Спојлер Прашање За да направиш ваков сет,како треба? Сликичките од каде се? И тие се од некои натпреварувања или онака си ги правите? Да изгледаат алиштата како на сликата...Или си има специјално за нив дадено пример сега да се долови тој и тој изглед пр.,кој ќе го направи најдобро,победува? Ај која ќе биди љубезна да ми објасни Јас порано направив неколку и го заборавив профилот и еве сега пак го отворив,пошто вие ме заразивте со комплетите,супер ви се
Самиот Поливор има додаток наречен Kлипер (можеш да си го земеш тука: http://www.polyvore.com/cgi/clipper). Зависно кој пребарувач го користиш, во bookmarks ќе можеш да го најдеш копчето што гласи: Clip to Polyvore. Најпрвин го кликаш копчето, а потоа кликаш врз сликата која сакаш да ја испратиш на Поливор. Со тоа, автоматски сликите се внесуваат во "My items" и од таму можеш да ги внесуваш во сетот, на темплејт или каде сакаш, по твоја желба *Напомена: Имаш видео со инструкции на линкот што ти го дадов, ако не ме сфати. А, да. Не можеш да преземаш слики од сите веб-сајтови. Од некои е забрането, ама има решение и за нив. Тоа понатаму! Ако ти е комплицирано, слики можеш да најдеш и кога ќе започнеш да правиш сет на All items - "People & print", каде што се и додатоците за позадина, текст, музика итн. Натпреварувањата се организирани од групи, кои можеш да ги пронајдеш во search tab-от на Поливор (од десно има мала стрелка како триаголник и таму можеш да ги најдеш сите групи на Поливор). Ќе се зачлениш во една од групите и секојдневно ќе ти стигаат информации за нови натпреварувања и секако, дали си освоила некое место. Е сега, секоја од групите има различни правила, некои немаат лимит на сетови, некои дозволуваат само 1-2, некои бараат задолжително сетот да содржи лак за нокти, а и секој има различно времетраење (2-3 дена или 1на недела и подолго) и сл. Да речеме, за оваа недела имаш задача да направиш сет со бела боја, па ако се бара целиот сет да ја содржи таа боја, ќе мораш да го доловиш тој изглед: ќе ставиш фустанче, чанта, чевли и шапка во бела боја (на пр.) Се надевам ти помогнав.
Фала MissBreezy,па до негде помогна,тоа за клиперот знам,значи ако сакам пример да си направам сет како на Бјонсе да речиме си ја вметнувам сликичката (со клиперот или од тоа People & print) и после пробувам да го доловам тој изглед,така? Пошто гледам многу сетови направени спрема определена сликичка,затоа прашував И можи да има натпревар пример,направи сет да личи на алиштата на Лејди Гага пример,така? Малце измешано прашувам,ама ако ме разберите,кажете ми
Те сфатив Не, не е потребно облеката да соодветствува на поставената слика. Може и воопшто да не ставиш слика, а може и истата облека да ја бараш, или пак истата но во различни бои. Ти ги одредуваш правилата, освен ако не си ограничена И да, може да има такво натпреварување како што велиш за Лејди Гага ете, но не мора да значи дека МОРА да биде облека која таа ја носела, туку дозволи и имагинацијата да те поведе малку. Состави парчиња облека кои би ги претставиле нејзиниот стил/ имиџ, како сакаш Ако имаш уште некое прашање, слободно.
Уште нешто Јас можам да направам contest? (ако не па овде да ви дадам задача ) И мисс бризи ако можи и твојот polyvore
Имам профил . Правам комбинации кога имам слободно време и не се нешто посебно Спојлер Мојот профил http://fashionablegirl515.polyvore.com/
Секако, секој може. Оди на твојот профил и таму подолу кликни на "Create a group" -испишано е со сини букви. Ќе дадеш наслов на групата, ќе си одбереш лого и приватност и оттаму можеш да креираш натпреварувања. Мојот поливор ќе ти го испратам во пп.
E Алал да им е на оние кои го измислиле Polyvore. И јас се зачленив. И ете 5 саати седам пред ком. и правам сетови http://www.polyvore.com/cgi/set?id=45193319 Сите критики се добредојдени. САмо еден сет имам , уште сум почетничка.
Е,едно прашање за поискусните. За да учествуваш во натпревар треба нешо посебно да се пријавиш или сам од себе сетот колку лајка има и се тоа,па ќе те изберат?Иначе странава ја знам одамна,и се имам зачленето одамна,ама ме снема за некое време.Вчера читајки ги вашите мислења во темава,пак се вратив во нормала.Направив сега еден сет,ама ме интересираше ова за contests... Се надевам ме разбравте.
Од неодамна и јас имам профил (како и да е ) на Polvore. http://www.polyvore.com/delight/set?id=47181244
Мене ме снема од кога ми се расипа лаптопот Само што направив нов сет http://www.polyvore.com/cgi/set?id=47401612
Порано (пред околу година-две) доста време поминував на поливор, правејќи сетови но потоа ми здодеа. Сега го отворам само кога сакам да разгледам нешто.