Каква поскапа роба ради патни трошкови, што зборите? Мкд не е дел од ЕУ и подложиме на повисоки увозни такси.
Кој град е тој Феризај, прв пат слушам? Многу пати на времето сум патувала преку Косово, ама ова прв пат слушам, зарем преименувале град? Он топик, јас му се радувам на молов само затоа што ми е блиску и пешки да отидам и купам од одредени дуќани, пошто Сити мол ми е "богу иза леџа".
И Турција не е дел од ЕУ па иди види им ги цените, што толку љубите да ги правдате газдите-профитери што набиваат цени кај нас? Или сте дел од нив или им робувате како работници па ви мачкаат очи ако ви понудат роба со поголем попуст од на работа. Небитно што е работата што ги правдате, некој сака да биде шурен некој не. Спомнаа и претходно кај нас скоро и да нема реални цени и ветени попусти до 70%, на едно-две парталчиња тоа, се друго е мачкање очи.
Стигнав пред молот и почнав да плачам. Има толку весели луѓе што сакам сите да ги прегрнам, а другарка ми упорно ме трга бидејќи не било нормално и ќе сум се реинфицирала. Толку ми е убаво да сум меѓу сите вас, ми недостасуваше овој прекрасен метеж! Сакам да умрам баш вака. Не сакам да умрам во светот на Клаус Шваб.
Ние сме едно мало предградие на Истанбул. Цела држава сме толку. Различно е кога треба да извадиш профит од 100 парчиња и од 100000 парчиња. Мали сме премногу. Не се ни исплати да влезат брендови. Тоа е.
Го посетив денеска. Генерален впечаток - премногу избрзано. Среќа во несреќа индустриал стил е во тренд па некои од продавниците не уредиле таван, ниту под ( Каре - благо кажано ужас, можеа да заметат под тоа украсите од илијадници евра ). Зара Хоме, Тинекс продуктите сеуште со прашина на нив. Дел од ескалаторите не беа во функција, ги поправаа. За околината гледам веќе се пишувало, недовршени работи, градежни материјали и отпад. Многу подобро ќе беше да се отвори кога се ќе беше спремно. Влез - со сертификат, без скенирање, не дочека ниту да му го покажеме ( не им е битен ). И затоа ќе се изнагледате препичени тинејџерки кои не носат маски бидејќи ќе им се расипе шминката и се сликаат на секој ќпш, а никој не ги опоменува.
Го избрзаа да го отворат бидејќи газдата плаќаше пенали. Има потпишано договор дека до таа и таа дата треба да е готов трговскиот во спротивно ќе плаќа пенали на продавнициве и ете... самите се свесни дека не е готов...
Мене ме интересира дали има повеќе избор/ различна гардероба со продавниците што ги има и во Сити мол?
Мене искрено ми се допадна стилот на самата градба, исто ми се допадна шо е доста отворено помеѓу катови и пространо. На места е празно, но ТЦ е се уште во фаза на отворање па претпоставувам дека ќе се исполни со штандови и сл. Забелешка би дал во однос на местата за седење по ходниците, за ТЦ од оваа големина дефинитвно треба да има повеќе клупи. Друга работа, не знам дали само јас добив таква импресија, но делот за храна(food court) е со мал капацитет па сега кога бев не можеше игла да се фрли, искрено очекував нешто поголемо. Најгорниот кат некако ми е чуден, тука се кино салите(не се отворени), играчница и фитнес центар. Јас лично не го очекував отворањето на некоја продавница. Речиси сите брендови веќе се присутни во државава, така да чисто бев денес да видам како изгледа.
Ништо посебно. Не знам што толку фама се крена. City mall во поголемо пакување. Ај, работни места се отвориле бар.
Цената зависи од побарувачката. Ние сме многу мал пазар и реално не и исплатливо да ни се достави робата по пониска цена. За разлика од Турција која има околу 80 милиона жители. Поради тоа повеќето од набавките ние ги правиме преку Србија, па затоа цената кај нас е за нешто повисока од Косово и од Србија.
Ама мене ова ми е јасно, затоа и јас таму шопингувам, реков 2 пати годишно идам буквално секоја година, ако не еднаш барем на летен одмор ми е фиксно таму и уз пат ќе купам што ми треба. Мубетот ми беше цените се многу повисоки, огин и пламен и еве ако споредуваме да ја земеме Софија на пример, не мора фамозната Турција и Истанбул некако многу очи ви бодат Еве за Софија само да споредиме во однос на Скопје има половина милион повеќе жители а цените и кај нив се прилично пониски, скоро ко во Солун ми се. А Софија ми е како до Гевгелија да идам и ми се исплати пре кај нив него кај нас да пазарам. Плус па Софија не е толку туристичко посетена како Истанбул и нема толку жители ама пак е малку поскапа од Истанбул а поевтина од кај нас. А кај нас и од Косово идат, така да ми нема логика да не е како во Софија по цени и застапеност на брендови што вика @JoyJoy не заслужуваме да ги имаме како во Софија пример, зошто еве тука дали гледаш логика да ги има во Софија, а не и во Скопје истите да ми ја кажеш еве пресметката како иде со профитот? Ама па ти си против тц за саем само да имаме па така сега разбирам кога велиш не заслужуваме ни бредови ни нови тц, што донекаде за второво сосем си во право