Не, озбилно кога по ѓаволите ке ја отворат теранова? Месец дена помина они уште ја немаат отворено, по-ексклузивниве ги отворија една теранова со месеци ја отвараат.Да му се смачи на човек да чека.Досадна работа, на крај ке испадне дека нема ни да ја отворат...
Сум била,не е лош аа теранова ја отвараат еве веќе месец дена,а и цените се превисоки,мали плати а големи цени
А што па толку се запнавте за теранова истите работи што ги има во City Galery ке ги има и таму по исти цени.Нормално е дека првин ке ги отворат Бершка,Зара и таквите продавници пошо тие кај нас ги нема а и сите збореа дека едвај чекаат да се донесат тие брендови кај нас.
^Да, да, попусти се чекаат И може да побрзаат малку Инаку јас сум заљубена во Бланко и целата колекција што ја имаат. Имаат прекрасни парчиња и тоа по прифатливи цени за разлика од другите продавници како Зара, Бершка и компанија. Единствено Страдивариус од „компанијава“ е нешто поевтин, ама Бланко ми прирасна за срце. Сигурно добар дел од следната плата ќе ми оди таму
Не знам дали пред Нова година има шанси да стават некој попуст од 10-20 % (лани мислам имаше сегде низ градов), ама во секој случај од 15 ти јануари ќе бидат големите попусти од 50 до 70%, па ќе си причекаме до тогаш.. Еее ене го кај е, помалце од 2 месеци се во прашање . Или ќе издржиме, или ќе фаќаме Солун Инаку јас во Бершка и Страдивариус меркам неколку парчиња, а Зара во Ск ми е луксуз така да, таму не планирам шопинг
^ Се согласувам, Зара е прескапа за наш стандард, а дека има и таму феноменални парчиња, има, и тоа какви Јас видов неколку и си пекам по нив, си ги гледам на нивната страна секој ден и си мечтаам Ама во Зара купување строго кога ќе бидат попусти, инаку вака нема шанси Едвај чекам да видам дали ќе бидат толкави попустите тука како што се во Солун
Тешко, дека би биле исти попусти... сепак ова е Македонија Ете и Манго немаат врска цените овде со цените од Солун (таму се каде, каде поефтини).. ама ајде да почекаме и да видиме.. Иначе се сложувам за Бланко има многу убави ставрчиња со ок цени.. а останативе се изгор.. мислам џемпери од 3000-4000 ден. во Зара тешко дека може секој да си приушти (нели секако чест на исклучоците кои сигурно ги има), а што се убави брееее
го отворија ли alcott? кога бев во Италија видов една убава блуза, не знам зошто не ја купив...па можеби сега ќе ја има кај нас
Не. Слушнав дека во некои рандом продавници си мењавале пари Али во Бершка, Зара и таквите неможе со евра. Моја препорака ти е да си ги смениш во менувачница. Стварно незнам зашто не отвориа една менувачница, најмногу промет ќе имаше и онака е преполно со косовари.
Претпоставувам ја немате видено, не е возможно толкав центар да нема менувачница. Има значи. Последниот пат кога бевме со татко ми сменивме пари.