1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sex & the City

Дискусија во 'Сингл' започната од MarilynMia, 30 јуни 2013.

  1. MarilynMia

    MarilynMia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Здраво!

    А што е со онаа група сингл жени во своите триесетти години? Максимално образовани (Мастер, PhD) со завидна кариера, кои топ изгледаат за свои години, на кои им фали само просечен маж кој ке биде покрај нив? Што е проблемот со нас? Не гледам зошто и покрај се немам успех во пва прашање?

    Ве молам пишете дали има и други жени кои би се приклучиле во оваа група. Пишете искуства, совети !
     
  2. Dacja

    Dacja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    39
    Да, во современиот свет доста често се гледа една интелигентна и еманципирана жена да е сама. Не можам конкретно да одговорам дали е проблемот во нас или во мажите, но секако можам да го споделам моето искуство.
    Како образована, еманципирана и независна девојка/жена, која и покрај тоа е убава и добро градена, слободно можам да кажам дека немам среќа со момците. Неколку пати ми се случило да бидам во врска со ок момче, дури и пред свадба, но тие секогаш завршувале кај "просечни девојки" кои се многу едноставни, неедуцирани, домаќински ориентирани.
    Како и да е, мое мислење е дека независната и еманципираната жена има преголема самодоверба, не зависи од никој, работите ги гледа подлабоко, и со тоа создава т.н. слика "јас немам потреба од никој", што секако не е точно.
    Мене ме интересира мислење од мажите на форумот, ама ве молам за искреност спрема искуството и како сте гледале на нештата во врска со еманципираната жена.
    Поздрав
     
    На slobodka и MarilynMia им се допаѓа ова.
  3. MarilynMia

    MarilynMia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Апсолутно. Не е проблем да ги привлечеш мажите затоа што сите сакаат да бидат со згодна и паметна жена но зошто на крај секогаш завршуваат со други жени кои, морам да признам се многу различни од мене, еве да не го употребам зборот „просечни“ и „обични“? Затоа што сметам дека поседувам се што му треба на еден современ маж кога е во прашање жена. Ако една жена има добра кариера, заработува доволно и живее сама не значи дека сака да остане сама. Едноставно животот не прави да мораме да опстануваме, да се бориме за жал и сами, кога веќе немаме некој покрај нас. Лично сметам дека постојат мажи кои имаат доволно самодоверба да бидат со една таква жена. Но каде се? Ве молам јавете се!
     
    На Dacja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Зошто наслов на англиски па уште и секс и град?
    Прашувате едно, пишувате несоодветен наслов и развивате некоја друга дискусија.
    Дали ако се еманципирани, образувани итн.значи дека треба да се ебат со секого за да дојдат до некој совршен?
    Премногу ги гледате тие амерички срања сексот и градот и се исклучувате од реалноста како што се исклучени и тие. Мислите дека во серијата го претставиле вистинскиот живот? Бул шит, како па да не.
    Ако си образуван, самостоен итн. од тебе зависи колку ќе имаш среќа и во љубовта.
    Значи никој и ништо не ти се криви, ти си одговорен за својата судбина.
    Нема никаква врска со некаков замислен "градски" љубовен живот и секс.
    Можеби тие "просечни" и "обични" девојки го имаат токму она вистинското за среќа и љубов кое вие сеуште треба да учите.
    Не е се во парите и образованието, ако имаш добра душа ќе си најдеш љубов.
    И запомнете, животот не е филм, вие не сте некоја си Бредшо ниту пак ќе имате врска со Ѕверка.
    Бидете она што сте, па ниту Паркер не е Бредшо, само глуми некоја таква нереална личност.
    Кога ќе сфатите дека животот не ви е филм и дека вие не сте секогаш совршени наспроти они "обичните" според вас, ќе доживеете и успех во љубовта.

