Форумџика на годината

Rinse Aid???

Дискусија во 'Дом' започната од Domakjin, 1 февруари 2026 во 21:08.

  1. Domakjin

    Domakjin Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Како што и ми кажува името почнав да изигравам домаќин(ама..:D ),и една од задачите ми е да се заебавам со машината за садови.

    Е,сега во упатството пишува дека треба да се става и нешто што се вика Rinse Aid...све тоа супер ама....КАДЕ ДА ГО НАЈДАМ?
    Шетав по ДМ,Тинекс,Рамстор и или нема или ја не знам да го барам,така да,Помош ве молам?

    Наоѓам сјај ама ваљда не е исто
     
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.326
    Пол:
    Машки
    Сјај е тоа за машина би требало да има во сите маркети.
    Покрај сјајот ти треба сол за машина и капсула..
    Солот најдолу во машината треба да го сипеш (под долната корпа). Најверојатно лево има капаче ќе го отвориш, ако е користена машината вода ќе тече, ништо страшно, не ја црпи водата сипувај од солот (најдобро со инка) , внимавај да не расипеш, ако расипеш исчисти.
    Сјајот до местото кај што стои капсулата има капаче, се врти, отвори и таму сипи, наполни го до крај.
     
    На Domakjin му/ѝ се допаѓа ова.