Јас имам порачувано и страшно незадоволна сум. 4 ипол месеци не ми е стигната пратката и ми пропаднаа 5000 денари.
Им пишав и ми одговорија дека е грешка до доставувачот а потоа ми ја затворија нарачката како дека е подигната пратката.
Алибаба порано беше на алиекспрес,па се разделија тие две. Уште тогаш се знаеше дека е несигурна страната.
МОите стигнаа. А мене ми стига меил дека продуктот стигнал во Мк. Зошто толку многу им треба да ги доставуваат до дома, не ми е јасно? ПОбрзо стига од кина до Мк, него од Мк до домашна адреса Инаку, сакав да прашам, до која сума беше дозволно да се порачува без да ти царинат пратка?
Zdravoo sakam sa naracam ramki za naocari i maski za telefon ,naracuvam prv pat pa me interesira stigaat li pratkive poradi situacijata so koronava?
Стварно не ми е јасно што прават овие од пошта, пишува стигнато пред 3 месеца на страната на али , а денес ми ја донесоа нарачката, повеќе чека човек од пошта од колку од али што се чека, катастрофа!
Вака сега нарачав нешто по грешка и одма ја стопирав нарачката но парите се повлечени,дали ќе ми бидат вратени?им пишав порака но не ми вратиле уште ништо
Ако се согласат да ти се стопира нарачката ќе ти бидат вратени парите. И мене ми се случило да нарачам нешто и да се предомислам па набрзина да откажам. Парите ми биле вратени.
Ако го имаш купонот ќе притиснеш Use now ќе пребаруваш и би требало да ти се појавуваат работи за кои важи купонот, исто ако имаш нешто во кошничка или Wish list ќе отвориш и ќе видиш ако важи купонот под цената во црвено ќе ти стои цената со користен купон. Но треба да бараш цени што важат за тој купон ( на пр. Може да имаш купон од 150 денари а да важи за цени над 300 денари или купон од 500 денари за над 2000 да важи...) Се надевам нешто разбра бидејќи не знам баш добро како оди тоа.
Здраво, Едно прашање ве молам. Нарачав нешто од Aliexpress и денес ми стигна мејл дека пристигнало кај нас. Бидејќи ми е прва нарачка, дали треба да чекам да ми пристигне дома или треба нешто да чекам за да одам јас да ја подигнам во пошта. Како оди процедурата? Благодарам однапред.
Од пошта треба да ти донесат ливче кога можеш да ја подигнеш пратката или ти ја носи поштарот истата.
Дали ви стигаат дома пратките периодов, со оглед на тоа што поштите не работаат? Ми стигна известување дека пратката е во Мк