1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kако да ја избелите темната кожа на препоните?

Дискусија во 'Тело' започната од Alison.Di, 11 октомври 2013.

  1. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    На еден сајт го прочитав овај наслов, па ме интересира дали досега имате користено нешто за избелување или пак не сте имале вакви проблеми ? Знам дека ретко кој од вас ке се осмели да каже дали има ваков проблем но сигурна сум дека повеќето го имаме, јас лично го имам и искрено многу ме нервира..имам пробано со разни гелови но ништо... Споделете ваши искуства.. патем и еве го линкот за природно избелување ...

    http://fashionel.mk/52681/kako-da-ja-izbelite-temnata-koza-na-preponite/
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Како изгледа темната кожа на препоните ?

    Нормално е таа да е помека и потемна.
    Па прашувам дали таа нормална кожа некој ја смета за ненормална ?

    Мене лично, по мое мислење ми е со нормална боја. Постојат и потемни и посветли, ама тоа си е скроз нормално.

    Со овие избелувања може да се закачат разни инфекции, сепак се работи за осетливо место. Па дури и да ја избелиш, за кого ќе ја избелиш? За дечкото ? Не те прифаќа таква ? Или лично тебе ти пречи ?

    Од вакви работи не е чудно што се повеќе се јавуваат искомплексирани девојки за скроз небитни работи.
     
  3. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Јас го разбирам тоа дека таму мора да биди малку потемна од самата депилација и растењето на интимните влакна, но од секогаш ме интересирало дали тоа може на некој начин да избели и нема врска дечкото ако не ме прифајкал немало да биди со мене, онолку колку што е, а не е ни ради комплекси, комплекси немам, понекогаш знам да претерам со диета ко ке накачам килце или две но за таа работа нема и зошто. Не напишав никаде дека е битно, значи го видов насловот и ме интересираше мислење а тоа незначи дека одма мора да се напаѓаме без никаква основа.
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Извини срцка, не те нападнав тебе, општо мислење си напишав.
    Па нека се јави некоја која пробала, па да кажи...
     
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мачкај ја со сок од лимон,не сум пробала ама сум слушнала дека лимонот ја избелува кожата.