    И внук ми едно време мислеше дека е Спајдермен, ама се разочара кога после многубројни обиди не успеа да испушти конец од прстите. :lol:
     
    На Makedonka007, hepigrll, stetoskop и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Dacja

    Dacja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    39
    Abeja, колку и да се обидуваш работите да ги поставиш како нормално функционирачки во нашето општество, и дека еманципираните жени не знаат ништо за љубовта, многу грешиш или очигледно ти се погодил дечкото, па не се наоѓаш во муабетот. Работите ги гледаме генерално, и факт е дека новото време ни носи и нови промени, жената најчесто е многу зафатена, во трката за опстанок приморана е да работи повеќе, па тоа често резултира и со желбата да оди напред. А дека имаме проблем со мажите кои тоа не го поднесуваат, генерално е така. Мене дури и неколку ми признале дека не се чувствуваат доволно "мажествено" покрај успешна жена, не дека таа нема чувства, туку затоа што природно не им оди таа да биде авторитативна. Зборувам генерално, со чест на исклучоците.
     
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Љубовната врска исто како и другарството бара време. Треба да се издвои квалитетно време за тоа нешто, нормално и здраво да се развива и се` тоа да биде постепено. Кога си сконцентриран премногу на нешто обично потфрлуваш во другите полиња. Тешко се успева во се` да си успешен. Преголема сконцентрираност на образование или кариера сама по себе си носи помалку време за социјален живот или за воспоставување емоционална врска со некого.

    Инстант врски што се успешни нема. Така што ќе треба сите да научиме да бираме приоритети или да го распределиме своето време на сите полиња по малку. И да живееме во меѓувреме. :)
     
    На Makedonka007 и Dacja им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Љубовта е толку едноставна и нема потреба од филозофирање и комплицирање на истата.
    Премногу се оптеретувате со образование, па немање време, па како вие сте поуспешни од мажот и да не набројувам.
    И да, ми се погоди мене мажот а може да и се погоди на секоја доколку бира со срцето но и со паметот.

    И сега да се опуштиме малку и да видиме кој како го сфаќа сексот :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=hHqHKCAbNJA
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Некако чудно (да не кажам смешно, а кажувам) ми е жена која има приближно 30 и + години да поставува вакво прашање. А и викате дека сте максимално образовани и препаметни, и да е така навистина никогаш вакво нешто не би напишале.

    Како така кажувате дека тие пообичните и попросечните завршуваат во брак, а вие совршените никако неможете еден дечко да задржите се до стапувањето во брак и потоа да ви стане маж? Значи вие имате некој проблем, а не пообичните. И всушност како вие сфативте дека тие жени се просечни? Другарувате со нив или? Може тие се илјада пати попаметни од вас. Успеале да изградат семејство и имаат кариера и ред други работи... Има и вакви примери. Што правиме со ваквите жени?

    Среќата во љубовта нема врска со тоа каде ти тоа работиш и колку си моќна во бизнис светот. Треба да знаеш каков човек сакаш да имаш до тебе и кога ќе го најдеш целосно да му се предадеш. А не да се преценуваш дека си совршенство и најдобра од сите.
     
    На Makedonka007, Yowannty, avita и 6 други им се допаѓа ова.
  9. JackNicholson

    JackNicholson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    40
    Па вака девојко нее ни до вас ни до нас туку во природата, природно е да машкото сака да биди доминантно малце од малце во врската, сите знаеме дека првиот впечаток е најбитен што ако вие изгледате толку згодно, успешно, грациозно и полни со самодоврба секој просечен маш би се подценил и би помислил јас никогаш не би ја имал оваа девојка затоа што не сум доволно моќен за неа па подобро да си најдам некоја еноставна и просечна девојка што ке се гордее со мене без ралика колку,што и како имам, иако знам дека често пати грешиме во врска со таквите девојки, почнувајки од мене доколку сум во бар и има 2 девојки што ми се бендисуваат едната е симпатична едноставна а другата е згодна грациозна и пука од самодоврба јас би ја избрал поедноставната девојка затоа шти помали се шансите да бидам одбиен, мразам да се фалам и ке го направам за прв пат само затоа што е анонимно висок сум 1,90цм и сум стварно добро граден а сепак само просечен и сам се издржувам уште од средно училиште ми се има случувано да се обидувам да привлечам внимание кај просечна девојка и да се плаши да не биди повредена и едно ставно се повлекува па така да не сте само вие со таков проблем го има и кај нас бидете успешни и интелегентни ама не го откривајте на почеток едноставно изгледајте едноставни и се ке биде во ред, поздрав
     
