Squid Game

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од staycalm, 26 септември 2021.

  1. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    3.403
    Пол:
    Женски
    Зошто јас не можам да ја најдам? Само првите две ми излегуваат
     
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.206
    Допаѓања:
    5.051
    Пол:
    Машки
    Пред малку ја завршив... ај ќе продолжам во спојлер
    Леле каква сезона страшноо. Да не се разбереме погрешно, супер сезона, ама крајот, па и некои делчиња и мене успеаа да ме направат емотивен. Смртта на 120 многу ме погоди, како ги штитеше старката и 222, па и бебето, за на крај таткото на бебето да ја/го убие. Старката ме разочара, си го закла синот за да заштити сосема странка која прв пат ја виде пред 5 дена. Кога гласаа после четвртата игра, повеќе плачеше за 222 отколку за родениот син. После ми падна жал што се обеси ама јебига, то е. Петтата игра ми беше многу јака, Ги Хун каков фраер испадна со се бебето помина. После сакаше да се врати по 222 ана среќа не се врати, може ќе погинеше. 333 сакаше да ја земе да и помогне ама оваа му беше лута поради 120. Нешто што не ми се свиде е колку продукцијава го направи Ги Хун прост, имаше едно 5 начини да се спаси, тој не сакаше епа сега еби си мајката. Му дава фронтмен нож да ги заколи сите, му се привидува 67 од прва сезона, никого не закла, да ги заколеше ќе си заминеше со бебето ќе победеа, ама то е то..
     
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Вчера излегоа епизодите, вчера ги изгледав сите. :D

    Мааалку послаба сезона од претходните ми е. 8/10

    Не знам дали сум среќен со крајот, но не сум изреволтиран како со некои други серии.
    Ова е корејска драма и заврши како што типична корејска драма завршува, со „тажен“ крај.

    Сепак, целата поента на серијата беше да се критикува капитализмот и да се покаже дека се додека има учесници кои доброволно убиваат други за да заработат многу пари, игрите ќе постојат, независно од тоа дали некој поединец ќе се обиде да ги запре.

    Искрено најтажен момент сезонава ми беше кога умре 120, и покрај тоа што несебично цело време сама се обидуваше да ги заштити бабата, 222 и бебето, доби нож во грб од таткото на бебето, фигуративно и буквално. Таткото на бебето ужасно ме иритираше низ цела сезона.

    Крајот не сфатив баш дали беше најава за американски squid games или показател дека игрите постоеле и во други држави - Америка, не само во Кореја.

    Се на се, и покрај очигледните недостатоци, ми се допадна сезоната.
     
    Последна измена: 28 јуни 2025
    На bookslover, f.girl, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    25.837
    Пол:
    Женски
    Од сите 3 сезони оваа им е нај слаба, епизодите развлечени и по малце досадни. Тие што се во VIP глумците каде ги изнајдоа бе? На толку пари што направија со серијата можеа да најдат некои по добри глумци а не овие што ги одбрале, кога ги гледав тие делови се осеќав како да гледам некоја аматерска лоубуџетна серија.
    Велат дека е ова последна сезона но со тоа како заврши ми изгледа дека има место и за нови сезони.
    3 секунди со Кејт Бланшет, why?! :^)
     
    На Angie1432, Pixi5 и Cutiepie123 им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.246
    Допаѓања:
    81.808
    Пол:
    Женски
    Само првата епизода од најновата сезона ја изгледав и ја ставам на пауза серијава. Ич не ме влече почетоков, премногу сувопарна стана серијава некако.
     
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    25.837
    Пол:
    Женски
    Со таков крај ептен очигледно е дека ќе се снима нова американска сезона. Screenshot_20250629_233838_Facebook.jpg
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.956
    Пол:
    Женски
    Мене сезонава ми беше доста слаба. Ќе стаам у спојлер све што мислам.

    Прво и основно, освен трансродовиот лик, другиве сите ми беа многу млаки карактери, кои воопшто ми немаа смисла. Буквално со никој не можев да се поврзам како со Али и девојката од првата сезона, кои и те како беа добро осмислени, уште подобро од главните ликови.

    Во сезонава ми имаше многу make it make sense моменти.

    Прво, жена се породи во 5 минути и стана на нозе. Знам дека е серија, ама побогу малце реализам не е на одмет. Буквално немаше смисла во тек на играта за толку кратко време да се породи, да не ги чуе никој и да поминат во наредната.

    Второ, детективот што напраи сезонава? 6 епизоди го бараше островот, коа го најде влезе и се врати за 5 минути. Мислам целиот негов лик апсолутно немаше поента цела сезона, освен што е презгоден дечкото, па ај да исплакнеме очи го стаиле. Буквално промашен целосно, цела сезона.

    Мајката што си го утепа синот. Буквално никако не праи смисла тоа, колку сака нека требаше да биде шок фактор, не беше, само немаше смисла.

