За тие пари толку. Ама ипак се поквалитетни од таа роба ја што ја земам од Кина. Различно е тие што шијат се во Бангладеш. И Македонски увозник ако увезе еден контејнер со стока Тие цел брод го увезуваат и затоа се поевтини. И пепко и синсај имаат цели фабрики во Бангладеш.
Тоа од Кина што иде тука, не е репер за нивниот квалитет. Имаат они посебна роба наменета за својот народ. Ама да, колку пари - толку музика. На темава, мене ми се сите во ист кош (Пепко, Синсеј, Зара и сличните).
Пепко и Синсеј се полски, Зара демек шпанска. Синсеј е дел од иста групација со Резервед, Мохито, Кроп, со тоа што Синсеј ми е на дното на квалитет и естетика. Пепко е од појма немам која групација, за value for money ми е малку попристоен од Синсеј. Барем тврдат дека продаваат памук наместо рециклирана пластика , што за основни ствари за облекување ми е битно. Пошто сите отидоа со квалитет во негатива, бар не ги преплаќаш. Ствари за домаќинство, декорации, завеси- ок. Помеѓу Зара и Резервед би избрала Резервед. Нормално, сето тоа е направено негде во Азија.
Нема разлика. Брзата мода се знае каков квалитет нуди, декорации по дома се класични украси кои реално не знам колку вреди да ги збориме. Мене бар тие ми отвараат плус работа, плус место за чување, одбивам секоја сезона да надополнувам „сезонски“ украси(?).
Имам купувано од Пепко украсни свеќи, вака нешто за по дома е ок, од облеката повеќето им е неквалитетна. За малата воглавно купувам хеланки, по некое фустанче и ајде некоја пижама.
Имам купувано некои ситници, организери за шминка, саксии, шољи за кафе, играчки за кучето, корпа за алишта, декорации за низ дома.. А за облека, искрено, не сум нашла нешто што ми се свиѓа, ама мајка ми има купувано некои комплети, кошули, панталони, тренерки и задоволна е, си ги носи често. Како за тие цени, океј си е. Супер што ќе се отвори и во Македонија.
Јас прв пат летово слушнав за Пепко, си купив маичка за 4 евра и ванилеста свеќа за подарок. Добри свеќи имаа, големи, за некои 5 евра. Одма претпоставив дека се полски бренд, нешто како Синсеј, супер цени имаат.
Не сум била во Пепко во странство, дали еднакво има алишта и тракатанци, или повеќе од едното? Пример Синсеј има свашта ама во било кој дуќан 80% се алишта. Има избор на украси пример, ама обично е еден ќош од цел дуќан. А искрено повеќе такви работи се радувам да има
Пепко е да речеме пола пола, или по слободна проценка 30% облека за мали деца, 30% бејзикс за возрасни и 40%домаќински тракаташки.
Не знам за други држави, конкретно за во Србија каде што пазарам, би рекла дека украси има малку повеќе од облека.
Случаааајно влегов во Синсеј во Илинден, појма немав дека има таму и не знаеш колку преопремен беше, се што сум гледала онлајн го најдов, во ниеден друг немало толку. Украси имаше милион, за кујна исто. Чисто за инфо
Јас што имам купувано во Србија, Белград конкретно повеќе беше работи за дома отколку облека, што значи повеќе тракатанци имаше.
Ќе одам набрзо во близина на Ниш. Во кој Пепко да застанам попатно? Некој поголем, добро снабден со работи за дома А уште и ако има Лидл во близина- ќе биде 10/10 Меѓу другото, никогаш не сум била во Пепко, што најчесто купувате од таму, на што да обрнам внимание?
Во Ниш, според мене пепкото кај што е мекдоналдс како ритеил парк е подобро и псонабдено, во центар е мн мало и мн расфрлано и гужва има. Лидл имаш одма до Делта молот, не знам дали има пепко во тој мол, но ова за кое ти зборам е малку подолу. Ако одиш со кола ти е супер зошто во двете места имаш голем паркинг. За купивање имаш све и свашта нешто како синсеј. Имаш облека за деца, возрасни и ускраси за по дома и различна покуќнина
Јас за дете како помал му земав алишта за по дома ама со едно перење стануваа 2 броја помали. А за внуката хеланки носи по 2 години, баш некни ја прашав снаата за дуксерите и хеланките, вели освен боја малку што смениле што е нормално од поодамна се, биле добри.Слабичка е па може повеќе време да ги носи. За женските има поинтересни работи. За нас возрасните јас досега ништо не сум нашла освен летото еден комплет ок е. За по дома често земам ситници како украси, свеќници, ама ни таму ни во Синсеј немам оставено некоја голема сума за да полнам корпи. Во Синсеј гледам многумина наогате украси, јас дека одам во помали и нема ништо избор. Во Струмица има доста избор ама и ретко одам таму. Во Скопје некни во Ист Г ништо не бендисав освен се што беше разорано.
Јас одам во Делта Планет во Ниш. Лидл е одма до молот. Од Пепко земам нешто алиштенца за син ми, за мене некои пижамчиња ако начекам убави и тракатанци за во кујна и дома. Облеката не е со добар квалитет, соодветно на цените. По нешто може да се погоди, ама генерално траат кратко алиштата од таму.