Тоа за доставата во право си. Но еве немаме во секој град нивна продавница, морам да одам до соседниот град и не секогаш наоѓам нешто убаво, колку пати за џабе ми било одењето. А вака барем ќе видам дали има нешто што ми се допаѓа и немора да палам кола и за џабе да ми е некогаш.
Ама и во продавниците нема се’. И од облека и од декорации, конкретно јас тоа нарачував, бебешка облека, во продавница нит величини имаше ни ништо.
Успеав и јас нарачки да склопам Ама мора со суми под 2.000денари, тоа заклучив, инаку не сака. Нема везе, битно се што сакав нарачав, уште да ја процесираат и стигне таман Инаку во секој Синсеј има различни ствари, па овде таман све на готовс. Ама доставата ту мач како и да гледаш..
И јас направив нарачка како емка што пиша под 2000, 1950 и успешно беше. Уште да видиме кога ќе ги достават. Вака е добро што се на едно место има, инаку баш секој синсеј различна роба како да им праќаат.
сега имаат акција за попуст над 2.600 ако нарачаш, а над 2.000 е технички невозможно да нарачаш ќе се средат ај, само немаат никаква форма за контакт на сајт, ни да се пожалиш ни да прашаш а кодовите за попуст ви стасаа?
Ни код да попуст ми ништо не ми стигна,нарачав завчера се уште си стои дека нарачката е само прифатена.Валда ке ја спакуваатиначе за достава многу ке се чека
се исплати да чекаш ако продуктите се само он лајн. Ова излегува дека од странство ги праќаат,...20 дена е премногу за достава. Јас вчера нарачав и стои дека е спремна за испорака, се чека на курир. Без код нарачав, не добив на маил.
Има работи кои ги нема по продавници и се исплати да чекаш ако не ти е нешто многу битно за сега и одма. И мене ми стигна денес маил дека се чека на курир, баш да видиме кога ќе стигнат. За деца е преефтино и се исплати да изнакупуваш за ич пари. Еве пак сум во искушение дали да нарачам
Нарачав со крајна сума 2.344денари. Завчера мораше под 2.000. Вчера над 2.500 изгледа не сака. Кога ќе се одземат тие 350 да дојде под 2.500 изгледа минува Доста беше, денес не отварам, не знам кое ново правило го вовеле, се прешалтав на Ресрвд и Тему
И јас код не добив,ај помислив не сум се пријавила првиот пат, кога го пишав маилот ми излезе дека сум веќе претплатена и сум добила код
Исто. Ама ај небитно. Ионака неможеш да правиш големи нарачки па 150-200 попуст не менуваат многу И да сакаш пример 10.000 ден нарачка па да си земеш убав попуст- небива
По ова што го читам тука, сериозно лош потег им е тоа (или грешка). Како така, да ветуваат промо кодови ако се зачлениш, а многумина да не го добијат кодот? Еве јас, пример, се зачленив одамна, чекав, ништо не добив, дури и не добив известување дека почнале со онлајн-продажба. Дополнително ме иритираат грешките во описите и сѐ друго со правопис ме демотивира да нарачувам. Исто, како тоа да имаат промо за над 2600 а, во исто време, да не можеш да направиш таква сума за да пуштиш нарачка? Па не им нарачувам па што сака нека биде!
Побарајте го кодот ако сте на gmail во Promotions. Мене таму ми беше, случајно го отворив и си го најдов.