Убаво е ама цените се ептен високи кога видов една блуза 4000 ептен тенка никаква никаков материјал стварно незнам што да кажам и количка за бебиња 47.000
Бев , и онака се прошетав низ продавниците . Не бев во Карфур бидејќи немав време . Маици ,ланчиња , венчиња се е прескапо . Дури и прекривките и перниците се скапи. НАјмногу време поминав во книжарницата . Купив книга на сестра ми а за мене си купив пенкала и салотеј во најразлични бои. Имаше убави книги ама беа и скапи . Во кафичите и Бургер Кинг беше преполно .
Да ја има во Страдивариус Пред два дена бев и како што забележав имаше повеќе јакни од овој модел. Цената е 1 800
Да не знаете кога ке има попуст на облеката? Оној сезонски што е.. Знам во други земји во Зара има попуст еднаш месечно...
многу сум разочарана од сити молов, очекував многу повеке. Има добри продавници неколку ама се прееескапи, а и рекоа дека ке има h&m, старбакс и уште некои таму али ги нема... баш бев ексајтед за старбакс е сеа незнам ако го отворат допрва тоа е друга работа али не ми се верува дека ке отворат. А карфур е ептен тапа, нема ништо посебно, кам е 100 пати боље ако споредиш.
Цените се изгор Си мислев да купам некој накит, обетки, некоја белегзија. Ама една обична белегзија беше 700-800 денари Мислам дека вакви цени за наш стандард не се погодени. Во другите поразвиени земји каде има поголема плата, да купат белегзија од 800 денари или блузе од 3500 денари не е скапо, ама за наш стандард е изгор. А, гледав дека нема некоја голема раздвиженост по продавниците, освен во книжарниците и продавниците за спортска опрема. Прифатливи ми беа цените за патиките во продавници со спортска опрема. Патиките да, ама дуксерките по 4000-5000 беа...
Во продавниците раздвиженост ќе има за попустите - пред тоа не очекувам, ама тоа е ситуацијата насекаде, не само во Македонија. Минатата недела во Nine West купив два пара чевли на 60% попуст, и едино тогаш ми личеше цената нормална За жал, не се само во продавниците во City Mall, туку низ целиот град цените се тие што се, и City Mall ми се допаѓа од единствена причина што многу продавници се концентрирани на едно место, па и шопингот е полесен, барем за мене.
Здраво Девојки, Дали некоја знае дали е отворено Теранова и Калиопи таму?зашто само кај тие се цените малку по прифатливи? Поздрав
^ Денес бев но сеуште не се отворени, имаш calliope и trn во city gallery a ако ти е за по прифатливи цени оди во Pull & Bear's,cotton,Bershka,stradivarius,adL...
Бев вчера, преморена пак акање во проклетиот Карфур со моиве , исто бев завчера со друштво, за патиките во урбан џангл цените и не се толку дигнати , како ако купуваш адидас , ко да купуваш од адидас продавница. Али зависи за кои . Некои што имаат подлабок џеб можат да купуваат, а другите и не верувам баш дека би купиле патики над 6, 7 иљади . Во манго има интересни работи и во зара, ама нормално скапи се , и да има попуст не верувам дека ке биде ефтино. Можеби теранова,калиопе ке биде нешто по нормално со цениве
Секако дека има убави работи! Преубави... некои можат да си допуштат да си купат нешто поскапо.. ама да направиш добар шопинг е невозможно со оваа наша мала,македонска плата и со тие енормни цени во нашиот ни Mall Сепак мислам дека и понатаму е поисплатливо да отидеш во Грција на шопинг, за време на попустите.. Ем ќе се изнакупуваш, ем ќе се прошеташ и ќе подишиш морски воздух.
Во Pull & Bear има многу убави фармерки за 1190 денари, али бројчињата мали абе Па не сум толку слаба да му се невиди Хехе. Ама робата им е доста квалитетна, а што се однесува до матријалите од кои се изработени исто немам зборови. Според мене перфекција . Прошетајте девојки има и убави работи за поприфатливи цени
Абе едни квалитетни материјали и изработка во Пул ен бер, што да ти кажам... Квалитет = Теранова. И цените за тој (не)квалитет не вредат воопшто, може ќе вредат нешто кога ќе бидат на голем попуст, ако воопшто бидат
Имам фармерки од пул енд бир и можам да кажам дека за парите вредат и тоа како како ке ги облечеш така стојат и неколку блузи имам ич не ми се расипани а во машина го перам така да секој со своето искуство.
Маја за пул анд беар не си во право, далеку поквалитетни се до теранова. А и може да се најдат работи по луди цени. Барем за Солун зборам, си имам земано 3 дуксера, најмеки на свет сите по 5 евра. Маички исто има за смешни пари, од 3 до 7-8 евра на попуст. Има убави и квалитетни јакни за 15 евра. Ја носам веќе 3 години уште си е добра. Не можам да кажам дека се челик квалитет, ама со теранова не се ставаат во иста реченица. Прво стилот кој го има во пул анд беар е малку поспецифичен, не е како теранова ептен апла тинејџ стајл. Кај нас незнам како стојат цените, не влегов, ако е отворено баш ќе ѕирнам. П.с нешто што забележав во алдо во молов, ташнава е накај 4000,а тука е 2500, ама ја има веќе 5 месеци и сега ја симнаа, не баш малку. Многу ме интересира дали ќе дојде кај нас на попуст и ќе виде барем 2500, не мора помалку. Али каква ташна, уф http://www.asos.com/pgeproduct.aspx?iid=2342469
Знам Хипстер, со години купувам од Грчка, и од сите тие продавници - Бершка, Страдивариус, Зара и т.н. Пул ен Бер е најдолу по квалитет , барем според мене. Ме изненади девојката затоа што рече дела биле WOW а нема врска
Се согласувам и јас за Пул ен Бер ,имав фармерки од таму и ги носев многу кратко време.Им падна бојата,материјалот се излити.. станаа никакви. Сум имала 100 пати поквалитетни фармерки што сум ги купувала од некои мали продавнички, или пак од шутка! И сеуште ги носам... а овие од Пул ен Бер ми се само за успомен и дуго сечање.. зошто стварно беа преубави, ама квалитетот ...
Исто како Хипстер јас пак сум задоволна од Пул ен бер.Луничка не знам зошто фармерките толку брзо ти се излитиле.Јас имав тексас сукњичка купена од грција пред 2 години ама буквално ја дупнав носејќи,прво матрејалот сон ,мекичка а не се гужва,страшно пријатна на допир,до сега толку квалитетна сукња не сум носела,споредуваји со оние поскапи брендирани што сум ги купувала.И чевлите не им се лоши,во споредба со овие наши кинески,аванти исл.Иначе Маја Страдивариус се со далеку послаб квалитет од Пул ен бер,очигледно е,наменети се за помлада популација,слично на теранова,барем мое искуство.