На моја другарка маж и работи во една од продавниците кои се наоѓа во City Mall, и другаркава ми кажа дека пола не се средени и тек ќе се отвараат. Така да не планирам да одам овие 2/3 ем ради гужвата,а и онака не е се отворено. инаку ќе поминам за некој ден за да го видам трговскиот а и у кинг бургер да им направам промет.
Скопје Сити Мол ги отвори вратите Граѓаните добија нова дестинација за шопинг и забава. Со црвен тепих и одлична програма во присуство на претставници на државниот врв, локалната самоуправа, домашната и регионална бизнис заедница, дипломатскиот кор и личности од јавниот живот, свечено беше отворен трговскиот центар Скопје Сити Мол. Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на отворањето истакна дека овој мол е новиот белег на Скопје и уште една крупна инвестиција во Македонија. - Скопје Сити Мол е крупна инвестиција која ќе го зајакне економскиот пазар и ќе донесе преку 2.000 вработувања, изјави Груевски. Таткото на Градот Коце Трајановски потенцираше дека Скопје Сити Мол е производ на добрата инвестициска клима во Македонија и додаде дека Град Скопје работи на подобрување на условите за инвестирањето во главниот град. - Скопје Сити Мол успеа да го привлече вниманието на светските трговски ланци кои за прв пат одлучија да влезат во Македонија, рече Зоран Антиќ, главен извршен директор на „Фешн груп“, кој ја пресече црвената лента на отворањето. Самир Мане, главен извршен директор на „Балфин“, рече дека трговскиот центар е првата инвестиција на оваа групаци во секторот за недвижнини во Македонија. - Сметаме дека Македонија е одлична локација за инвестиции и ги охрабруваме и другите да му посветат внимание на овој пазар. Вкупната инвестиција во трговскиот центар е повеќе од 100 милиони евра и обезбеди работа за над 1.000 луѓе во текот на изградбата, изјави Мане. Зара, Масимо Дути, Страдивариус, Пул енд Беар, Бершка, како и францускиот ланец супермаркети Керфур, се дел од брендовите кои најдоа свое место во Скопје сити мол. Трговскиот центар нуди богати забавни содржини како што се мулти-плекс киното со 3Д технологија на Синеплекс, потоа куглана, многу кафе барови, ресторани, брза храна, козметика, книжарница, детски катчиња, сервисни услуги и други содржини. Посетителите ќе имаат на располагање и паркинг простор со 1.300 места. Определбата на Скопје Сити Мол е да ги задоволи потребите на домашните, но и на потрошувачите од регионот за квалитетен и современ трговски простор и да стане најуспешен шопинг центар на Балканот со околу 7,5 милиони посетители во првата година. Изворно
Па вака е резиме Шо се деси да ви кажам.. Како прво не бев вип глеав отстрана и не беше убаво така да се делат лугето обичните на улица стојат кола ке ги акне само да видат виповците затворени како кујзнае кој да се со обезбедување со ред карпет и барикади како ѕидови али дел што видов од молот беше многу продавници не беа средени така личеше од надвор а и беше многу несредено искрено кажано. Али најхит од се беше тоа шо кога груевски искачаше за малце многу малце ке му поминев пред нос... Хаха он да влезе у кола јас да поминам со мајка ми и после у весници ке ме имаше гоготеа му помина на груевски пред нос а втората смешка беше шо од сите страни вратите за евакуација беа отворени и обични луге си влагаа хаха
Ќе одам да го видам наскоро,изгледа во петок или сабота.Баш сакам да го видам ми се чини убаво и нели долго го најавуваат.Интересно. И многу ќе биде ефтино во тоа Карфур,еве пр. 3 лименки кока-кола за 30 денари да ти бидат. Многу попуст.
