1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

CALIFORNIA FITNESS капсули

Дискусија во 'Фитнес' започната од Sweetheart87, 21 февруари 2012.

  1. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Здраво девојки!!!

    Ме интересира дали некој ги има користено овие капсули и колку се ефикасни?

    Позз и фала однапред ;)
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Еден зимски период нагло се здебелив околу 5кг. Како прво решение ми се видоа овие таблети. (кои беа премногу скапи тогаш).
    Имаше два вида, едни кои се пијат со тренинг, и други кои се пијат доколку си пасивен и не вежбаш (и ако се прејадуваш). Вторите беа дупло поскапи и секако со поинаков состав.
    Бидејќи бев затрупана со учење, си зедов од вторите.
    И искрено, немаше ама баш никаков резултат. Не ослабев ниту едно кило. (Јадев нормално).
    Кога се затопли, почнав со трчање и за 4-5 дена одма ослабив 2кг., а потоа одма ми се слизнаа и другите.
    Дали има нов асортиман, или подобрени состојки во овие капсили денес, не знам.

    Втор пример е една моја буцкаста колешка, која пиеше секакви апчиња (платени изнад 1000ден!), нарачуваше од сите можни списанија, ама никогаш не ослаби ниту едно кило од било кој!

    Ако сакаш да ослабиш, храни се поздраво колку можеш и јади количински помалку. Никогаш не се прејадувај. Вежбај, било да се класични вежби, пешачење, трчање, не е битно, битно е да си во движење.
    Ако сакаш дополнителен внес на нешто, можеш одутро, на гладен желудник да се напиеш 2-3 големи лажици јаболкова киселина (домашна, не купечка!) со пола мало филџанче млака вода. (ги мешаш заедно). Тоа ги топи мастите, ги исфрлува токсините. ;)
     
    На Lepotajce му/ѝ се допаѓа ова.