Планирам викендов да одам до Сити мол треба некое капутче потопло да си купам, веќе не е за тенко мантилче времево, ладно е. Некоја препорака каде да барам убави топли штосни капутчиња до 6000? Некоја има негде гледано?
Да не те разочарам ама таму капутче до 6000 денари тешко да најдеш. Види во МАНА имаат убави а не се скапи
Јас од макпримат си купив многу убав капут кој ненормално ме ТОПЛИ зимно време за 6000. Убав квалитет има еве веке 4та год го носам и ни конец му нема испаднато.
Баш ќе ѕирнам..А вака општо во кои продавници има убави квалитетни капути? Еве ај ќе накачам цена, до 7000 нека биде ама не повеќе, не ми се дава.
^ Па јас само таа ја знам како продавница со квалитетни капути.Другиве ми се некако многу помодарски кои држат цена ,а не топлат и не се толку квалитетни.
Во Мана квалитетот на капутите е ужасен. Подобар избор и квалитет (како материјал така и во дебелина) во Елит/Еко има него во Мана. Бар зборам за последниве што ги објавија капути долги. Иначе за мене закон во однос на купити се Макпримат и Bella. Ем наши се, кашмир со волна, цена таа 5000-6000 илјадарки. На кој не му се брза, во фебруари во продванициве и за 2ипол илјадарки имаш предобар капут. Eве од интернет од Бела неколку капутчиња http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1600,1067 http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... ze=420,560 http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... permPage=1 http://sphotos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 9991_n.jpg
Нејм има убави капути, дебели и убави модели во Страдивариус и Зара мене ми фатија око. Во страдивариус се накај 3-4000, а во Зара нешто поскапи.
Во страдивариус има едни ептен убави, и дури помалку од 6000 беа. Ги има во различни бои, ама мене црниот ми фати око...
Изглеа помина фамата, сега нема баш некоја значителна раздвиженост (иако доаѓаат луѓе од други градови и од Србија и Косово не викам не, ама за разлика од порано веќе се намалува посетеноста полека полека) и конечно може да се влезе во Карфур и да се излезе скромно со леб и цигари што се вика без да ти се чудат.
Роси ми се допаѓа првото капутче, тиркизното, ама едно е како изгледа, сосема друго како стои, ама ќе си пробам, мислам нема да е лошо оти сум висока и барам подолги моделчиња. Ви благодарам за предлозите, планирам денес после ручек да шетнам, па се надевам ќе се подновам со нешто.
Мене се во Зара и Страдиваруис ми фати око Сега додека сум во Штип ќе проверам во Баргала дали има некоја чизмичка за мене, инаку правец Страдивариус. Барем таму обувките ептен ми се по ќеф. Со два пара обувки од Страдивариус сум ептен задоволна, прво од моделчето, а потоа и од квалитетот. Инаку, чајче со јаболко и цимет во Ало Ало ми станаа задолжителни по секоја тура. Келнерите се малку збрка, ама ќе поминат
Дечки не знам дали сте виделе но продавницата на Tally Weijl веќе е отворена ...Имаше убави работи по промотивни цени кои ќе им траат по недела дена па после на нови производи ќе стават пониски т.е. промотивни цени...Мене ми фати око еден преубав џемпер кој го имаше во четири бои а кошташе 699 ден. Исто имаше и таква понуда да земеш два џемпери за 1799 ден. Убави, меки, секојдневи и во различни бои и модели..Фармерки имаше со промотивни цени и така некои други интересни работи..Па идете и ѕирнете
Сум била,и атомосферата ми е многу негативна. Поубаво ми е да си се прошетам низ плоштад со убавата миризба на костени,отколку да ризикувам и да трчам по капут од 7 илјади денари,внимавајки да не ме отепа некоја бабичка со тоалетната
Бидна и тоа, влезе моја нога во Молот . И...не се разочарав. Тоа што очекував тоа и го најдов. Цени превисоки за наш стандард, особено во Алдо каде што ги пронајдов кондурите од моите соништа, кои чинат скромни 5500 денари. Е сега ако у брзо време правам веридба или свадба ќе бидат мои, ама и тоа тешко, сеуште не сум запросена, па така ќе си останат кондури од соништатата . Евентуално ако фатам на спортска . Бершка ме изненади, има фини работи кои радо би си ги купила ако имав време. Бев во брзање па така останав со празни раце. Тели ме разочара, ништо посебно. Бланко е ефтин, исто и Пол енд Бер. Машки фармерки за 1490 денари, ефтини се. И така, во Карфур не влегов, а и ветив на мајка ми тоалет папир, срам да ми е, ама пиев кафе у Тренд . Мора да се биде во чекор со модата . Се зезам, во Тренд кафето ми е најубаво. Друго... ? А да, wc-ињата се чисти, одлични, ама сушалната за раце комплицирана . И така, Алдо, кондурите и то е то. Се молам дечко ми да го прочита постот .