Па што дремеше? Не можев да ви се доначудам, ако ништо друго можевте да почекате до утре де, се знаеше дека вечерва ќе е за „виповците“. Мене комшиите ми рекоа Керфур бил отворен и дека ептен пред зграда ми е слегов да видам дали е, гледам ништо не е и си се вратив. А утре после факултет ќе отидам ко човек да го прошетам, преубав е, а сфаќам зошто црвениот тепих и бината беа од таа страна, да отидеа од задниот дел багер паркиран и куп песок ќе најдеа. Како и да е, се гледа дека е ексклузивно нешто.
Мене многу ми личи на тие двата големите што се во Софија,така да очекувам да има многу продавници и да е интересен Ете,пошто во Бг не бев на 3D ,ќе одам во Ск,ќе го терам дечко ми да гледаме нешто А попусти ќе има покасно сигурно,нема да има одма,сега ќе се изгор ми се чини,ќе гледаат и тие сега да искористат,и онака сега се новите колекции за есента,ама на крајот на есента ќе има попусти А Карфур да,таквите маркети секогаш имаат попуст и многу добри понуди имаат Епа очекувам утре да се пофалите
Сакам многу да одамммммммммммм! Но,ќе си причекам 2-3-4-5-6 дена! Не мислам да се туткам одвај да поминам од една продавница во друга! Мислам, замислувам како беше за Веро отварањето, а камоли за ова чудо...
Ќе одам во недела, само се плашам дали ќе остане нешто по продавнициве. Знаете како е. Нови марки и одма сите мора да ги имаат. Мило ми е што ми е точно на 10 минути од дома. Ќе немам потреба веќе до Центар да се влечам
СИТИ МОЛ БЕСПЛАТЕН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ВТОРНИК И ПЕТОК Не сфатив што ќе биде бесплатно дополнително освен што секако ЈСП сегде без пари ги вози тие денови кај им душа сака.. Тие што планираат утре да одат, пазете се..петок е пензионерски ден
женски да не знаете во која продавница се анатомските перници за 250 ден ги видов на реклама фала поздрав
Абе, се убо , сите подалеку од Охрид и Скопје што немат отидено, да видат нешто, додуша на пола скопјани ова му е викенд занимација во Солун ,истото е, ама поскапе бензинот ама ете тука му направија, за нас средната класа се знај Шутка и евеннтуално ГТЦ на трети спрат. Нека напрат нешто и вакво и во Битола и онака врие од грци , секој викенд грците таму се на шопинг, барем некоја пара од натвор да влези, ова само за богатите скопјани истата пара само се врти, украдена од народот од сиромашните и од даноците на средната класа.
Баш сега гледав слики и изгледа сууууперррр. Бар тоа ми е првиот впечаток, детали незнам. Иако некако надворешно не сум многу импресионирана од градбата, очекував да е малку по фенси од ова.. Искрено, веро центар ми е пофенси од надвор.. ај, се надевам ќе направат добро осветлување навечер, а ако има и место може и некоја мала фонтаничка испред Вака внатре доста убаво ми изгледа, мило ми е што гледам толку многу бредови прв пат што стапнуваат во Македонија, редно време беше стварно.. Денес не успеав да одам, не дека ми смета гужва, не стигнав поради обврски, но утре се договоривме со друштвото да идемееее Знам дека ќе биде ептен гужва неделава, претпоставувам, ама ако..барем утре не идам за да купувам, кај се купувало у таа гужва, туку се разбира, да се прошетам И да, се надевам ама стварно се надевам дека робата ќе им биде со нови колекции а не стари! Ко што прават во некои продавници, носат лански роби и ги продаваат како нови со нафукана цена..или пак роба која не се продала, па ја носат кај нас..аутлети..абе ајде....иначе не купувам, ќе си одам Солун пак ја..
Бев денес, само што се вратив. Во некои продавници, секако изгор е , ама брендови се, во некои има понормални цени . Во Carrefour има преевтини работи. Денес тепачки имаше, со обезбедување, една група ке пушти друга ке извади, боже , боже. Штета што неможев да влезам во сите, немав време.