    Намерно го напраиле тоа со випс. Режисерот осеќал дека така е поавтентично на првата сезона, да бидат ѓубре актери со лош дијалог, намерно се правени ко да се полуретардирани. Можеле да најмат подобри актери, ама сите се согласиле дека тоа не оди со естетиката на серијата. Едниот е адвокат на режисерот, не е ни глумец :D

    Крајот со Кејт Бланшет... Ај ја стаиле неа у костум да се попали све живо на неа. Ми немаше поента искрено со таа сцена, ама ај, сфаќам зошто го напраиле тоа :D

    Фронтменот ми остана до крај најдобро скоцкан лик, жими за него вреди да се изгледа сезонава.

    Све друго, мех.
     
    На Angie1432, ane.bella, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    11.679
    Пол:
    Женски
    Јас толку кринџав од лоша аматерска глума кога говореа англиски, ко друга серија да гледам е осеќајот.
    После цела една епизода
    за да се договорат кого да џитнат?
    Тоа ми немаше ич смисла и се сморив од досада.
    Крајот
    Во Лос Анџелес играат корејска игра со гаѓање плочки. :D
    Мислам дека америчката сезона ќе биде фејл, се надевам дека грешам.
    Ама мислам дека ќе го нема крипи корејскиот вајб од игри со кукли и ринге ринге. :D

    Прва сезона досега најдобра.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.372
    Ко и прошла сезона и оваа ми беше океј. Имаше некои интересни моменти, два пати си поплачив, дел од тоа ќе препишеме на пмс.

    Не знам дали би гледала уса верзија, ваљда не, освен ако нема што да се гледа друго поасално тогаш.
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.126
    Пол:
    Женски
    БУКВАЛНО :D
    Јас морав да премотам да видам што стварно се деси...типов отиде, братов го изигнорира...и само се врати? TF? Цел тој subplot пропадна. Ниту некој одговор добивме ни ништо.

    Мене не ми беше разочарувачки крајот дека е тажен, не сум човек што очекува бајковити краеви на серии и филмови кои очигледно не се наменети да бидат среќни, ама очекував нешто повеќе да се открие, да има некој твист, нешто било што...толку многу елаборирана приказна можеше да искочи од серијава.
    456 беше кататоничен сезонава, дали три зборови кажа.
    Слабо, очекував многу повеќе.
    И зошто спремаат Американска верзија? Може ли нешто да остане не-американизирано аман. :D
     
    На KateKane и Glowy им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.956
    Пол:
    Женски
    Убав е, убав, ама сепак Фронтменот ми е најубав мене, таков ми е пресекси :D Не ме хејтајте, следна сеанса тоа ни е со психологот, зашо сум attracted кон токсик луѓе :D

    Иначе за крајот.

    Мене ми беше сосема очекуван, нормално дека нема луѓе што се билионери да го јадат стапот, није се десило во вистински живот. За 456 крајот ми имаше тотална смисла, човекот изгуби секаква волја за живот, е сеа дека можеше да и го остави наследството на ќерката пред да отиде знаејќи дека може да умре можеше, али ајде. Таа и верзијата тој да стане новиот фронтмен ми беа најлогични, многу понелогично ќе ми беше да поапсеа све и да се дознаеше, сигурно самата таа мрежа на билионери има луѓе во секоја сфера кои нема да дозволат тоа туку така да се дознае.

    Само бебето што беше победник ми немаше никаква смисла, тоа дете немаше смисла ни живо како остана, туку ајде. Многу погорчлив вкус ќе ми оставеше ако победеше некој трупец ко тој таткото на бебето, или тоа старото дртало, баш онака ќе бев као е да ти ебам и живот и све.

    Иначе се согласувам дека фалеше некој твист како во прва сезона коа разбравме дека газда е тоа старото пувало, немаше ништо такво сезонава. Прво помислив дека бабата е некоја негова роднина затоа што го носеше тоа во косата, ама не погодив.

    Онака сезона, убава за гледање, ама ни блиску до прва сезона што беше TV магија буквално.
     
    На Pixi5, f.girl, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Vesper

    Vesper Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    201
    втора и оваа сезона се многу поинтересни игрите, иако споредните ликови беа многу подосадни. Предвидлив крај, но не беше лошо.
     
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.807
    Пол:
    Женски
    Краен впечаток за серијава ми е дека требаше да остане на една сезона, така повеќе ќе си задржеше драж.
    Прво за втората сезона, првите епизоди ги влечкаа, без конкретни дејствија. Па се вративме назад во игрите, како што се пиша погоре со поповршни ликови, се' веќе видено, бледа копија на првата сезона, се' до крајот кога ја почнаја борбата, некој расплет што се очекуваше да се случи.