    На Dacja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dacja

    Dacja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    39
    Искрено кажано и многу вистинито!
    Јас ова оддамна го имам согледано, и сосема е во ред за почеток да не се воздигнуваме премногу високо, сепак треба да имаме во предвид дека машката природа налага тој да биде тој што ќе доминира (не буквално). Но што е со реалноста,сепак со тек на време целиот наш живот излегува на површина, а за жал денешниот современ свет се ми се чини дека прави од нас емоционално недостапни личности ориентирани кон себеси, а тоа и тоа како се рефлектира во врските,таму е потребно споделување,ние тоа сме го заборавиле ми се чини!
     
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    10.810
    Пол:
    Женски
    Јас имам само 23 години, и не можам да зборам за девојките што се опишани во првото мислење. Можеби навистина се работи за преголема самодоверба која ги плаши мажите, можеби едноставно немале среќа во љубовта.
    Ама ќе кажам конкретни примери, пријателки на мајка ми, кои на нивни 40+ години сеуште не се мажени од само една едноставна причина - имаат лош карактер. Има пари, има факултет, има кола, има прекрасна работа, огромен стан кој сама го заработила, супер е градена, паметна и образована, интелектуалец во секоја смисла на зборот. Сака да се омажи, а нема среќа во љубовта. Од проста причина зошто сака маж кој ќе ја шета по одмори, ќе ја части, ќе и овозможи фантастичен живот, а она не сака една вечера да спреми за мажот со кој се состанува. Со нејзини зборови: Што не ме однесе во ресторан, што има јас да му готвам? :fubar:
    Па тој маж сака жена, да му чува деца, да му одржува куќа. Јас сум горда на секоја жена која се изборила во животот, која е човек сама за себе пред да биде нечија сопруга и мајка. Ама не можеш да бидеш само тоа во животот. Ако таа сака сопруг што ќе ја чува, треба и она нешто да придонесе кон таа врска. А она не се ни труди, мисли дека си заслужува да добие се што сака, чисто онака пошо она така си замислила во главата. :^)

    Не ме сфаќајте погрешно, не сакам да нападнам никого. И ви посакувам да добиете се што сакате во животот. Но не секогаш се мажите виновни. Некои од нив се егоистични будали кои не можат да живеат со тоа да имаат жена подобра од нив, но има и такви кои би биле горди на вашите успеси во животот. Се додека во одредени работи го оставите да си ја исполни улогата на маж, на заштитник, зошто тоа ги прави среќни. Се е прашање на компромис. :)
     
    На Makedonka007, Yowannty, tinan и 5 други им се допаѓа ова.
  12. MarilynMia

    MarilynMia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Toa што некој признава дека има слабости значи дека не се прифаќа себе си како совршен. Никој и никаде не зборува за совршенство. Зборуваме за разлики и нивно прифаќање, дискутираме за разликите помеѓу тоа како луѓето ги сфаќаат нештата. Но тоа што добивам драстично различни мислења сепак го потврдува фактот дека за жал сепак е потребно диференцирање на работите а со тоа впрочем и на луѓето а тоа тие го прават природно, сами по себе.
    Апсолутно си во право со последниот дел на текстот, тука сметам дека сите би се согласиле, а тоа дека некои жени сеуште не се нашле себе си во светот на љубовта, тоа е нивниот проблем кој сакав да се продискутира. Е тоа е причината која ги прави, слаби и несовршени во однос на другите „обичните“.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.965
    Пол:
    Женски
    Преголемата самодоверба се граничи со ароганција. Да не речам, често и преминува во ароганција. А на мажите им е тешко да се носат со тоа. Затоа завршуваат со „едноставни, просечни, неедуцирани“ жени кои се спремни да посветат време на партнерот, колку и на кариерата. На вистинскиот маж кој добил се што му треба од една жена, нема да му пречи ако таа е поуспешна од него, напротив.

