Ајде девојќи какви искуства имате од овие шапмони и дали ги користите јас едноставно не можам без нив го користам Q10 шампонот за волумен и многу сум задоволна
Јас имам користено шампони на шаума и задоволна сум само што некако ми се меки Јас сакам нешто по хеви како гарниер на пример Го имам земано зелениот со 7 треви, не можам сега да ги набројувам кои се и со коензим q 10 за зајакнување на слаба коса
Јас користам Schauma оној од кокос што е и сум задоволна, не ми ја мрси косата како претходните шампони
Шаума во кафеавото пакување ми е убав,дава волумен и има пријатен мирис.И тој во розово пакување мислам дека имаше многу убав мирис.
Искрено не обрнувам посебно внимание на шампоните, одамна знам дека не прават чуда како што кажуваат на рекламите или пишува на етикетите. Гледам само да е со убав мирис и да не ја суши косата, а за тоа што имам првут не ми помогнал никој шампон освен грчкиот ултрекс и салсун медицинскиот повторно од грчки аптеки. За Шаума како шампон не можам да кажам дека се лоши, океј се, убаво мирисаат и до сега не ми направиле некој проблем. За волумен немам приметено дека помага, ниту пак за првут. Имам користено различни и најубав ми бил оној во кафеаво шише со потемна кафена капачка.