30 и сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од N1kol, 13 април 2016.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    4.466
    Зависи каква работа. Не мора воопшто да бидат тоа колеги/колешки, можат да бидат клиентите, муштериите поготово на работни места каде поради работните обврски имате простор за поголема вербална интеракција со луѓето. Секако, треба да бидете внимателни, да не бидете нападни.
    Не го ставај курот е правилно. Не мора да го ставаш таму како што пишав погоре, но може да ти биде одскочна даска, можност за нови познанства.
    Затоа нема да бидете шутраци кога ќе се додворувате и нема да приоѓате на оние кои пошле да им излезе лошото од напорниот ден. Секако, тоа не можете однапред да го знаете меѓутоа внимавајте на сигналите кога пристапувате, погледот со очите каков ѝ/му е кон вас (на пр. дали постојано го одбегнува или ве гледа со презир, осуда и сл.) - тоа оди со искуство, неколку пати можеби и ќе се излажете, ама како велат американците во бодибилдингот no pain - no gain. И не се обидувајте со истата личност ако гледате дека апла не сака да прави муабет со вас.
    Она што мислам дека форумџијката сакаше да каже е дека ако некој бара принцеза, се очекува и самиот да биде принц или барем приближно на тоа.
    Оди почесто на библиски студии со Јеховини сведоци и неделните приредби на Харе Кришни
    А можете заедно да искачате во веганскиот ресторан шо го држат адвентиститена 7-иот ден...
    :rofl:
    Еден српски психотерапевт за парови кажа голема вистина: Потребно е да разбереме дека безусловна љубов постои само кај (нормалните) родители кон своето дете. Во партнерството потребно е да се инвестира - секој сам во себе а потоа и во односот кон партнерот/партнерката во смисла на почит, отвореност, свесност за одговорност за планирањето и постапките, спремност за соочување со проблемите.

    Општ совет за сите партнеротрагачи - не се ограничувајте со некакви лажни формули за разлика во годините и што мислат за тоа другите. Небитно дали сте врсници, постари или помлади некоја или многу повеќе години едни од други - важно е дали ви оди муабетот и се чувствувате убаво и двајцата.
     
    Последна измена: 27 септември 2026
  2. 19tea

    19tea Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Што е тоа што една жена може да направи за еден маж да не ја гледа само како партнерка, туку да си рече „оваа жена не сакам да ја изгубам“?
    Што ви значи повеќе вниманието, почитта, верноста, нежноста, поддршката, страста или нешто сосема друго? И што е она што една жена никогаш не треба да престане да го прави за својот маж?
     
  3. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    4.342
    Пол:
    Женски
    Ако нешто мораш да правиш за да заслужиш се тоа што наброја, тоа веќе не е љубов...
     
  4. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    32
    Не е до тоа што прави жената за мажот, туку каков човек стануваш покрај неа. Жената што знае да ти даде љубов, почит, мир и страст е вредна. Но онаа поради која и во најтешките моменти си велиш „со оваа жена сакам да го поминам животот“ таква не се заменува.
    И не, не треба жената постојано да се труди да биде доволно добра за мажот да не ја изгуби. Вистинскиот маж ќе се труди и тој да не ја изгуби неа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 19tea

    19tea Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека љубовта треба да се заслужува со исполнување на некои услови. Љубовта треба да се дава искрено, со почит, внимание и поддршка, а не да се чувствува како награда што ја добиваш само ако направиш сè како што треба. ❤️
     
    На Slevin Kelevra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    4.466
    Тоа е идеалната партнерка. Или си налетал или допрва сèуште треба да налеташ на неа односно него.
    Нема тука нешто конкретно што таа треба да прави освен она општо прифатливо дека се грижи за себе и дека има елементарна можност за разбирање и комуникација. Работата е што најчесто дури низ разговорите и дружењето и секојдневните пријатни и можеби непријатни ситуации дознавате дали е таа/тој вистинската.
    Вљубеност и љубов не е исто, а сексот/страста е нешто сосема трето. Вљубеноста може да биде понекогаш на прв поглед, но љубовта се развива меѓу сродни души. Ако не се сродни, нема да може многу да се развие.
     
  7. 19tea

    19tea Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека вљубеноста, љубовта и страста не се исто. Мислам дека вистинската љубов најмногу се покажува со текот на времето, низ секојдневието, разговорите, разбирањето и начинот на кој двајца се однесуваат еден кон друг и кога е убаво и кога е тешко. Не верувам дека постои некој совршен партнер, туку дека вистинскиот е оној со кого можеш слободно да бидеш свој, да комуницираш, да се почитувате и заедно да растете. А дали сте навистина сродни души, мислам дека само времето и заедничкиот живот можат да го покажат.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.591
    Допаѓања:
    280.853
    Попребирлива сум од едноставна причина што сопствениот живот ми е далеку поизграден него пред 10+ години, имам далеку поголеми очекувања отколку што сум имала тогаш, и веројатно најважно, не мислам дека можам да променам некого (ниту некој да ме промени мене). Стандарди постојат (кои најмалку имаат врска со материјални работи) и од кои не отстапувам, поради едноставното спознание дека партнерот треба да ми донесе нешто позитивно во животот, а не да ми биде извор на дополнителен стрес.

    Нормално е да сме попребирливи на 30+ бидејќи прво себе подобро се познаваме и го имаме искуството и со себе и со другите кое 10 години порано сме го немале.
     
    На FriendOfDorothy, Gosh, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  9. 19tea

    19tea Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова. Со годините не стануваш пребирлив без причина, туку едноставно подобро знаеш што сакаш, што ти одговара, а што не. И мислам дека е сосема во ред да имаш стандарди, особено ако не се засноваат на материјални работи, туку на почит, искреност, комуникација, доверба и мир. На крајот, партнерството треба да ти го збогатува животот, а не постојано да ти создава немир и стрес. А најважно е што не треба да влегуваш во врска со идејата дека ќе го промениш другиот или се прифаќате такви какви што сте и заедно се надградувате, или едноставно не сте еден за друг.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AlphaOne

    AlphaOne Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    32
    Баш тоа ми се допаѓа во муабетов не бараш некој по секоја цена, туку некој што реално ќе ти го збогати животот. И искрено, мислам дека после 30 не треба да ги намалуваме стандардите, туку подобро да знаеме зошто ги имаме.