Зарем треба некој да пинпоинтне дека треба да викнеш полиција ако некој ти кампува пред куќа? И дали јас сум таа што треба да се грижам за туѓа куќа и безбедност. Ете ако е свесна за тоа и претставува проблем, бидејќи е над 18 години, според напишаното е и доволно голема да се снајде како да постапи во тие ситуации. Ако јас решам да се бавам со ризична работа, не можам да очекувам друг да ми го санира проблемот. Убаво напишаа, да не беа тие лоу лајф луѓе, onlyfans ќе останеше нацрт план во нечија фиока. Сакаме да заработуваме од манијаци, а после се чудиме зошто пред врата ни доаѓаат. Иронично е малку. Не сакаш да си имаш проблем со нив, не стои чекор поблиску.
За да бидеш нечија мета е доволно да си жена. За жал таква ни е реалноста, и не ти треба оф за да ти е безбедноста благо/средно нарушена. На пример да имаш отворен инста профил кај што си многу активна и те следат многу луѓе, не е нешто поразлично од оф во поглед на безбедност. Овие што ја напаѓаат по интернет да ја видат во живо ќе се препотат и задткаат, не па да ѝ направат нешто. Не се опасни тие. Опасноста од онлифенс е тоа што твоите слики засекогаш се онлајн и можат да бидат искористени како ќе му текне на некој друг и за било која цел. Целосно ја губиш сопственоста врз свои интимни слики.
Да, жените се поизложени на напади, сексуални и секакви. Ама со тоа што го прави и те како и ги зголемува шансите за тоа. Овде не се работи за тоа да се најдеш на погрешно место во погрешно време. Она се допишува со тие луѓе, не се некој рандом. Она праќа голи слики на непознати. Не знае кој и каков е зад екранот. Секој може да згреши, ама она свесно се фрла во оган. И сама си вика, оф и те како и ја нарушил безбедноста. Еве не знам кај мене пред куќа не спиел никој. А и да спиел, моите верувај немаше да го остават НЕКОЛКУ ДЕНА да ми спие во двор. Немам ништо против девојчето, само ми е жал што е оставена без грижа и мајка и и дава “поддршка” за нешто што ја уништува.
Мене ме нервира шо во коментари на видеово и општо, има еден куп навреди кон девојката, а кога изби скандалот со ЈАВНА СОБА беше штама, као во ред е тоа. Само ние овде на форумот ко “недоветни” црекавме.
Се надевам сама, а и родителите штом ја поддржале, би требало да преземат нешто во врска со нејзината безбедност, бидејќи е доста сериозен проблем.
Шо значи тоа 'морални вредности', 'љубов' и 'топлина'? Опиши ми ги како ќе ги 'спроведиш во дело'? Пошто не изразуваме сите исто, ни топлина, ни љубов, ниту пак сите имаме исти морални вредности. Не е најпаметно на светот, ама не е ни најглупото што може да биди.
Еве јас лично, ни ова не го осудувам, ама не можеш да ги споредиш тие две работи. Девојчињата од таа јавна соба се жртви, против нивна воља се објавени тие слики што ги пратиле на некој што му верувале. Ова е виртуелна проституција, каде таа самата тие слики ги објавува.
Не зборам за девојчињата од јавна соба, туку за момчињата/мажите шо беа членови на тие групи. Само двајца завршија со казни, а јавно никој сериозно не го сфати проблемот и пак криви беа девојчињата.
Исто е. Ако се проституираш, не му дава некому право да те малтретира. Јас сум за скандинавскиот модел за регулирање. Да се казнува муштеријата, не работникот.
Она колку што видов е свесна, сама уствари кажа дека има повеќе негативни отколку позитивни ствари. Ајде сега, што е љубов и топлина...Статистички најмногу жени што влегуваат во проституција се необразовани, жртви на семејно насилство, со историја на зависности, нормално сиромашни...Ова е полесна и подостапна проституција, ама повторно сигурна сум дека има слична шема за тоа од каква позадина доаѓаат тие жени. Како факт, не осуда.
Никако не е исто. Не е исто да осеќаш сексуална привлечност и да праќаш слики на некој кој што те пали, па макар биле и 200 партнерти. И да праќаш на рандом дедовци напалени, што ти се гади да ги гледаш за пари.. Да, никој не им дава право да ја малтретираат, фала богу, ама за исто не е исто.