На последнава слика се гледа дека голем дел од досегашните посетители од сабајлево до сега се пензионери, но секако по огромната бројност на луѓето и посетеноста за време на работно време (пред 16-17 часот) за жал се потврдува дека сме многу безработни. Ама пари за трошење сепак има..мора да се најдат за попусти макар и да се испогазат живи луѓето меѓу себе за да стигнат да изнакупат работи.
Море,море,море,е одамна вака слатко не сум се посмеала. Локал патриотизам на ниво. Море шо ќе ви праат Сити мол у Битола, кога немате Шутка за средна класа?! Шо ќе ви е Сити молот?! Кој ќе купува у него? Јас мислам да го срушиме и в Битола што поскоро да го однесеме,да влези некоја пара од надвор! Позз Деца,вреди да се оди денес,има некој попуст само денес шо важи?!
Одлични акции во Cosmo City Mall, од 4.10.-7.10.2012 год. За попустите во ДМ имаш во соодветната тема, а повеќе за попуститево другите продавници ќе ни каже после Мимс (така претчувствувам)
Мене ми е многу жално затоа што гужвиве се токму за храна и секојдневни потребштини и затоа што луѓето се тепаат за леб,шеќер,брашно и кафе.За жал луѓето баш и немаат пари за Зара,Бершка и други фирми ,туку трчаат да купат храна каде што е поефтина и чекаат на каса по 1 саат. Многу добро го испитале пазарот овие од Карфу и одличен старт си направија. Јас многу сакам да го видам трговскиот ,но ќе почекам барем една недела да стивнат гужвите.
Дм и Керфур беа преполни, мене дури ми се стужи внатре од целата таа гужва и неориентираност. Денеска така на две - на три што се вика разгледав што како има, деновиве планирам малце поопширно да прошетам. Од она што се нудеше денеска, тргајќи ја настрана гужвата нормално, ми лајк ит а лот .
Брееј колку галама се дига, пошто немало Старбакс во новиот трговски. Да отвореа па ќе пиеја кафе секогаш таму. Да бе.. Мош ќе одам во текот на месецов во Скопје на прошетка, па ако имам време ќе одам да го видам.
Викате имало многу брендови,марки и незнам што друго,абе сето тоа е во ред но што правиме што се нема доволно пари за такви работи а?
Бев денеска го прошетав, некои продавници сеуште не беа отворени(Тејли не беше отворен,Бургер кинг,Доминос,Котон). Како и да е трговскиот е преубав и доста голем.За попуст во Бершка,Страдивариус,Пул енд Биер,Зара нема никаков попуст,барем јас не приметив (Зара кошула 3000 ден.)Цените си се тие што се типични за овие продавници кога има нова колекција.Јас купив сако од Пул енд Биер 1500 ден,нормална сума. Космо е преубаво направено,многу елегантно/гламурозен стил има.Имаше попуст Гарниер шампон и регенератор по 42 ден,Нивеа за туширање 60 ден,млека за тело 2 на Гарниер по 220 ден,сетови од маскари и сенки(мејбилајн)Лореал пудра со руменило,Римел пудра со уште нешто,два кармини од Аура (се ова беа како сетчиња во торбички по цена како едно да купите). Во Керфор не влегов зашто беше невидена гужва,а во ДМ бев имаше и таму попуст (маскара на макс фактор за околу 250 ден) и др. Бев во Алдо,лиги ми течеа ама огин е,но за некоја специјална прилика е одлично место за еден пар прекрасни чевли Во целост позитивен впечаток ми остави,ми се допадна
Се тоа убаво што има марки како Зара , Бершка , НајнВест, Страдивариус итн итн , но ке има ли попусти како во Солун во горенаведениве продавници баш ме интересира?
И јас да пишам, отидов и видов. Па убав е трговскиов, само што прерано го отворија.Кога влегувавме луѓе лепеа наслови на него, и во продавниците си работеа , можеше уште 2 - 3 недели да се почека, ама македонска работа. Многу продавници не беа отворени, во некои луѓе си местат работи и сл.А стварно, што има многу продавници има, и на 3 спрата е, 2 саати ти требаат да го прошеташ. Второ, продавнициве изгор скапи. Сегде кај што влеговме: Мотиви, Алдо, Манго по 7000 алишта. Единствено Teranova, Calliope, DM, Carrefour и до некаде Zara се со попристапни цени. Ми се доапаѓа и што има доста кафичи, и ресторани, да си се одмори човек после шопинг. И последно - за гужвата, што знам, јас кога бев немаше толку, имаше луѓе што шетаа доста, али не беше да не може да се разминеш, или да не можеш да влезеш/излезеш.Отидов накај 3 саат, може шпицот не сум го фатила, накај 1 мислам дека од сите средни школо сите деца отидоа.
Aj да видам тоа Тејли Мејли што цени ќе има, јас се изнакупив фустани кошули и маици за по неколку евра, ептен сум љубопитна за цените кај нас
^Абе заебанција е тоа... Од мене еден голем лајк за Mall-ов... Само да пројдат најголемиве гужви... Башка ептен во комшии ми е. Mффф мераци Дислајк дава мојот џеб
Јас сум разочарана искрено. Се е тоа убаво,голем трговски,убави работи,ама со цените претерале малку. Не очекував дека до толку тапа ќе ми биде. Тоа треба да биде трговски за сечиј џеб,а не само да се шетам во него.