    Дојде трета сезона, се случи тоа што се случи, игрите продолжија. Ја добивме криенката како бледа копија на џамлиите. Го добивме и најсвирепото убиство на трансродовото лице, која направи се за да ги заштити бабата и девојката, го најде излезот, не беше себична и се врати по нив, за „таткото“ да ја убие. Понатака веќе кога се роди бебето и кога небитни ликови од споредните останаа живи стана предвидлива сезоната, јасно беше или ќе биде само бебето или бебебто со главниот лик.

    Детективот ниту сакам да го коментирам, буквално цела таа потрага најнебитна испадна, колку да се добие на минутажа. Единствено што му се даде да биде татко на бебето.

    Единствено од тие надворешни сцени само девојката што му го спаси животот на таткото на девеојчето со рак вредеше.

    За крај, воопшто не ми сметаше крајот, како што кажав очекуван беше. Само очекував дека би можеле да добиеме некоја подобро смислена и разработена приказна, имаше простор за тоа.
     
    На f.girl и KateKane им се допаѓа ова.
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.224
    Допаѓања:
    32.927
    Пол:
    Женски
    Се изненадив што на темава повеќето сме истомисленици за крајот. Со кого и да разговарав за финалнава сезона сите беа благо разочарани и потресени :D Па очекував и тука да имам непопуларно мислење дека крајот ја отслика целата поента на серијата. Иако и јас не очекував епилогот да биде едно големо ништо, сепак и тоа ништо пренесе порака.

    Немаме никакво влијание врз системот, премногу сме "мали" во очите на оние на врвот кои се оперирани од емпатија. Игрите, односно, капитализмот постојат сѐ уште и мислам дека последната сцена со Кејт е приказ на тоа дека тие се глобален проблем. Поединци како 456, полицаецот и останатите слични на нив се немоќни и затоа крајот ми има логика.

    Најапсурдно ќе биде ако има spin-off, capitalism at its finest :D

    За крај, серијата дефинитивно требаше да остане на една сезона.
     
  15. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Машки
    Втората и третата сезона беа сиромашна копија на првата со тоа што: доминираа досадни ликови кои преживуваа само поради плот армор, приказни кои не водат никаде и кои беа многу очигледни, максимално развлекување со цел да се пополнат минути и зошто ли мислеа дека е добра идеја пак да ги викнат ВИП актерите по нивниот очаен перформанс во првата сезона. Очекував доста од детективот, неговата приказна (или стори арк како што викаат Јенките) беше бедна.

    Се на се мех, Гуи или како и да се вика главниот актер требаше да се качи во авионот а не да се врати во игрите. Уште па спин оф во ЛА...
     
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Колку болесничка серија е ова, како им текнуваат игрите :^) ама морам да ја догледам сезоната вчера ја почнав. Сепак уникатна е.
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам да ја гледам 3та сезона читав рецензии и коментари дека е слаба и дури бев во мисла дали воопшто да ја изгледам или не.
    Мене оваа сезона најмногу ми се допадна, емотивна, опишана реалноста до каде може да оди човечката глупост и суровост кај богаташите и кај сиромашните. Алчност, себичност, емпатија нула наспроти оние од другата страна на стаклата кои со уживање го гледаат иживувањето врз луѓето.
    Можно е да се префрли сега играта во Америка, ќе биде интересно.
     
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.453
    Допаѓања:
    12.147
    Пол:
    Женски
    10/10 за сите три сезони од мене. Пак си ја пуштив. Предобра серија, се ми е супер скоцкано. @KateKane те подржувам за Front man, пресекси ми е.:f:
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Ух, не сум била само јас. Гледам нѐ има неколку:whew::D
    Ја избинџав во неколку дена серијава. Требаше да си остане на првата сезона, понатаму ништо веќе немаше смисла, истото се повторуваше, ликовите скоро па пресликани.
    За детективот све сте кажале, не знам дали сум гледала некоја друга приказна во серија која до толку немала смисла. :D
    Претрагично беше колку слепо му веруваше на капетанот на бродот, две години го „вози“ натаму наваму, се нашол баш во моментот да му го спаси животот негде кај што е у пм.:smirk: Врската помеѓу 456 и фронт менот беше далеку пообработена отколку врскава помеѓу браќава.
    И колку само бесмислено отиде 456 да ги сопре игриве, врв на глупоќата. Да, да, такви сме ние луѓето, мали и глупи и мислиме дека нешто може да смениме. Ама, пак... Имаше поприлично глупости, сепак, беше едно забавно огледало.
    Alice in Borderland ми останува фаворит.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.416
    Допаѓања:
    22.019
    Пол:
    Машки
    Слаба трета сезона со имање смисла за продолжеток во америчка верзија. :D

    Игриве многу нелогични и глупи заплети и расплети искрено, посебно финалето мизерија..


    Првата сезона беше топ, останатово под просек.