Па не е лоша де. Ако ти одговара и ако парите ти се убави оди. Нит си праам да ја мразам, откажав јас одамна. Рековме менаџментот е виновен. И никако не попушташ дека не е лесно. Јас ти кажав, јас мислам твојата е лесна, ти мислиш мојата е лесна. Никој работа не е лесна брат.
@GirlLove Customer service е мачно без сомнеж, и не само во Таскфорс, затоа и платата за нив е највисока. Ама другите позиции мачни? Ти се молам. Некои што читаат и не знаат ќе си речат којзнае каков пекол е. Работат и деца до вчера што оделе на училиште, и не ти бараат ништо освен да знаеш англиски и да имаш барем една мозочна клетка. Ако на некој му е мачна оваа работа, тој стварно не видел мака во животот од работа. Мачно им е на оние по фабрикине што работат во 3 смени и се цел ден на нозе, на пример. А ова е да работиш за да не бидиш џаболебар дома.
Ќе се надоврзам на коментаров. Во голема фабрика, мислите на линија или на машина е дозволено јадење кој кога сака, муабети по телефон кога сака. Мене работата ми дозволува телефонот да е до мене и да можам за итно што се вика да се јавам. Дали од градинка ѕвонеле или не знам од каде. И не го злоупотребувам тоа, да си се јавам кај другарки или со мајка/татко да си направам муабет. Ама сигурно и "Петранка" што е на линија во производствена фирма има фамилија или дете оставено и во тие 8 часа сака да прави муабет ама нема можност. Или јас си седам во канцеларија, и си јадам сладоледи, сокче пијам пола ден оти е жешко, а некој на машина спроти мене ме гледа и освен вода не смее да пие нешто друго. Правилата се едни за сите исти. Поентата ми е, не знам за Таскфорс ама преку леб, погача не барајте. На било која позиција, фирма, продавница што сака нека е работните обврски се едно и треба да се завршат. Како некој со 10+ години искуство (не во Таскфорс) , каде каде сега се општо земено условите за работа подобрени во речиси сите фирми.
За таа позиција бараат медицинско средно/факултет, обично се кодираат препишани рецепти за лекови за пациентите, осигурување и слично. Прва смена се работи, смените 6:30-14:30 обично.
Ете ви ново правило во една др канцеларија од др град. Да не се оставаат лични предмети (фотографии, украси и сл.) како и останати предмети на работните бироа - БИРОАТА НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ. По завршување на работната смена, шишињата, термосите и потребните материјали за работа да бидат вратени во шкафчињата. Во Скопјенце златно, ова го нема.
Како да бидат персонализирани бироата кога луѓе се менуваат во текот на денот во смени, и постојано се разместуваат? Нема никој свое биро каде што ќе седи постојано само тој и никој друг. И да, сите предмети треба да си ги однесиш в шкафче, нема на пример зошто тој што иди втора смена да работи да ги гледа чашите, термосите од кои пиел тој во прва смена пред него. Не го велам ова да ги бранам воопшто, ама било каде да е ова ми е логично. На што ќе личеше сите што седат по бироата да си оставаат свои работи на нив како ќе им текне, хаос.
И мене ми е логично ова. Да си имаш твоја лична канцеларија па да ти бранат, да чудно ќе е. А чаши, термоси нормално дека на крај на смена ќе прибереш. Дали е пекара, сендвичара, сите треба да си соберат хаосот по себе и да фрлат/однесат кај треба, а не па на работно место. А и мене лично украси, слики не ми ни паднало на памет на работа да носам. Одам да сработам што треба и си одам, нема да живеам таму.
Боже мој. Како прво, има баш офиси каде што секој си има СВОЕ биро и читај МНОГУ РЕТКО некој седи на нечие биро. Јас зборам баш за ваков случај. . И не зборам за да си ставаат сс што сакаат на биро. Фала Богу, ако едно биро се користи од повеќе вработени, нормално да важи правилото. Ако се америчка компанија, нека даваат америчка плата, нека има амерички стил на работа ( нели некој спомна што праат американците в офис). Се нека е американско. Сепак, тука секој како сака си сфаќа тука на форумот. Само провоцирајте, ботчиња убаи тие.
Озбилно, еднаш дури и викав и на колешката, ама беше муабетот за пред нова година...за околу креветот.
Аман бе чоек па ова е сосема нормално и разумно барање. Кај мене на работа јас имам мое биро и мој компјутер не работам на смени, и пак пред да одам на биро останува само Компјутер и телефон. Се останато во фиока и во плакар.. Малку помалку Тикток гледање со оние налицкани бироа и малку повеќе реалност и учење на основна деловна култура им фали на младинава.
Ако имаш работна маса, зошто да не си го украсиш. Можеш да си ставиш некои украси за да не ти биде монотоно. Стави си кугла со рипче, цвеќенце, слонче, свеќа.
А што си ти толку испровоцирана? Ако не ти одговара дај си отказ. Ако не работиш таму не знам зашто уопште се дразниш по форуми.
@GirlLove По ова што читам или ти немаш никакво работно искуство подолго од 2 месеци на едно работно место. Нормално е да не бидат бироата персонализирани. Во ‘86 било така со рамки слики од деца внуци, свадби, Сосема разумно е дека термоси,шишиња треба да се средат на свое место при завршување работно време. Стварно не знам каде работиш ама чудни забелешки имаш. Да правиш што сакаш можеш само у свое.