во мојот живот. Јас сакам да зборам (ако не се познава по форумов), јас имам многу интереси и хобиња и се инвестирам во нив и сакам да ги споделвам како гавран шо ти носи парички оти те поштова. И ако најдлабокиот муабет во партнер е да ме праша како ми е денот и чамче-муабет - губам интерес побрзо од шо трепкам со очиве. И сум ту мач, јас сум по дифолт ту мач. Overwhelmingly многу се вложвам и давам, ама истото го очекувам назад зошто сметам дека ако сакаш некој тогаш нема да ги е проблем да се инвестираш во тој некој.

    Dare I say - the bare minimum.

    Ајде би прогледала низ прсти ако не беше и глуп во исто време.

    The bare minimum. Дете сакам да имам, да. Неќам да растам и некое недораснато. At the ripe age of 30 очекувам да не дејтам дете јер не ме привлекуваат деца (помали, незрели).

    То во заградата? Кринџ. Ми се суши и нема да го прими од шо ми е неатрактивно. Ама партнер шо можи да ме насмеј? Уф. Поарно ич да не пробва да е смешен место да е "смешен" како во заградата.

    Не барам партнерот да е ист ко мене, туку да можиме да дискутираме без да се скараме. Со ВМРО мажи то не го можам. :D Не можи особено да не се согласва за човекови права и права на животни.

    The bare minimum. И ај последното не го коментирам оти е едино шо не можам да го дам назад на партнерот. :rofl:

    TLDR јас во партнер барав најдобар другар кој ме привлеква сексуално. И то е the bare minimum.
     
    На CameliaMiller, Amellie13, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Немаш роднини, пријатели, познаници па само една личност да ја познаваш?
     
  18. Dek0

    Dek0 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2026
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Како го сфати сосем обратното?
     
  19. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Извини, моја грешка, погрешно прочитав. :$
     
  20. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Сите денес трчаме по „перфектен“ партнер, а ретко застануваме да се запрашаме нешто многу поважно: дали и ние ќе знаеме да ја почитуваме таа личност, да ѝ дадеме љубов, внимание и поддршка? Дали ќе бидеме тука кога ќе ѝ биде тешко и дали ќе знаеме да возвратиме со иста мера на сè што ни дава?

    На крајот, не постои перфектен маж или перфектна жена. Постои човек со кој можеш да се разбереш, да се почитувате, да се сакате и заедно да градите нешто убаво. Зашто не е најважно што бараме кај другиот, туку и што сме подготвени ние да дадеме.
     
    На daylight и Sweetymk им се допаѓа ова.