Фала Волфче. Пробај кога ставаш слики да одиш на Background -> Keep. Поубави излегуваат. п.с. можеш да ме викаш дејзи.
Јас само си правам сетчиња а друго нешто и не баш ми е јасно Нели стигнуваат пораки да се зачлениш во групи, и таму ги оставаш и твоите сетови ако сакаш нели, е па која е целта?? И кога отвараш на твојот хоум, од десната страна (под видеото), што всушност претставува тоа?
Зачленувањето во групи е добро што и таму ќе си го поставуваш сетот (секој сет во максимум 5 групи може да се стави) а со тоа и ти се гледа сетот во групата и ти го гледаат членовите и ќе ти биде лајкнат повеќе пати. А и секоја група има натпреварувања, па со тоа и ќе си поставуваш сетови во натпреварувањата (може да се стави секој сет, и што е дел од групата и што не е, битно е само да ги исполнуваш условите на контестот и целта за која е наменет). А со победи посебно прво, второ и трето место добиваш трофеи кои ќе ти ги пишува на твојата страна под бројот на контакти. За да добиеш трофеј мора да си дел од првите 3 места и да се внесени во натпреварот сетови од најмалку 50 членови на групата. Ако пример има 560 сетови ама од 45 члена ти ќе си прво место ете ама нема трофеј што ќе ти е запишан на твојата страна. А не те сваќам за хоме и за кое видео. Кај има видео бе На мај хоме има од десно нови сетови на контакти, сетови кои оите контакти ги лајкнале, моите групи, колекции на пријателите ....
Овој фустан толку многу ми се засвиѓа што морав да направам сет, и да ја терам мајка ми да ми направи сличен(што не знам дали воопшто е можно). И чевлите се.... Последниот. Девојкава е прекрасна!
^^Кондуркиве од првиот сет и јас ги имам тргнато на страна Многу се убави! Ај досадно ми е веќе да те фалам, ќе звучи ко да сум фокусирана само на тебе. Ама стандардно и овојпат - НЕ изненадуваш што би се рекло, стандардно воодушевуваш Daisy и твоите сетови ми се допаѓаат - оној Плејбој сетот ти е убав