Обично овој период е гужва поради божиќните и новогодишните празници, а тука е и 11.11. Знам дека и лани се жалеа дека доцнат пратките пред празниците. Јас се што сум порачала ми стигнало за 40 дена максимум. Последно се изненадив еден новогодишен украс ми стигна за 8 дена, а јас намерно уште пред еден месец го нарачав.
Мене обично за 2-3 недели се ми стигнува, но сега со празниците ке биде хаос. Се случило за 2-3 производи да ми стигнат и после 3 месеци, а една четка дури после 7 месеци иако тогаш отворив диспјут и ми ги врати сеелерот парите. Тоа е. Би требало да ти стигнат пошто се 6 недели во прашање.
Јас имам нарачувано надградба, и многу сум задоволна, еве ти линк од тие што нарачав: https://www.aliexpress.com/item/50-...l/539345701.html?spm=2114.13010608.0.0.DhLPnR
Многу ти благодарам за одговорот јас сакам ваква да си нарачам https://m.aliexpress.com/item/32533...siteDetail&spm=2114.10010108.1000023.4.IwQ7xH мислам дека 2 ке ми бидат доволно за да изгледа по густа
Сакам да нарачам киндл,гледам дека го има од али ама користени се уредите , и имаа инсталирано некој систем дополнително, ама некако не ми е сигруно дали навистина ке добијам оргинал производ.Сакав да го нарачам од Амазон ама нема достава до МК, на ибеј се стари модели и плус има трошок за испорака. Што мислите? https://www.aliexpress.com/item/Ebo..._1&btsid=4629c466-6d6a-4148-8ed9-00633d1b5469
@macalavica Оти не го купиш од тука. Цената на али не е баш ниска. Па на крај да ти стигне некое кинеско ѓубре.
Еве screenshot oд мојата нарачка oд пред еден месец, со free shipping, a еве ја сегашната надувана цена пред 11.11, и цената што ќе биде тогаш, со shipping што се наплаќа, се на се демек огромен попуст
Јас па никако не можам да следам порачки за сите ми пишува дека не е пронајдена.. Пробав и на страната и на апликацијата на 17track и ништо, да не правам нешто погрешно? Треба да внесувам order number или tracking number?
Истово го приметив и јас. Си ги чувам нарачките од изминативе месеци, и споредував баш пред некој ден со цените од тогаш и сегашниве цени и јасно ми е дека уствари на 11.11 нема ама БАШ никаков попуст Баш обратно, 2 до 3 пати се поскапи работите Не се глупави они. Знаат што прават
Па во МК нема киндл никаде, ако знаеш некаде да се продава те молам кажи ми.Порано ги имало во Анхоч ама сега ги нема.
Некои имаат лажен попуст но некои имаат и реален, јас приметив по марами, минатиот месец ги нарачував по евро и нешто сега се по 0,55. Јас приметив дека ставките кои ми се ставени во корпа, секој ден се зголемува цената за 0,1, 0,2
Девојки кога бев во поштата да прашувам за пратките еден од вработените ми рече дека пратките што биле со шипинг стигале побрзо и биле по сигурни Знам дека општо пратките со шипинг имаат некој приоритет при испраќање ама алиекспрес како алиекспрес не верувам тоа да има некоја улога или сум грешка? Порачувам од али веќе неколку години но оваа година пратките ептен доцнат по 2-3 месеци, единствено накитот некогаш стига побрзо за месец.. До што е проблемот, или имаат воведено нов рок а да не сум информирана?
Зависи и до поштарот кој е во твој реон, во мојот реон поштар е жена и многу е ажурна, штом ке ми стигне нешто одма ми го носи, знае дека порачувам од али и мн е радознала што имам добиено затоа брзо ми ги носи, баш сум задоволна од жената.
Сега по грешка порачав 1 фустан и одма во секунда кликнав на cancell order и проверив на сметка не ми беа земени пари, ваљда успешно сум ја откажала нарачката. Имал некој искуство со ова? дали треба уште нешто да направам?
Стај ги во кошница една по една. После одиш во кошничката и ги плаќаш заедно двете. Утре ќе има распродажба. Како и секој 11.11.