до сега не сум порачувала од интернет но би сакала да започнам од алиекспрес. каква картичка да извадам ..како да комуницирам со селерот и како да порачувам што да внесувам и како да гледам до каде ми е пратката ..ќе може ли некој да ми објасни убаво ако не му е тешко...
Сакам да ми кажите за чанти што се по две три во пакет дали имате нарачувано? Колку сте задоволни од ними сакам да нарачам
Здраво сакам да порачам палто од алиекспрес па ме интересира ваша препорака или мислење или пак ако имате порачано да ставите слика и линк да видам како изгледаат ... Поздрав
до сега не сум порачувала од интернет но би сакала да започнам од алиекспрес. каква картичка да извадам ..како да комуницирам со селерот и како да порачувам што да внесувам и како да гледам до каде ми е пратката ..ќе може ли некој да ми објасни убаво ако не му е тешко...
Кога и да сакаш нешто да порачуваш отвори го производот и гледај фидбек. Ако има многу добар фидбек над 95% и плус има слики од други луѓе кои ставиле како изгледа производот и ти се допаѓа, тогаш порачувај.
Денеска ја добив мојата нарачка. - 12 моливчина од кој сум презадоволна преубави се - 5 пара трепки, малце се долчки ама ајде ќе ја бидне..
Девојки јас порачав некој маски за телефон две се веќе пратени,другата уште ја чекам.. Него друго нешто сакав да прашам.. Кога селерот има означено минимум дека му е 10$ пример или коа сакате повеќе работи од ист селер,си ги порачувате една по една како што е и му пишувате сите во еден пакет да ви ги пушти или самиот селер без да му кажете ги пушта во еден пакет...логички би требало така да е ама што знам да си прашам. Сега почнав да порачувам па некој работи не ми се јасни сеуште,прочитав повеќе страни тука ама се едно исто се врти па не ми беше многу од помош.
Ми помина времето за редактирање,затоа вака.. сега видов дека пратката една што е тргната не пишува крајна дестинација..ќе сака ли некоја тука или во лп да ми објасни малце окулу следењево на пратките еве што ми пишува.. Original Country-Yanwen[YF009316696YW] To Unknown[]
@Maria.A Работите сто кје си ги одбереш од селерот ги ставаш прво во кошничката и потоа сите наеднаш ги плаќаш (bye all). Селерот сите производи ти ги праќа во еден пакет. Овие пратките што се со ваков тракинг, тракингот ретко покажува точно. Лично јас не се преоптретувам премногу со тракингот на производи што имаат ваков тракинг број. Само следи го времето што треба да ти стигне. Ако не ти стигне во дадениот период, ќе му пишеш на селерот.
претераа веке само мене ми идат пратките за 45-60дена или и на вас ви се случува тоа во последно време се со некои безвеза пошти ми ги пракаат и чекам многу долго време а и тракингот му е крш влегла во мак и толку нема после тракинг
женски ке мозе некоја сто знае некоја страна за такинг да ми казе каде ми е пратката? пошто јас неможам да се снајдам.
Девојки неодамна отворив диспут зашто не ми стигна нарачката и еве и ден денес парите не ми се вратени, му пишам на селерот а тој само смеалчиња ми праќа...има ли друг начин да го пријавам селерот, ај да е за долар - два ок ама 30 не се малку?
Дали плаќањето ти беше успешно од прв обид? Мене ми се случувало да неможе да се процесира плаќањето и после неколку обиди ќе успеев да платам а во меѓувреме селерот ќе ми испратеше ваква порака ама потоа ќе му ја испратев пораката дека плаќањето е успешно и се било во ред.
http://www.aliexpress.com/item/fash...tatement-necklace-3-kinds-of/32296834174.html дали некој порачувал од овој селер,сигурен ли е?