После колку дена може да ја следите пратката? Јас порачав пред 3 дена, но сеушт не добивам резултати со Tracking бројот кој м го дадоа
Стално нарачувам, имам добри искуства со него, еднаш не ми стигна маска за телефонот и ми ги вратија парите.
Девојки, јас одамна немам порачувано од Али (освен едно сатче ама тоа ми го пратија во плико и си го најдов во сандаче, заедно со сметките ). Има некоја промена во врска со процедурите околу царинење, подигнување од пошта итн или се си е по старо?
Некаде низ темите прочитав дека се царинеле пратки над 22 евра. Ме интересира нешто повеќе околу тоа, затоа што мене никогаш не ми се случило ова, иако сум нарачувала многу нешта над 22 евра. Мислам дека cè уште важи она дека не се царинат пратки под 45 евра, а оние под 22 евра се ослободени од плаќање ДДВ.
Мишелке незнам точно над која сума е, и како нашиве сами си измислуваат закони. По закон си стои над 45. Ама последен пат ми царинеа пратка од 40е, мислам немаше ни толку. Е сега се работеше за Асос, каде си стига фактура. А на али секогаш пишува некоја скромна сума. Имав порачено два пара патики од по 40$, на пакетот пишуваше некоја смешна сума од 15. Плус можеш да му нагласиш на селерот, да ти напише мала вредност, не прават проблеми.
Ах, значи тебе сум те читала во темата за Асос. Толку се изнервирав, што не се ни потрудив да запаметам кој пишал и каде, па мислев дека сум прочитала тука некаде низ темава. Минатиот пат пратката (од Асос) за малку не ми надмина 45 евра, не ми царинеа ништо. Инаку, повторно очекувам пратка од таму, отприлика нешто помалку од 35 евра, па ќе видиме како ќе ме „покрстат“ овој пат, откако го прочитав ова, очекувам сешто. А за Алиекспрес навистина не сум имала потреба од преговарање со селери, затоа што најчесто нарачувам ситници со ниски цени - добро е да се знае, во секој случај.
Јас земав телефон од 64 усд, што е некаде околу 58-59 евра....претходно се договорив со продавачот да ми го пише како 35 усд и немаше никаков проблем
http://www.aliexpress.com/item/014-...Kit-Powder-Blush-Brushes-with/2028605947.html овие ми стигнаа денес, исти се како на сликата
Никогаш немам порачувано нешто преку интернет, па еве планирам да порачам нешто од алиекспрес. Ќе може ли некој да ми објасни како одат постапките на порачување до пристигнување на порачката. Прочитав нешто дека доставата била бесплатна и дека не царинеле за мали суми. Ако некој би сакал да ми објасни би му бил благодарен. Поздрав.
^ Одбираш каков производ сакаш (со бесплатна достава, со пари,) да има фидбек (мислења од тие шо го купиле) за да се осигураш дека ќе ти стигне ист како на сликата, царинење нема, јас имам порачувано до 500 ден. а за нагоре незнам
Али се одлични за накит и слични работи како маски за телефон и слично сега не ми текнува да не набројаувам , сум порачувала многу пати и секогаш сум имала супер искуство. Еднаш не ми стигна мислам беше ланче и ми ги вратија парите , но исто така порачав шминки и беа со низок квалитет јас секако го очекував тоа но не до толку многу чудно мирисаа и така си ги фрлив ама океј е беа по многу поволна цена. муабетото ми беше дека за продукти порачување за хигиена и слично не е препорачливо .
Ве молам мене неука да ме оправите во живот.Пробав да нарачам со VISA elektron на Стопанска банка ама ми се појавува ова. И сега каде е проблемот?
Луничке , не можеш со обична Виза на Стопанска, они си имат посебна картичка за онлајн, па затоа тии ја одбиле.
Девојки да не знаете како оди сеа со попустов ако порачаш од мобилен? Нели има апликација и има од 6 до 60% попуст, ама кога стискам на некој производ да го порачувам и има цена 14$ и пишува 6% попуст ама после тоа не се намалува цената, останува пак иста 14$.
Ќе ве замолам ако може некоја да одвои неколку мин да ми прати линк од алиекспрес од маски за телефони и футроли.Не можам никако да најдам.Ви благодарам однапред.
Ве молам ако некој може да ми помогне Нарачав нешто и го платив ама после верификација на плаќањето го најдов истиот производ кај подобар селер со 100% задоволни купувачи и 2000 и нешто нарачки додека првиов кај што порачав имаше само 30 нарачки и немаше фидбек за производот.Дали ќе ми ги вратат парите ако стиснам cancel order(I dont want this product anymore)додека е во processing order??Досега никогаш немам откажувано нарачки ниту отворано dispute,секогаш ми стигнувало се што ќе нарачам.Што да правам?
жени ај ве молам ако има некоја искуство со селери на патики нека ми прати линк. Ме интересираат просечни патики за во теретана и да не се многу скапи. Тенкс.