Конечно, Pepco ќе влезе на нашиот пазар во 2026 година. Дали сте запознаени со овој бренд и што купувате таму кога сте во странство?
Си имам купено многу убави работи од Пепко периодот околу Нова Година, ќе оставам и слики долу, се наоѓаат ептен фини работи а и евтини. Во Хрватска кога бевме си заборавивме папучи а не можевме без нив и како ни се најде за 1 евро преубави папучи си купивме
Имам купувано, солидни им се силиконските калапи. Другото малтене сегде го има, барем не гледам разлика.
Од Врање земав кебе , беше некој си 500-600ден , после второто перење , се разреси , конци од сите страни, чорапите исто , може е ок за некои други работи има интересни , вака нешто што се пере или носи не би купила повторно, украси да.
Од Пепко купувам само боенки, пластелини и други глупости за децата, другото е крш, материјалите за никаде, џабе е евтино кога се уништува со перење.
Да се надоврзам на ова. Од Пепко лично јас не сум пазарела, ама дете има добиено на подарок повеќе алишта, играчки. Играчките како играчки нели, немам замерка, алиштата ништо подобри од тие на Синсеј. Си ги носи, не дека не, ама и рабови се извртиле и тенки материјали. Судам на база на тоа што сме го добиле, немам во целост видено.
Последниве три години за малово купувам тренерки од таму, оти ем брзо ги надраснува ем ги кине, за тие пари топ се. Поквалитетни ми се покажаа од Синсеј. Друго ништо не сум купила.
Се купувам од таму.Омилена продавница ми е. Од алишта за деца,за нас,до ствари за дома.. Неможам да речам дека квалитетот е одличен,но за цената е супер. За разлика од синсеј многу многу по добро. А за избор да не збориме.. Се е преслатко