Јас оваа ја имам , одлична е , ептен задоволна сум, ја имав купено негде средина на јануари од ДМ во Веро центар
И јас ја имам таа ја купив уште во 2021 година. И сакам да ја имам на залиха хахаха најомилена ми е. Исто ги имам natural spirt и desert romance.
Сјајов за усни им е легален грабеж, буквално. 250 денари, за само 3,5ml. Пет пати ставив и 2/3 се потрошени веќе. Апликаторот ми е скроз утка, огромен е и влече премногу од сјајот, па треба да се трткаш со него додека се натамани количината. Многу ми се допадна нијансата (има розово-виолетов отсјај на усни, со глитер е), пакувањето ми се виде слатко па си реков ај...Ми се допаѓа како стои кога ќе нанесам, ама по ништо не е поразличен од оние сјаеви за усни на Есенс (кои се дупло поевтини од овој, плус шишенцето е со нешто поголема количина внатре). Дефинитивно најомилени од поевтиниве - сјаевите на Голден Роуз. За treat yo' self момент, без сомнеж оние на Кико.
Јас имам комбинирана кожа и го користам вториот одличен ми е. И третиот го имам користено ама вториот повеќе ми одговара.
Дали некаде го имате видено небесно синото моливче за очи од оваа марка? Го има тиркизното ама ова другото не можев да го најдам во неколку ДМ.
Дали сте го забележале некаде? Веќе некое време го чекам да го донесат во ДМ во Капитол мол и ништо. Проверив и во Шатци, но го нема. Се надевам не го повлекуваат.
Излегла нова линија на Catrice руменила, читав коментари дека биле ко dupes на Rare beauty руменилата. Се надевам дека за брзо ќе дојдат и тука, баш убаво изгледаат. 4 нијанси треба да има и сите изгледаат преубаво.
Леле значи од сѐ да се скратело. Сега приметувам дека и омилениот catrice liquid camouflage коректор му намалиле милитража, а цената иста. Дури и повисока со инфлацијава
Само што ми излезе на инста на катрис дека ново пакување има на овој производ, отвори види може така го има, или ќе го има во иднина.