    На љубовта треба да и се посветите, да одвоите време за неа исто колку и за кариерата, барем ако сакате да го имате вистинскиот човек покрај вас кој ќе ве цени и поддржува и со кого ќе формирате семејство. Не е се во материјалните достигнувања и напредокот во кариерата. Ниту парите ниту кариерата ќе ве греат на стари години. Како што кажа некој претходно, успехот на професионален план не гарантира успех и во приватниот живот, конкретно љубовта, ама јас сметам дека сè зависи од нас самите.

    Факт е дека никој не е совршен, сите имаме слабости. Ама тоа не е пречка да бидеме успешни и на приватен и на професионален план. Ако сте спремни да давате, тогаш и ќе добиете.
     
    На Makedonka007, Gea, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Верувам дека во сржта на секое човечко суштество е спојувањето со друга личност, пронаоѓањето љубов, смислата на домот и семејството и целата таа среќа и хармонија што оди заедно во пакет.
    Звучи можеби романтично, но секој е скроен да биде со некого, наместо да лунѕа сам по светот.

    Конкретно за нашиот простор можам да кажам дека и покрај модерното време, ние имаме друг темперамент и карактер, негуваме други традиции и поинаков начин на живот, и жената кариеристка е едноставно (ајде ќе кажам „непожелна“, не ми текнува посоодветен збор), исто колку и мажот што никогаш не се врти дома.
    Зошто би ми бил потребен некој што не се прибира по цели денови, недели, месеци, само колку да се рече дека сум во пар? Подобро нека бидам сама, додека не пронајдам некој што ќе ми одговара.

    Втора причина е секако што голем дел од мажите ги повредува женскиот успех и вредност и се чувствуваат немоќни да допринесат онолку колку понежната половина, па креваат раце. Трето, како што спомена Анат погоре - а тој арогантен став „јас знам и можам се` и маж не ми е потребен“.
    Ниту еден маж не сака да го слушне и помисли тоа, нашите мажи се задоени со помислата дека се заштитници на жената, а не обратно. Колку сака нека е култивиран и образован и паметен и напреден, него го повредува ако види дека ти си способна за буквално се`, па тој ти е само одвишен товар.

    За мене пак ќе кажам „проблемот“ ако може така да се нарече е во менталитетот засега.
    Ние сме народ што сака квалитетно исполнето семејно време, поврзување со партнерот, уживање и хедонизам. Тоа се очекува по некои строго утврдени наследени шаблони, но и потајно се посакува (ако бидеме реални).

    Уште една работа: тие „просечни“, нормални девојки што се одлучиле за поскромен живот и се посветиле на врска, дом и семејство, не мора да значи дека се прости, неинспиративни или досадни.
    Не дека не постојат такви млаки створења, но не се сите смотаници, меѓу нив има вредни и храбри жени достојни за почит...
     
    На Makedonka007, DELFIN-15, sanja.burgundy и 12 други им се допаѓа ова.
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Крилјата на секоја жена ако гледаме на балканско ниво или и се кастрирани, или залепени со восок од глупави норми некои кои се провлекуваат со векови. Ама, сепак има некоја вистина, ма колку и бизарно да звучи тоа. Која е целта да сме вечни идалга, да располагаме со материјани сешта, ако не ужива со сржта на благодетите за кое како луѓе, а пред се како жени сме предодредени?
    Убаво е да се биде исполнет, нашетан, независен, ама оваа независноста и те како е преценета. Во Мк е ограничена просечната жена, поради голем сплет на околности, ама сепак се се може ако се сака.
    Во странство(говорам од искуство) па не ми се допаѓа воопшто таа нивна интерпретација на либерте стил кој го тераат. Не се мажат, си живеат заедно, си гледаат дечиња, ако ја фркне нешто детето, торбите, ариведерчи аморе. Став- независна сум, работам, имам секакви услови, ми се може БРЕ! Фураат до 30+ на забави, одмори, се што им прдне, а потем, потем или се од оние ретки среќници да се скрасат по жеба и љубов, или земи-остави трето нема.
    Секоја ќест на оние посветени на стварање хармонија во животот, нивната умереност, промисленост.
    Таква жена имам чест да ми е мајка. ПРекрасна персона за забава, омилена меѓу сите возрасти, друштвото мое дури ја бара и ден денес да видат како е, сме излегувале и заедно, вредна, лојална, принципиелна до срж, знае да ужива во животот, дозволено и е се, ама си ја знае границата и ги почитува своите верувања за тоа како треба да е една дама. Остварила се што си поставила цел и никогаш не гледала дека бракот, децата, еве и внуче сега било некое врзување и ограничување на нејзината слобода или жалење за неиживеаното.
    Целите си ги поставуваме сами и сами сме си кројаќи на својата судба и среќа.
    Секогаш велам, секоја наша постапка во животов е цигла, дали ќе си изградиме мост, или ѕид од кој подоцна или порано ќе си ја удриме главата, е само наш избор.
    Сите останати копнежи за слобода, жалење по истата и ми-се-може став, ми е еден знак на лабилен карактер и неиживеаност.
     
