Нереално ми тоа што Али Иксан не се распраша за минатото на Ифет,не знае за Џемил,ќе и препише дел од акциите,скоро и да не ја познава,како таа пред него живот да немала,нереално ми е,возрасен човек толку наивен и плус ја гледа дека не го сака.
Eпа он разбра дека дечкото ја силувал а татко и ја истепал и го загубила бебето и се сожали па и понуди брак,ама не ја праша кој и бил дечко,ниту пак таа му кажува, што е нормално човекот кога после сите овие глупости кои се случија да збесне. Ифет го претера. Ај на почеток добро, крие, ама кога и се пикна во куќата, посебно Али Иксан да разбере дека истиот силувач ја мота ќерка му до сега ке беше лом.
Убав е бре ,само недај Боже да го прекинат ,со душа ја чекам секоја епизода. Плус тоа , очи плакнам со оној Џемил ,ептен лепотанче ми е
ova e 35 epizoda i e kraj na prvata sezona a ova e frgment od poslednata 40 epizoda http://www.youtube.com/watch?v=h96iLkE384s
Најјако ми беше кога Ифет му рече на Али Иксан: -Постојано со свирката свиреше,како да сме амбулантно возило.
Емре го убил Омер со пиштолот на Али Иксан во договор со неговата жена. Кога Џемал сведочеше Али Иксан излезе од затвор и решија со Емре да ја бараат жената.Емре пошто контактираше со незе и се јави веднаш да го напушти градот оти ја бара полицијата за лажно сведочење,но таа сакаше прво пари па после да си оди. Се договорија да се најдат во хотел.Таа се пакуваше а Емре ја уби и ра расчисти собата.После дојде Али Иксан и најде празна соба.По него дојде Емре и му рече дека прв стигнал и ја средил жената и таа е во гаражата во багашникот на автомобилот.Кога се симнаа долу Али Иксан сакаше да го отвори багашникот ама Емре му изваде пиштол и му рече, и Омер го убив и пак не успеав да земем се, ми досади цел живот ти да бидеш газда а јас твој слуга.Мслев заради Омер ке скапеш во затвор а јас ке владеам со фирмата оти ти ми даде полномошно ама ти излезе од затвор и единствен начи да се ослободам од тебе е да те убијам.Али Иксан го молеше,му викаше, како можеш,јас во тебе имав најголема доверба,немо емре, ке згрешиш , и така додека зборваа дојде Џемил и таман емре да пукне Џемил му се фрли и емере го погоди али во раката. Во тепачката пиштолот пукна и емре умре.Го притворија џемил ама на камерите во гаражата се видел цел случај па го ослободија.
Спојлер Ифет и едно девојче ке бидат заедно,еден ке го бара девојчето а Ифет не му го дава и овој ке извади пиштол.Од позади ке го нападне џемил и во тепачката на тој ке му падне пиштолот.Тие ке продолжат да се тепаат а ифет ке го земе пиштолот и ке пука ама ке утне и ке го погоди џемил.
али знае некој да ми каже колку отприлика епизоди ќе има серијава и до која сме сега на канал 5. Иначе за серијава онака знам понекогаш да ја гледам и само можам да кажам дека Џемил е некако многу лош човек затоашто кога Ифет го сакаше и кога премина преку тоа дека тој ја силуваше тој едноставно се продаде за пари за една кола стварно за никаде човек.(барем јас така мислам )
Серијата ми станува многу интересна,единствена турска серија по Лисјата која ми го привлече вниманието,во турските серии не ми се допаѓаат бавните сцени со музика,ме нервираат,бев во право кога направив забелешка дека Али Иксан не се распраша за минатото на Ифет,сега се кае,остава впечаток на многу добар човек,наивен дури ми е жал за него.
Првин се скараа затоа што не му кажала веднаш за Нил и Џемил,но потоа Ифет му напиша писмо и му раскажа се за неа и за Џемил, си отиде од куќата и му го остави прстенот.
лелееееее значи бител елемент сум испуштила. А тие што ја изгледаа по напред во еден спојлер да кажат дали ке се смират или што ке биде сега?