    На Makedonka007, Sweetheart87, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  16. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    малку чудно за девојка со такви квалитети и атрибути да бара Просечен ?! нели ...
    јас би избрал партнерка на ниво ... убава, шармантна, жена со стил, жена која знае да љуби и сака да биде сакана, интелегентна, самостојна, пред и се човек. но ние луѓето не сме баш на ниво ....
     
  17. MarilynMia

    MarilynMia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Е па тогаш нека биде на ниво како што велиш ти, хаха, ама тешко се стигнува денес до тоа ниво...па сите тие атрибути што ги набројуваш... не знам, :)
     
  18. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    Јас некако во прашална форма се обидов да те буцнам, твое беше прашањето. атрибутите и квалитетите исто и ти ги наброја. само она просечен некако ме збуни ми падна у око ....

    нивото па и статусот во општеството не е битно ама и е многу битно за една врска да не е безврска.
    длабоко внатре запрашајте се би биле со човек кој е далеку под стандардите? ја за љубова моја би направил се, но пред да дојдам до нејзе ќе бирам по статус, по ниво, на култура образование интереси ....
    тука го правиме изборот, (ај ти ко доктор иди со некој со 4то оделение....) а коа бираме почнува да се скратува кругот..... до нивото не се стигнува, си на некое на овие наши години, или си се качил високо или си останал ниско :) човек тешко мења навики .....
     
    На kva, MarilynMia и Abeja им се допаѓа ова.
  19. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Што сакам да кажам,... смостојни и незвисни жени/деворки од 30+ па и оние од 40+ со кариера и професионален успех се толку ограничени у давање и делење да тоа не е нормално. Очекува па и не се срами да бара внимание, време, подршка, а дава ...... ништо или ако ти даде мисли златна и е :lol: Најчесто и не ми е до тоа :^) . Па 25 годишни даваат од спортски причини.
    На 39-40 и текнало дека уште дете не напраила, ти збори као уште не и било касно, па ти праи муабет како гледам јас на таа работа а јадната не и текнува бар да праша како им е името на моите деца :fubar:
    Си викаш ај со некоја поозбилна, за поозбилно, а таа со една рупа у приватен живот ко Камчатка и очекува јас (или било кој) да и ја попуни.

    Ај доста, да не забегувам. Мислам дека успехот на жените поише им удира у глава него на мажите. Бар ја таков впечаток добивам.
     
  20. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Според мене најголем проблем е тоа што обично ваквите девојки често имаат поставено доста нереално високи критериуми. Ако бараш личност што е убава, паметна, добра, образована, успешна и тн. не е баш едноставно да најдеш и на некој начин се ограничуваш сам при изборот. Не гледам нешто страшно ако понекогаш дадеш шанса и на некој кој не е на твое ниво. Сепак совршенство не постои... :)
    Од друга страна мислам дека дел од мажите кога ќе застанат до една ваква самостојна и успешна жена се чувствуваат доста несигурно. Сепак за вистинските мажи ваквите жени се вистински предизвик.
    Друга работа, немора да значи дека ако жената е карирестка ќе го запостави семејството и нема да му посветува внимание.
    Всушност во денешно време и ретко која девојка се гледа само како домаќинка а и ретко кој маж е способен сам да заработува и да издржува цело семејство знаејќи какви ни се условите во државата.
     
    На MarilynMia и tinan им се допаѓа ова.